Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
БалканУапсен е маж, кој со смрт му се заканувал на Александар ВучиќПрипадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац .По наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи, Техничка дирекција, Служба за борба против високотехнолошки криминал, го уапсија С.С. (55) од Крагуевац поради постоење основи на сомнение дека објавил објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ во која упатил смртни закани до претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, објави Телеграф. Осомничениот се товари за кривично дело Загрозување на безбедноста. Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, во кој рок ќе биде приведен на сослушување.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроника39- годишник од Дебар возел со 2,98 промили алкохол во крвта, уапсен е На 04.09.2026 год. во 17 часот, на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, лишен од слобода е С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд“ со дебарски регистарски ознаки кое, тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,98 промили алкохол во крвта. Тој, веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „Безобзирно управување со моторно возило“, соопшќтуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаМакро од Турција е уапсен во Охрид Турчин од Истанбул во Охрид врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција. На 03.09.2026 година во 11 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е Р.К.(24) од Истанбул, Република Турција. Тој, се сомничи дека врбувал, поттикнувал, намамувал или учествувал во предавање на лице на друг, заради вршење проституција. По целосно расветлување и документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од СВР Охрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат – продолжуваме со уште поголема динамикаРастот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења.Растот на македонската економија од 4,3% во вториот квартал од 2026 година е еден од најдобрите квартални резултати во изминатите две и пол години, но уште поважен е континуитетот на позитивните економски движења и насоката што ја покажуваат податоците, потенцира во пост на ФБ министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска коментирајќи ги податоците на Државниот завод за статистика за раст на БДП во вториот квартал годинава. Министерката посочува дека економските политики и во следниот период ќе бидат насочени кон инвестиции, капитални проекти, поддршка на приватниот сектор и одговорно управување со јавните финансии. „Од раст од 1,6% во првиот квартал од 2024 година, денес сме на 4,3%. Тоа значи дека не зборуваме за еден добар квартал, туку за континуитет, за економија која расте и постепено добива сила. Дали е ова доволно? Не е. Но, податоците покажуваат дека политиките што ги водиме и насоката што ја избравме даваат резултати и дека треба да продолжиме уште посилно и со уште поголема динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска. Податоците за структурата на БДП покажуваат дека растот има широка основа. Бруто-инвестициите во вториот квартал се зголемени за 16,5%, извозот на стоки и услуги за 10,4%, а градежништвото бележи раст од 21,9%. Позитивни движења се регистрирани и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и угостителството, а растот е поддржан и од домашната потрошувачка. Резултатот добива дополнително значење имајќи предвид дека е остварен во услови на умерен раст на европската економија, глобални неизвесности и геополитички ризици. Растот од 4,3% е значително над просекот на Европската Унија од 1,2% и еврозоната од 1%. „Нашата политика е јасна – повеќе инвестиции и капитални проекти, силна поддршка на приватниот сектор, подобро и попредвидливо деловно окружување и одговорно управување со јавните финансии. Ќе продолжиме да инвестираме, да ги реализираме капиталните проекти, да создаваме услови за домашни и странски инвестиции и да го поддржуваме стопанството. Ќе продолжиме со реформите што треба да ја направат македонската економија посилна, поконкурентна и поотпорна“, потенцира министерката за финансии. Таа додава дека економските резултати не се создаваат преку ноќ и дека за повисок и одржлив раст се потребни стабилност, предвидливост, доверба и континуитет во политиките. Целта, како што посочува министерката, е позитивните стапки на економски раст да се преточат во повеќе инвестиции, посилни компании, нови можности и повисок животен стандард за граѓаните. „Бројките ја покажуваат насоката. Наша обврска е да продолжиме по неа“, порача Димитриеска-Кочоска. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter