Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
2Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
СветЗеленски: Москва пречекува 30.000 војници од Северна Кореја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија сака да донесе 30.000 севернокорејски војници за да учествуваат во повеќе од четиригодишната војна со неговата земја и веќе се подготвува да ги прифати. Според договорот за меѓусебна одбрана, Северна Кореја испрати околу 14.000 војници во рускиот Курски регион во 2024 година за да ѝ помогне на Москва да се одбрани од голем упад на украинските сили во регионот. „Исто така, ја гледаме соработката на Русија со Северна Кореја. Русија сака да донесе уште 30.000 севернокорејски војници“, рече Зеленски во видео обраќање во текот на ноќта. „Подготовките за нивно прифаќање во рускиот Воронежски регион се во тек од јуни“, рече тој. „Закана за сите земји“ Зеленски додаде дека Северна Кореја се подготвува да испорача нови лансери за балистички ракети на Русија. „Ова не е закана само за Украина. Русија ѝ помага на Северна Кореја да научи како да води војна, како да го подобри своето оружје и да стекне вистинско борбено искуство во неговата употреба“, рече тој. „Сето ова претставува закана за сите земји во Азија кои се во дострел на севернокорејските ракети“, предупреди тој. Зеленски вети дека Украина ќе одговори на оваа закана.Тагови: Володимир Зеленски Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендеритеПратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците.Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс. Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето. Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар е Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендерите Арамијата Мицкоски и неговата криминална влада уште еднаш покажаа дека не им се важни земјоделците - луѓето што ја хранат државата. Пратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците. Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс. Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето. Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина. Зсатанаа против производителите на пченица. Гласаа против да добијат 5 денари за килограм пченица. Против сточарите, гласаа против да добијат 8.000 денари по грло говедо, а оризарите да добијат 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа. Ете ова е вистинското лице и лицемерие на арамијата. Нема пари за земјоделците, ама има пари за криминални партиски тендери и договори. Пред избори ветуваа земјоделска преродба, повисоки субвенции, сигурен пласман и повисоки откупни цени – а направија пустош. Се што ветија излажаа. Како сега ќе ги погледнат земјоделците во очи? Родот им скапува на нивите. Ги копачат нивите, ги продваат фармите за да преживеат.. До оваа состојба ги доведе Мицкоски. И наместо помош и поддршка во оваа криза, ги дотолчува. СДСМ ќе продолжи да се бори за земјоделците. Македонскиот земјоделец заслужува поддршка, сигурност и почит. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПознати се осминафиналните парови во Купот на МакедонијаПознати се осминафиналните парови во Купот на Македонија, откако во куќата на фудбалот (ФФМ) беше извлечена ждрепката за следната фаза од најмасовното домашно натпреварување.Како еден од најпривлечните дуели се издвојува пресметката меѓу Силекс и Пелистер, два тима со богата традиција. Во меѓусебен дуел ќе се соочат и екипите на Вардар и Тиквеш, додека вистинско дерби во најава е прволигашката пресметка помеѓу Башкими и Шкендија Арачиново. Мечевите се закажани за 27 и 28 октомври. КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/8 ФИНАЛЕ: Скопје – Новаци Струга ТЛ – Беласица Брера – Арсими Вардар – Тиквеш Пелистер – Силекс Работнички – Саса Македонија ЃП – Брегалница Башкими – Шкендија АрачиновоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсенНајмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките екипи трагаат по преживеани во урнатините. Сите загинати ученици биле помлади од 13 години. Сопственикот на училиштето е уапсен, а претседателот на Пакистан побара сеопфатна истрага за причините за несреќата. Најмалку 33 ученици и еден наставник загинаа кога се урна покривот на училиште во Пешавар, главниот град на пакистанската провинција Хајбер Пахтунхва. Спасувачките служби стравуваат дека под урнатините има уште заробени деца, што значи дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми, јавуваат локалните медиуми. Загинатите деца биле на возраст меѓу шест и 12 години, изјави Мохамад Асим, портпарол на болница во Пешавар. Деветнаесет лица се повредени, од кои петмина се во критична состојба, додаде тој. Полицијата го потврди апсењето на сопственикот на училиштето, кое се наоѓа во населбата „Дир Колони“ и работело во рамките на образовна фондација. Станува збор за приватно училиште лоцирано во северниот дел на градот. Во тек е истрага, а се претпоставува дека причина за уривањето на покривот е слабата конструкција. „Конструкцијата на објектот беше слаба. Покривот беше преоптоварен поради дополнителна градба врз нестабилна рамка, што доведе до уривање“, изјави началникот на полицијата. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази длабока тага поради трагедијата што се случи во училиштето. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари, исто така, упати сочувство. „Оваа потресна трагедија ја потресе целата нација“, рече тој. Претседателот на Пакистан, исто така, повика на сеопфатна истрага за утврдување на причините за несреќата, како и на преиспитување на безбедносните стандарди во училишните објекти, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11