Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
1Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
ФудбалУнгарски навивачи славеа фашизам среде Милано: Да ја спасиме Европа (ВИДЕО)Навивачите на унгарскиот клуб Ференцварош го прославија фашистичкиот лидер од Втората светска војна, Бенито Мусолини, на главниот плоштад во Милано. Со транспарент на кој пишуваше „Мора да ја спасиме Европа“, навивачите на унгарскиот клуб поздравија со својата десница. Тие се нарекуваат Зелени Чудовишта, а имаа и маички со ликот на Бенито Мусолини на нив. Тие истакнаа и транспарент против правата на ЛГБТ лицата. 🚨 Polémicas imágenes de ultras del Ferencváros en pleno centro de Milán ⚽️ ➡️ Decenas de aficionados radicales del conjunto húngaro se concentraron en la plaza del Duomo exhibiendo camisetas con la imagen de Benito Mussolini, pancartas de extrema derecha y realizando saludos fascistas https://t.co/4F9sz6yrGO — BeSoccer (@besoccer_ES) November 5, 2026 Патем, Унгарците се многу добри во Лигата на Европа Ференцварош е едно од најголемите изненадувања на Лигата на Европа оваа сезона. Унгарскиот клуб го победи Милан со 2:0 на Сан Сиро во четврток и по четири кола има максимални 12 бода. Тимот од Будимпешта победи во сите четири натпревари, постигнувајќи 11 гола и прими само три, а заедно со Бенфика и Борнмут е единствениот со 100% учинок. Ференцварош со тоа продолжува одлична европска сезона во која сè уште не загубил натпревар. Неговите резултати се резултат на промените што ги воведе тренерот Балаш Борбели во текот на летото, а унгарските медиуми во своите тактички анализи истакнуваат неколку причини за неговиот успех. Тој го наследи Роби Кин, поранешен репрезентативец на Ирска и напаѓач на Тотенхем. Ференцварош е еден од најтрофејните унгарски клубови и редовен учесник во европските натпреварувања, но резултатите од оваа сезона покажуваат дека може да се натпреварува со противници од многу посилни лиги.Тагови: Милано навивачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле речиси целиот златен накит.На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините. За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат. Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПортугалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со биковиБорбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови. Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување. Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии. Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.Тагови: бикови Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
ЕвропаМаж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желкиМинатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки. Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек. Желки завиткани во селотејп Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни. Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.Тагови: желки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook