ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
1ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
СветТрамп: Иран сакаше да го преземе Блискиот Исток и да го уништи Израел, немаа нуклеарно оружје за тоа (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека не очекувал Иран да одговори на американско-израелскиот напад со напади врз земјите од Персискиот Залив.„Погледнете како неочекувано ги нападнаа сите тие околни земји. Тоа не требаше да се случи. Никој дури и не помисли на тоа. Тие сакаа да го освојат Блискиот Исток и трајно да го уништат Израел. Да имаа нуклеарно оружје, можеа да го сторат тоа“, им рече Трамп на новинарите во Палм Бич вчера пред летот за Мемфис. Trump: "Look at the way Iran attacked unexpectedly all of those countries surrounding them. That was not supposed to-- nobody was even thinking about it." pic.twitter.com/5wZsxU0CLn — Aaron Rupar (@atrupar) March 23, 2026 Војната ја започнаа САД и Израел кон крајот на февруари. Војната започна на 28 февруари кога САД и Израел започнаа координирани воздушни напади врз цели во Иран, вклучувајќи воени објекти и инфраструктура, отворајќи го најголемиот конфликт во регионот во последните децении. Иран веднаш возврати со бран балистички ракети и беспилотни летала кон Израел, но и кон американските бази и сојузници во регионот, што брзо го прошири конфликтот надвор од границите на двете земји. Напади врз земјите од Персискиот Залив и ширење на конфликтот Во првите часови од одмаздата, Иран ги таргетираше американските бази во Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, додека ракетите и беспилотните летала ги таргетираа и Саудиска Арабија и клучната инфраструктура во регионот. Нападите продолжија во последните денови, кога Иран лансираше ракети и беспилотни летала кон Израел и земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи напади врз енергетската и транспортната инфраструктура, што дополнително го дестабилизираше регионот и ги загрози глобалните синџири на снабдување.Тагови: Доналд Трамп Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Мајли Сајрус покажа фотографии од венчавката: Избра едноставна елеганцијаМегапопуларната пејачка Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо стапија во брак за време на викендот, а првите фотографии од церемонијата открија каква венчаница одбрала музичката ѕвезда за овој посебен ден. Наместо раскошен фустан со многу детали, Сајрус се одлучи за едноставен и елегантен модел со долги ракави и отворен грб, кој го надополни со впечатливи обетки. Пејачката објави фотографии од церемонијата на кои се гледа венчалниот фустан со долги ракави, отворен грб и едноставен крој. Таа го искомбинира со впечатливи обетки и елегантни чевли со отворена пета, пренесува „Superwoman“. Двојката ја објави својата свршувачка во декември 2025 година, а деталите околу планирањето на свадбата ги чуваше главно во тајност. Уште во март, извор близок до двојката за списанието „People“ изјави дека Мајли не планира голема, традиционална свадба. „Тие не планираат некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и таков тип на прослава едноставно не е во негов стил. Кога ќе се венчаат, тоа ќе биде нешто помало и со посебно значење, само за нив. Тоа нема да биде голема холивудска продукција“, откри тогаш изворот. Мајли претходно изјави дека сака својата врска да ја задржи подалеку од очите на јавноста. Кога на 2 декември ја прашаа за нејзината свршувачка, таа за магазинот „People“ зборуваше за тоа колку приватноста ѝ значи. „Она што можам да го откријам е дека нашата приватност, како и фактот што успеавме сè да задржиме во тесен круг, се работи што и самата ги ценам. Мило ми е што имам повеќе можности да избирам што ќе споделам со другите. Мислам дека тоа е поврзано и со возраста, бидејќи сега многу повнимателно бирам што сакам да откријам“, изјави пејачката.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто. „Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сѐ повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП. ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување. Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
Здравје 50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. Иако цените на цигарите растеле, платите растеле побрзо, па цигарите станале 17,3% подостапни во однос на просечната плат. 62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња, а кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот.денеска за ова сериозна тема зборуваа претставници од здравството, царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook