На градскиот базен во Куманово се одржа државно првенство во пливање за ученици од основните и средните училишта
1На градскиот базен во Куманово се одржа државно првенство во пливање за ученици од основните и средните училишта
ФудбалФИФА потврди дека била цел на хакери: Украдени се 12 GB податоциСветската фудбалска федерација потврдува дека хакери успеале да украдат приватни и деловни податоци. ФИФА потврди дека била жртва на сајбер напад и дека хакери наводно добиле ограничен пристап до лични и деловни податоци. „ФИФА тесно соработува со надлежните органи, вклучително и полицијата“, се вели во соопштението на здружението, според АП. Во соопштението не се наведува кога се случил нападот или кои информации биле хакирани. Минатата недела, група која се нарекува себеси „Клуб на хакери за згодни момчиња“ објави на Твитер фотографија од документи за кои вели дека ѝ припаѓаат на ФИФА. Три дена подоцна, групата се чини дека ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека се преземени повеќе од 12 гигабајти интерни документи.Тагови: ФИФА хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаНа градскиот базен во Куманово се одржа државно првенство во пливање за ученици од основните и средните училиштаНа градскиот базен во Куманово се одржа државно првенство во пливање за ученици од основните и средните училишта, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, во соработка со Општински сојуз на училишен спорт.На првенството учествуваат над 270 ученици од државава, во три возрасни категории: ученици до петто одделение, од шесто до деветто одделение и ученици од средните училишта. Натпреварувачите ќе ги покажат своите пливачки вештини во четири дисциплини: краул, грбно, прсно и делфин, во машка и женска конкуренција. Најуспешните учесници за освоено прво, второ и трето место, ќе бидат наградени со медали и дипломи од страна на организаторите. На отворањето на првенството се обратија градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска. Ваквите спортски настани придонесуваат за поттикнување на спортскиот дух, развивање на пливачките вештини и промовирање на здрави животни навики кај младите, како и афирмација на училишниот спорт и создавање можности за размена на спортски искуства меѓу учениците од целата држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“Двајца Ирачани се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, вклучувајќи синагоги, соопшти Јавното обвинителство на Карлсруе. „Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени дека се членови на терористичка организација и подготвуваат напади врз цели во Европа“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Карлсруе. Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран. „Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале огранок на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се вели во соопштението. Понатаму се наведува дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад. Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија. Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter