ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
1ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус
НБАНБА финале: „Брејк“ на Њујорк во Тексас-ВидеоСеријата победи на Њујорк Никс продолжува, а тимот од „Големото јаболко“ го направи првиот чекор кон шампионската титула.Џејлен Бренсон постигна 30 поени во своето деби во НБА финалето, Карл-Ентони Таунс додаде 18 поени и 12 скока, а Никсите се вратија од минус од 14 поени во второто полувреме и ги победија Сан Антонио Спарс со 105-95 во првиот натпревар од големото финале во НБА. О-Џеј Ануноби постигна 17 поени за Њујорк, кој го доби својот 12-ти натпревар по ред во плејофот. Со тоа, Никсите станаа само седмиот тим во историјата на НБА со таква серија, и само третиот што го сторил тоа во една сезона. Бренсон постигна 13 поени во последната четвртина, само шест помалку од оние што Спарс ги постигнаа како тим во тој период. Тој практично ја запечати победата со спектакуларен шут од вртење додека паѓаше на подот, 38 секунди пред крајот на натпреварот. „Тој е играч за големи натпревари. Кога е најпотребно, тој испорачува. Така играат кандидатите за MVP“, рече тренерот на Никс, Мајк Браун. Њујорк го заврши натпреварот со серија од 11:0 и напиша нова страница во историјата. Никс станаа првиот тим што ги победи Спарс во првиот натпревар од финалето на НБА, бидејќи франшизата од Тексас претходно имаше резултат од 6-0 во такви натпревари. Ова е исто така прв пат Спарс да заостануваат во серија од финалето пред нејзиниот крај.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобусДиректорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија. На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија. Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. РадоборСтанува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила. Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Тагови: ДЗС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на часЛишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.Тагови: бмв Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook