Утрово уапсени членови на ДУИ, инспектори на УЈП и бизнисмени,поради сомневање за перење пари - Канал 5

Утрово уапсени членови на ДУИ, инспектори на УЈП и бизнисмени,поради сомневање за перење пари

Утринава полицијата врши претреси на повеќе локации во Скопје, при што веќе има приведени повеќе лица - бизнисмени, инспектори, меѓу кои и функционери на ДУИ.

Утрово уапсени членови на ДУИ, инспектори на УЈП и бизнисмени,поради сомневање за перење пари

Утрово се уапсени неколку лица членови на ДУИ,инспектори на УЈП и бизнисмени дознава Канал 5 . Меѓу упасените е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности во предметот на специјалното јавно обвинителство Титаник 3 . Тој заедно со уште неколку лица утрово е уапсен поради сомневање за сторено кривично дело перење пари.

Од МВР потврдуваат дека во тек се претреси во координација со основно јавно обвинитество за огранизиран криминал, а за детали околу кривичните дела и приведените лица ќе информираат во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арина Сабаленка прв пат покажа како изгледа нејзината сестра- сличноста е голема (ФОТО)

Белоруската тенисерка и моментален светски број еден, Арина Сабаленка, како и повеќето нејзини колешки, ужива во летниот одмор по Вимблдон. 

Арина Сабаленка прв пат покажа како изгледа нејзината сестра- сличноста е голема (ФОТО)

Во Лондон, таа повторно не успеа да стигне до финалето на турнирот, откако беше елиминирана во осминафиналето од Наоми Осака.

Ова не е баш сезона од соништата за Сабаленка, која не успеа да освои ниту еден трофеј од Гренд слем, што предизвика критики од навивачите, но очигледно не ја засега тоа, бидејќи се обидува да го живее животот до максимум, како што покажуваат нејзините чести видеа на социјалната мрежа TikTok.

Речиси ништо не се знае за приватниот живот на Арина Сабаленка, а камоли за членовите на нејзиното семејство, кои речиси никогаш не сме ги виделе јавно. Сепак, овој пат, Белорусинката одлучи да сними вирален клип на гореспоменатата социјална мрежа заедно со нејзината сестра Тонечка.

Тонечка има само 17 години, а заедно со Арина го заигра познатиот танц на TikTok, покажувајќи со тоа дека знае како да се забавува со најдобрата тенисерка на светот и најстарата во семејството.

Сабаленка моментално ужива со своето семејство, пред три дена, кога Арина објави заедничка фотографија со најблиските луѓе на Инстаграм, каде што многу луѓе беа воодушевени од тоа колку всушност личи нејзината мајка.

Патем, Арина Сабаленка го загуби својот татко Сергеј во 2019 година, кој почина во тоа време, и можеби беше една од клучните личности што ја насочија кон тенисот и успесите што ги постигнува денес на големите терени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е маж, кој со смрт му се заканувал на Александар Вучиќ

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац .

Уапсен е маж, кој со смрт му се заканувал на Александар Вучиќ

По наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац поради постоење основи на сомнение дека објавил објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ во која упатил смртни закани до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, објави Телеграф.

Осомничениот се товари за кривично дело Загрозување на безбедноста.

Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, во кој рок ќе биде приведен на сослушување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва две мултимедијални изложби во Музејот на Град Скопје

Вечерва во рамки на одбележувањето на 63 годишнината од земјотресот во Музејот на Град Скопје беа отворени две мултимедијални изложби ...

Вечерва две мултимедијални изложби во Музејот на Град Скопје

Во Градскиот парк кај фонтаната Лотус, вечерва со почеток во 21 часот ќе се одржи концерт „Скопје радост моја“, со легендарните шлагери на Драган Мијалковски.

Во Музејот на Град Скопје градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја отвори изложбата „63 години -скопје -63-та“, а по неа вечерва беше отворена и изложбата „Архив на тага Скопје 1963“, со фотографии на Васил Хаџиманов од тажаччките обреди по земјотресот како и на промоција на дополнетото и двојазично издание на книгата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер