Американско- рускиот екипаж се врати на Земјата по поминати 8 месеци во вселената (ВИДЕО) - Канал 5

Американско- рускиот екипаж се врати на Земјата по поминати 8 месеци во вселената (ВИДЕО)

По осум месеци на Меѓународната вселенска станица (МВС), американско-рускиот екипаж деенска се врати на Земјата.

Американско- рускиот екипаж се врати на Земјата по поминати 8 месеци во вселената (ВИДЕО)

Астронаутот на НАСА, Крис Вилијамс, и руските космонаути Сергеј Куд-Сверчков и Сергеј Микаев, безбедно ја слетаа капсулата „Сојуз МС-28“ во Казахстан, југоисточно од градот Џезказган, околу 15:27 часот по локално време, пишува „Евроњуз“.

Задачи и достигнувања на мисијата

Според податоците на НАСА, екипажот поминал 241 ден во вселената, ја обиколил Земјата 3.856 пати и патувал повеќе од 164 милиони километри. За време на престојот на станицата, тие спровеле научни истражувања со цел подобрување на животот на Земјата и подготовка за идните мисии на Месечината и Марс.

YouTube video

НАСА во соопштението наведува дека работата на Вилијамс вклучува придонеси „за напредокот во истражувањето на нови методи за лекување на ракот и за подобрување на вселенското производство на материјали што се користат во високо-перформансни компјутери и електроника“.

Вилијамс, исто така, извршил две вселенски прошетки за да подготви надградба на енергетскиот систем на станицата и да замени неисправен зглоб на роботската рака на „Канадарм2“.

Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека мисијата вклучувала руска вселенска прошетка. За време на неа, била инсталирана опремата за научниот експеримент „Сонце-Терахерц“, кој ќе го проучува терахерцовото зрачење на Сонцето. Роскосмос додава дека екипажот примил и два руски товарни авиони „Прогрес МС“, кои до станицата доставиле клучни залихи како вода, гориво и атмосферски гасови.

YouTube video

Враќање дома и започнување нова експедиција

По слетувањето, членовите на тимот ќе бидат подложени на медицински прегледи, а потоа ќе бидат префрлени во Караганда, каде што ќе ги пречекаат приемни тимови. Според планот, авионите на НАСА ќе го транспортираат Вилијамс до вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, додека Куд-Сверчков и Микаев се очекува да патуваат до тренинг центарот „Ѕвезден град“ во близина на Москва.

Нивното враќање на станицата започнува со Експедицијата 75, која е закажана да заврши напролет 2027 година. Новиот екипаж, кој пристигна на МВС претходно овој месец со вселенскиот брод „Сојуз МС-29“, ги вклучува астронаутот на НАСА Анил Менон и космонаутите на Роскосмос, Пјотр Дубров и Ана Кикина.

Тие им се придружуваат на постојните членови: астронаутите на НАСА, Џесика Меир и Џек Хатавеј, астронаутката на Европската вселенска агенција, Софи Аденот, и космонаутот Андреј Федјаев.

Истражување на Експедиција 75

НАСА објави дека тимот ќе истражува „техники на производство во вселената, методи на зголемена реалност и вештачка интелигенција за следење на здравјето на екипажот“ и „биопечатење на човечки ткива“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

За влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.

СДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурување

Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло?

Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва.

До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста?

Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО.

Дали е ова така?

СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките.

СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си.

За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите.

Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно.

Скопје, 24.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Бачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. 

Почина митрополитот Бачки Иринеј Буловиќ

Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица.

Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“.

Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење.

Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување.

„Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи.

Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер