Уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, потребна имплементација - Канал 5

Уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, потребна имплементација

Уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, потребна имплементација на новиот Закон и на Инспекторатот.

Уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, потребна имплементација

Забележуваме напредување на македонскиот јазик во однос на неговото збогатување и изучување, но уназадува статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, односно се става во вториот план, па дури се игнорира во некои јавни простори. Ова укажува на негрижа на македонскиот јазик и затоа е потребен Законот за употреба на македонскиот јазик, кој има за цел да стави „ред во безредието“. Во тек е постапката за формирање на Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик и по негово формирање, ќе почне да се имплементира Законот, порачаа денеска учесниците кои беа дел од научната трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“ во МАНУ.

Академик Витомир Митевски денеска пред почетокот на трибината изјави дека загрижува уназадувањето на македонскиот јазик во јавната употреба и дека токму затоа треба да се слушне зборот на лингвистите.

- Секогаш е актуелно да се зборува за македонскиот јазик, така што секој миг е добар и е добро избран. Од тие причини, се собравме специјалисти од разни области да подискутираме за состојбата на македонскиот јазик, за статусот на македонскиот јазик, каде што можеме да откриеме и напредоци во некои области, но во некои области имаме дури и уназадување. Мислам дека имаме напредување во развојот, но и во збогатување на јазикот, како и во неговото изучување. Во однос на уназадување би го споменал статусот на македонскиот јазик во јавната употреба, каде што многу пати гледаме примери како се става во втор план, па дури и се игнорира на некои јавни простори. Ова секако дека не загрижува и тука ние специјалистите треба да го кажеме нашиот збор и треба да се слушне нашиот збор, рече Митевски.

На новинарско прашање каква е перспективата на македонскиот јазик, Митевски одговори дека не може македонскиот јазик да биде загрозен, се додека се живи оние кои го говорат.

- Не можеме да се секираме ако се грижиме како што се грижиме, а треба и повеќе да се грижиме. Не може јазикот да биде загрозен. Ддека се живи оние кои го говорат македонскиот јазик, јазикот ќе биде жив, а јас мислам дека ќе даде Господ да траеме сите како народ и како заедница, рече Митевски.

Претседателката на Советот за македонски јазик Симона Груевска – Маџоска изјави дека е исклучително важно да се имплементира Законот за употреба на македонскиот јазик.

Прашана до каде е постапката на формирањето на Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, Груевска – Маџоска одговори дека веќе е објавен конкурсот за избор на директор на овој Инспекторат и постапката е во тек.

-Како што имам информација, веќе е објавен конкурсот за избор на директор на Инспекторат. Постапката е во тек, не знам дали е завршена, но секако е во тек така што ќе се формира Инспекторатот и ќе може да се започне со воведување на Законот за употреба на македонскиот јазик, рече Груевска – Маџоска.

Таа напомена дека Инспекторатот има надлежност да спроведува инспекциски надзор и да казнува, како што е предвидено согласно Законот за употреба на македонскиот јазик.

- Употребата на нестандарден јазик во медиумите и не запазување на стандарната норма во преводите укажува на негрижа за македонскиот јазик. Токму тоа беше причината зошто се донесе Законот за употребата на македонскиот јазик, да се стави „ред во безредието“. Во однос на медиумите, иако можеби во информативните редакции и документарците се внимава повеќе на употребата на стандарниот јазик, но во емисиите од забавен карактер можеме да кажеме дека воопшто не се внимава. Улогата на Законот за употребата на македонскиот јазик и на Инспекторатот, освен да се спроведува надзорот и да се казнат оние кои не го почитуваат, е и да се вработат лектори, за да не дозволиме да слушаме нестандарден јазик од медиумите кои се присутни во сечиј дом, рече Груевска – Маџоска.

Лингвистот Марјан Марковиќ, говорејќи за дијалектите во државата, напомена дека статусот на македонските дијалекти во меѓународната научна средина не само што е рамноправен, туку е и високо ценет, поради своето богатство и разнообразност.

- Дијалектното богатство мора да се зачува. Неодамна, заедно со Институтот за македонски јазик го објавивме првиот Лингвистички атлас на македонските дијалекти, со преку 400 населени места на целата јазична територија. Со ова, Институтот и МАНУ, а верувам и Факултетот, се грижат од научен аспект да се зачува тоа огромно богатство. Во меѓународните научни проекти, во Меѓународниот комитет на славистите, македонските дијалекти не само што се рамноправни, туку се и високо ценети токму поради тоа богатство и разнообразност, слобода на говорот, но и поради подоцната стандардизација, што во огромна мера ја збогатува јазичната слика, не само на словенскиот свет, туку и воопшто на Европа, рече Марковиќ.

Тој додаде дека во најголемите европски и словенски дијалектолошки проекти, македонските дијалекти, без политички ограничувања, се рамноправно застапени и се на многу високо место во однос на проучувањето на јазичната типологија и на лексиката, со што, како што подвлече, нашата научна средина дава огромен влог во европската и словенската дијалектологија.

Марковиќ порача дека стандардниот јазик мора да се употребува во јавната комуникација согласно Законот, секогаш мора да постои стандард кој што ќе ги обединува сите говорители.

- Во јавната комуникација си е пропишано со новиот Закон да се употребува стандардниот јазик, а секако тоа е и последица на развојот на македонскиот јазик кој што има над 56 говори. Секако, не дека не би се разбрале луѓето, но секогаш мора да има нешто што го нарекуваме стандард и што ги обединува сите говорители, на сите говори. Во популарната култура дијалектите понекогаш ни се убави и интересни на нас како читатели, но сепак во јавната комуникација особено во политичкиот дискурс, апсолутно мора тоа да биде на повисоко ниво, односно да биде употребен стандардот, изјави Марковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двегодишно дете загина по пад од четврти кат во луксузен хотел на Кипар– таткото направил страшна грешка

Двегодишно момче кое падна од прозорец на хотел на четвртиот кат на Кипар почина од повеќекратни сериозни повреди, изјави патологот.

Двегодишно дете загина по пад од четврти кат во луксузен хотел на Кипар– таткото направил страшна грешка

Детето претрпело смртоносни повреди на главата, виталните органи и телото откако паднало од речиси 12 метри од луксузниот хотел со пет ѕвезди „Кинг Евелтон Бич“ во Хлоракас, објави Сан.

Истрагата во судот за мртовечници во Есекс покажа дека трагедијата се случила на 12 јули 2026 година, првиот ден од семејниот одмор на медитеранскиот остров.

Неговиот татко, Џошуа Фостер, беше казнет со 3.000 евра (2.500 фунти) во судот во Пафос минатиот месец откако призна дека ја предизвикал смртта на својот син со неодговорно или опасно дејствие.

Судијата му рече дека ќе „живее со вина до крајот на животот“ откако беше откриено дека Фостер го поставил детето на прозорец за да му го покаже погледот на водениот парк, не сфаќајќи дека прозорецот е отворен.

Вишиот патолог од Есекс, Линколн Брукс, рече дека случајот на детето е „особено трагичен“ додека денеска ја отвораше истрагата и ја одложуваше.

„Двегодишното дете беше на одмор со своето семејство во Пафос, Кипар. За жал, падна од прозорец на четвртиот кат од хотелот каде што престојуваше семејството и беше прогласено за мртво истиот ден во болница“, рече Брукс.

Привремената причина за смртта се „тешки краниоцеребрални повреди и повеќекратни повреди на телото и виталните органи“.

Целосна истрага е закажана за 6 јануари, рече Брукс, изразувајќи сочувство до семејството на момчето.

Фостер, раководител на одделот за вештачка интелигенција во една од четирите најголеми сметководствени фирми во светот, КПМГ, „изгубил контрола“ врз својот син додека му покажувал поглед на воден парк, беше кажано минатиот месец на судот во Пафос. Судијката Фросо Христодулу рече дека неговото однесување било неодговорно, но „ненамерна грешка“. На Фостер му било кажано дека „ќе мора да се справува со вината до крајот на животот“.

Судијата рече дека нема јасни знаци дека прозорецот бил отворен и дека алкохолот што Фостер го консумирал претходно во текот на денот не играл улога во несреќата.

Ожалостениот Фостер „веднаш соработувал“ со властите и немал претходни осуди.

Судијката Христодулиду претходно му кажала дека нема намера да изрече затворска казна, земајќи ги предвид неговите „лични околности и карактер“.

Таа сметала дека затворот е несоодветна казна бидејќи случајот веќе предизвикал „голема штета на неговото семејство“ и рекла дека тоа ќе има негативно влијание и врз неговата кариера. Тој се соочува со дисциплинска постапка за случајот, што може да доведе до губење на неговата професионална лиценца.

Кога новинар на Дејли Меил го посетил хотелот кратко време по несреќата, открил дека големиот прозорец на четвртиот кат е сè уште отворен.

Британските упатства за здравје и безбедност наведуваат дека хотелските прозорци низ кои може да падне дете мора да го ограничат отворот на максимум четири инчи, или околу 10 сантиметри.

Сепак, на Кипар, доволно е прозорецот да биде најмалку 3,5 стапки, или околу 107 сантиметри, над парапетот. Хотелот „Кинг Евелтон“ го исполнил овој пропис.

По изрекувањето на пресудата, портпаролот на семејството Фостер изјави: „Денес се одбележува крајот на судската постапка на Кипар и сме благодарни на судот и судијата Христодулидис за нивната одлука да ја применат максималната попустливост што им е достапна. Олеснети сме што оваа постапка сега е завршена, но за нашето семејство последиците од оваа трагедија никогаш нема да завршат. Нашиот син беше неизмерно сакан и засекогаш ќе ни недостига. Неговата загуба е нешто со кое живееме секој ден. Нашиот фокус сега е да се поддржуваме едни со други и да најдеме начин да продолжиме напред како семејство. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност додека го правиме тоа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германската војска ги забрани кинеските возила поради страв од шпионажа

Германските вооружени сили се во состојба на висока готовност бидејќи, по забраната за употреба на беспилотни летала од кинеско потекло, политичкото и военото раководство сега го ограничуваат пристапот до објектите и на кинеските возила.

Германската војска ги забрани кинеските возила поради страв од шпионажа

Настаните во Германија се забрзуваат откако Германската воена контраразузнавачка служба откри дека постојат сериозни стравувања дека податоците од камерите и сензорите на новите автомобили се пренесуваат до кинеските државни разузнавачки служби, како што покажуваат доверливите документи, објави Carandmotor.gr.

За да се реши овој проблем со можна шпионажа, раководството на Министерството за одбрана одлучи да им забрани на кинеските автомобили да влегуваат во чувствителни воени објекти поради ризикот од снимање податоци од нивните камери и сензори.

Поточно, воениот персонал што управува со вакви возила мора да ги паркира надвор од објектите и да влегува во нив пеш, и покрај фактот дека до денес нема јавно документирани докази дека некој од овие автомобили испратил податоци до кинеските разузнавачки служби.

Германското министерство за одбрана појаснува дека ограничувањето се однесува генерално на „поврзани“ возила и не е насочено кон специфичен список на брендови или земји, иако пред неколку дена, угледни германски медиуми објавија дека во рамките на војската циркулираат списоци на специфични кинески модели на кои им е забранет влез во областите означени како безбедносни зони.

Сепак, портпаролот на надлежното министерство на прес-конференција изјави дека командантите на локалните единици ќе бидат одговорни за утврдување на правилата за пристап, што укажува дека не постои единствен, објавен список на забранети модели.

Секако, вреди да се напомене дека Германија не е единствената земја што презема вакви чекори, бидејќи во февруари и октомври 2026 година, Полска и Турција, соодветно, воведоа ограничувања за возила произведени во Кина во воените објекти, наведувајќи ги безбедносните ризици поради протекување на податоци поврзани со истите категории сензори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада во понеделник откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада, а спорот околу зголемувањето на данокот на богатство ја доведе коалицијата на работ на колапс, објави Ројтерс.

Јетен ќе разговара со лидерите на VVD и Христијанско-демократската партија. По гласањето, тој рече дека ќе направи сè што може за да ја спаси коалицијата и најави дека ќе се обиде да постигне „нов почеток“.

Кризата избувна поради договорот со левичарската опозиција за поддршка на даночниот план за 2027 година во замена за мало зголемување на даноците на богатство. Коалицијата од три партии, формирана пред помалку од девет месеци, е поделена околу предлогот.

Десничарската, бизнис-ориентирана Народна партија за слобода и демократија (VVD) остро се спротивстави на амандманот, додека центристичката партија D66 на Јетен и Христијанско-демократската партија го поддржаа предлогот. Сепак, планот беше усвоен со тесно мнозинство, благодарение на гласовите на опозициските партии.

Лидерот на VVD, Рубен Брекелманс, го опиша гласањето како „разочарувачко“ и рече дека неговата партија сериозно ќе го преиспита својот став. Излегувањето на VVD од коалицијата веројатно би значело крај на малцинската влада на Јетен.

Кризата би можела да доведе до нови избори, четврти во Холандија за пет години. Сепак, гласањето не е единствената опција: партиите би можеле да се обидат да формираат нова влада врз основа на постојната распределба на места во Долниот дом на парламентот.

Таквиот договор веројатно би довел повторно до малцинска влада, нешто што главната левичарска опозициска партија Про веќе го отфрли.

Јетен стана најмладиот премиер во холандската историја во февруари. Неговата партија Д66 неочекувано ги доби изборите пред една година, со кампања која ветуваше раскинување со претходната влада, во која доминираше националистот Герт Вилдерс.

Новата влада се соочи со тешкотии од самиот почеток, бидејќи нема мнозинство во ниту еден дом на парламентот и мора да ја обезбеди поддршката од опозицијата за да ги усвои своите предлози. Холандија традиционално е управувана од коалициски влади со парламентарно мнозинство, но нивното формирање е сè потешко поради политичката фрагментација и промените во поддршката на гласачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер