Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
1Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
СветТрамп му нареди на Пентагон да ги намали заедничките воени вежби со Јужна Кореја оти тој има добар однос со КимАмериканскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди значително намалување на претстојните заеднички воени вежби со Јужна Кореја, повикувајќи се на својот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.Трамп исто така навести дека годишните вежби со јужнокорејските сили би можеле на крајот целосно да се укинат. „Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на својата платформа трут соушал. „Овие вежби не само што се скапи, при што голем дел од трошоците ги покриваат САД, туку испраќаат и сигнал што е целосно несоодветен и непријателски кон земја која, во текот на целиот мандат на Доналд Трамп како претседател, не претставуваше закана и се однесуваше со почит“, додаде тој.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Шоу бизШто се случи со свршеничкиот прстен на Меган Маркл?Веќе девет месеци Меган Маркл не е видена во јавноста со својот свршенички прстен.На денешен ден, пред девет години, војвотката од Сасекс за првпат го покажа прстенот пред јавноста, откако таа и принцот Хари ја објавија својата свршувачка. Експертите сега шпекулираат дека прстенот – за кој се вели дека бил преправен дури четири пати – можеби претрпел оштетувања поради овие бројни измени, пренесува германското издание на „Гала“. Меган последен пат го носела прстенот – чија вредност се проценува на околу 120.000 фунти – на натпреварот „НБА Ол-стар“ во Калифорнија. Сали Аркли-Вејд, раководител за набавки во јувелирската куќа „Ернест Џонс“ изјави за „Дејли мејл“ дека накитот можеби е оштетен како последица на повеќекратните преправки. Прстен со посебно значење Принцот Хари го дизајнираше прстенот во соработка со јувелирската куќа „Клив енд компани“. Два помали дијаманти потекнуваат од нараквици што ѝ припаѓале на принцезата Дијана, додека централниот камен доаѓа од Боцвана – земја која има посебно значење за двојката. Првите промени беа забележани во 2019 година, за време на парадата „Трупинг д колор“. Обрачот на прстенот беше заменет со потенка верзија, украсена со ситни дијаманти. Според книгата „Finding Freedom“ од Омид Скоби, оваа измена била идеја на Хари. Дополнителни промени беа забележани на „ nvictus Games“ во 2022 година. Дали преправките го оштетиле прстенот? Џејмс Константину, основач на „Престиж понброкерс“, предупредува дека честите измени на едно парче накит можат да го ослабат неговиот структурен интегритет. Дупчењето ситни отвори во металот за да се вметнат дополнителни дијаманти може да влијае врз стабилноста на прстенот. Од „Гала“ сугерираат дека прстенот можеби е на поправка. Тој претходно бил поправан поради проблем со лежиштето на еден од камењата. Сепак, сè уште не е потврдено зошто Меган повеќе не го носи во јавноста. Извор: Индекс.хрТагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаФилмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле речиси целиот златен накит.На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините. За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат. Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПортугалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со биковиБорбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови. Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување. Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии. Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.Тагови: бикови Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook