Турски брачен пар стои зад развивањето на вакцината против ковид-19, работеле деноноќно - Канал 5

Турски брачен пар стои зад развивањето на вакцината против ковид-19, работеле деноноќно

Експерименталната вакцина против коронавирус на американскиот фармаколошки гигант Pfizer и германската компанија BioNTech има ефикасност од 90 проценти во спречувањето на ковид-19, објавија вчера двете компании.

Турски брачен пар стои зад развивањето на вакцината против ковид-19, работеле деноноќно

Ова е огромна пресвртница во одбраната од пандемијата.

Досега не се идентификувани сериозни проблеми со безбедноста и се очекува да се побара употреба подоцна овој месец.

Овие резултати не ги очекувал ниту парот кој стои зад развојот на вакцината на Фајзер.

Извршниот директор на BioNTech, Угур Сахин и неговата сопруга и член на управниот одбор, Озлем Туречи, ги посветиле своите животи во борбата за стекнување имунитет против ракот.

Сахин потекнува од скромно семејство на турски мигранти и работници во фабрика, а денес е меѓу 100-те најбогати луѓе во Германија.

Пазарната вредност на BioNTech, компанијата што ќе има голема улога во масовната имунизација на коронавирус, се искачи на 21 милијарда долари, според „Насдак“. Пред една година, таа вредела 4,6 милијарди.

„И покрај сите успеси, тој никогаш не се смени, тој е секогаш неверојатно скромен и допадлив“, рече Матијас Кромајер, член на Управниот одбор на МИГ АГ, чии средства го поддржуваат БиоНТех од нејзиното основање во 2008 година.

Тој додаде дека Сахин обично доаѓал на состаноците облечен во фармерки и со себе секогаш носел шлем за велосипед и ранец.

Сахин го остварил својот сон од детството кога станал лекар. Работел во неколку болници, а се сретнал со Туречи во болницата во Хомбург во југозападна Германија. Медицинските истражувања и онкологијата станале нивна заедничка страст.

Туречи, ќерка на турски лекар кој мигрирал во Германија, во едно интервју изјави дека дури и на денот на нивната венчавка, тие нашле време да работат во лабораторијата.

Заедно работат на имунолошкиот систем како потенцијален сојузник во борбата против ракот и се обиделе да најдат уникатен генетски состав за секој тумор.

Сè започнало во 2001 година кога тие ја основале „Ганимед Фармацевтикалс“ за да развијат антитела кои се борат против ракот. И покрај ова, Сахин, кој тогаш предавал на Универзитетот во Мајнц, никогаш не се откажал од академското истражување и предавање.

Тие добиле средства од гореспоменатата компанија МИГ АГ и од Томас и Андреас Штруенгман, кои го продале генеричкиот лек Хексал на Новартис во 2005 година.

Проектот вреден 1,4 милијарди долари потоа бил продаден на јапонската компанија Астелас во 2016 година.

После тоа, тимот кој стоел зад Ганимед веќе бил зафатен со градењето на BioNTech, основана во 2008 година, за да се справи со многу поширок спектар на алатки за имунотерапија против карцином.

За инвеститорите, Туречи и Сахин се „тим од соништата“, бидејќи тие ги усогласиле своите визии со ограничувања на реалноста.

Приказната за BioNTech се свртела кога Сахин во јануари наишол на научен труд за појавата на нов коронавирус во кинескиот град Вухан.

BioNTech наскоро делегирал околу 500 работници да работат на вакцината, а како партнери успеале да ги придобијат Pfizer и кинеската компанија Fosun.

Матијас Теобалд, професор по онкологија на Универзитетот во Мајнц, кој соработувал со Сахин 20 години, рече дека Сахин има неуморна амбиција да ја трансформира медицината.

„Тој е многу скромна личност, но неговите визии и аспирации се далеку од скромни“, изјави Теобалд за Ројтерс.

Да потсетиме, Европската медицинска агенција, регулаторното тело на ЕУ, започна забрзана постапка за одобрување на кандидатската вакцина BioNTech / Pfizer, како и за вакцината што ја развиваат AstraZeneca и Универзитетот во Оксфорд.

„Особено денес, кога сме во средината на вториот бран на пандемијата, а многумина сме заклучени во своите домови, уште повеќе сме свесни колку е важна оваа пресвртница на нашиот пат да се стави крај на пандемијата и конечно да се вратиме во нормала“, рече Сахин.

Вакцината се заснова на иновативна технологија на mRNA или гласник РНК, која го стимулира телото да произведува еден од вирусните протеини, што потоа го стимулира телото да развие имунолошки одговор на коронавирусот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозвола

Лишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.

Уапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување

Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување, очигледно лажењето е карактерна особина на другарите на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките во земјоделието говорат за развој, а СДС зборува за негово уништување

СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие.

Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина.

Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн.

Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци.

За се има конкретни бројки и конкретни резултати.

Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година.

Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година.

Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби.

Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава.

Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.

Тошковски и Љамалари потпишаа договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави.

Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и стоки, унапредување на безбедноста и намалување на времето на чекање на граничните премини.

Договорот предвидува формализирана институционална соработка, фазна имплементација преку протоколи приспособени на секоја локација, како и зајакнати механизми за координација и размена на информации меѓу надлежните служби.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека договорот претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и попредвидливо управување со границата, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите.

Тој нагласи дека заедничките гранични процедури не само што го олеснуваат протокот, туку и ја зајакнуваат способноста на двете држави за справување со прекуграничен криминал, трговија со луѓе и други безбедносни ризици, преку координирано постапување и размена на информации.

Посебно беше истакнато дека имплементацијата ќе се одвива постепено и контролирано, со цел секој заеднички граничен премин да биде целосно оперативно и правно подготвен пред стапување во примена.

Министерот Тошковски упати благодарност до експертските тимови, правните советници, полициските службеници и сите институции од двете земји кои учествуваа во подготовката на договорот, нагласувајќи дека нивната работа е клучна за постигнатиот резултат.

Потпишувањето на договорот на граничниот премин Блато претставува важна пресвртница во билатералната соработка меѓу Македонија и Албанија и потврда на заедничката заложба за модерно, ефикасно и безбедно управување со границите.

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе успешно функционира со Србија и Косово, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер