Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
1Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
3Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов.Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Обвинителството продолжи со изведување докази од вештачење на телефон одземен од затворската полиција од Ардит Арифи за која Обвинителството водело постапка против повеќе лица за проституција, продажба на дрога и перење пари, а Арифи е меѓу прво обвинетите. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравствоАзир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски. Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола. Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не. За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник. Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаКривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.. Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот? Во видеото погледнете го целиот извепштај. Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter