3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 4. јуни 2026 годинаДневен хороскоп за четврток, 4. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиРуски олимпиец загина во војната во УкраинаПоранешниот руски велосипедист и двократен олимпиец Сергеј Кучеров беше убиен во војната во Украина на 46-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Велосипедскиот сојуз на Тулската област. Кучеров ја претставуваше Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година. „Кучеров беше убиен додека учествуваше во специјална воена операција“, соопшти регионалната велосипедска федерација, користејќи го терминот што руските власти го нарекуваат инвазијата на Украина. Руските медиуми објавија дека неговиот погреб е планиран за петок, 23 октомври, во неговата родна Тула, на гробиштата каде што се погребани паднатите припадници на руските сили. Не е објавено каде точно загинал Кучеров, во која воена единица служел, ниту под какви околности починал. Веста за неговата смрт ја објавија руските медиуми на 21 октомври, додека се наведува дека починал еден ден претходно. Former Olympic cyclist Sergey Kucherov (Beijing 2008, London 2012), World Cup winner and multi-time Russian champion who joined the russian agression against Ukraine was neutralized on Oct 20. https://t.co/iE0qtmqNJO — UkrSportBase 🇺🇦 | Olympics (@Ukrsportbase) October 21, 2026 Настапил два пати на Олимписки игри Кучеров е роден на 18 јули 1980 година во Тула, а во текот на својата спортска кариера се специјализирал во велодромски велосипедизам, особено во индивидуални и тимски спринтови. На Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, се натпреварувал во екипниот спринт со Денис Дмитриев и Сергеј Полински. Руската репрезентација го завршила натпреварувањето на 12-то место. Четири години подоцна во Лондон, тој повторно ја претставувал Русија во истата дисциплина. Овој пат настапил со Дмитриев и Сергеј Борисов, а руската репрезентација го освоила седмото место. Во текот на својата кариера, тој неколку пати ја освоил титулата руски шампион во поединечен и тимски спринт. Тој бил и победник на една етапа од Светското првенство во велодромски велосипедизам, а освоил и медали на натпреварите од Светското првенство во Германија, Кина и Москва. Руската велосипедска федерација се збогувала со Кучеров, кој го опишал како сигурен колега, голем професионалец и човек посветен на велосипедизмот. Неговата смрт е уште еден случај на поранешен врвен спортист кој починал за време на руската инвазија на Украина, која започнала во февруари 2022 година. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?Денес се наоѓаме во населбата Буњаковец, на улицата „29 Ноември“, денес позната како „Костурски херои“, каде што повторно се отвораат сериозни прашања за урбаното уредување и квалитетот на животот на граѓаните.Според информациите за овој објект, не е предвиден соодветен паркинг-простор, се сечат дрвја, а тротоарот е зафатен со градежни активности. Ова е особено загрижувачко во населба како Буњаковец, каде што паркирањето и движењето на пешаците и онака претставуваат сериозен проблем. Господине Горан Герасимовски, како е можно да се планираат и реализираат вакви проекти без јасни одговори за паркирањето, зеленилото и безбедното движење на пешаците? Кој ги штити интересите на жителите на Буњаковец? Господине Венко Филипче, заедно со вашиот градоначалник дојдете на терен и погледнете со какви проблеми се соочуваат граѓаните. Во кампањите се ветуваа хумано уредени населби, повеќе зеленило и подобри услови за живот, но граѓаните имаат право да прашаат дали тие ветувања се преточени во конкретни резултати. Не е доволно само да се зборува за модерен и уреден Центар. Потребно е да се обезбедат услови во кои граѓаните ќе можат нормално да живеат, да паркираат, безбедно да се движат по тротоарите и да имаат пристап до зелени површини. Затоа бараме Општина Центар јавно да ги разјасни условите под кои се одвива изградбата на оваа локација, дали се почитуваат одобрените планови и како ќе се заштитат пешачкиот простор и зеленилото. Граѓаните на Буњаковец заслужуваат конкретни решенија, а не само предизборни ветувања. Центар треба да се развива во интерес на луѓето што живеат во него!, рече Стефан Кирков, член на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТајфун прави пустош на Тајван: Стотици повредени, над 280.000 домаќинства без струја (ВИДЕО)Бројот на повредени лица во тајфунот Чампи во Тајван се искачи на речиси 530, додека едно лице почина, соопштија властите.Според извештаите, човекот починал во четврток откако бил повлечен во морето од брановите во јужниот дел на островот. Бурата предизвикала голема штета во некои делови од Тајван. Властите регистрирале речиси 2.200 соборени дрвја и повеќе од 700 оштетени згради. Според извештаите на медиумите, повеќе од 280.000 домаќинства привремено останале без електрична енергија. Powerful waves battered Taiwan's eastern coastline Friday as Typhoon Champi approached the island, bringing dangerous conditions to coastal areas. Taiwan's Interior Ministry warned residents to stay away from coastlines and ports, citing dangerous waves and strong winds intensified by the approaching typhoon and northeast monsoon. — CBS News (@CBSNews) October 23, 2026 Налетите на ветерот достигнале 162 километри на час Чампи, кој накратко достигнал јачина на супертајфун, оттогаш ослабнал. Тајванската метеоролошка служба објавила постојани ветрови до 126 километри на час во близина на центарот на бурата, со налети кои достигнуваат 162 километри на час. Се очекува Чампи да се движи кон север и да помине во близина на кинеската крајбрежна покраина Џеџијанг до недела.Тагови: Тајван тајфун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57