ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
1ЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!
СветИран ракетира повеќе држави на Блискиот Исток, тврдењата на Трамп за преговори со Техеран засега само во најаваДен откако американскиот претседател Трамп најави пет дневен прекин на воените дејствија со Иран, се уште е нејасно дали воопшто се воделе тајни преговори и со кого?Техеран жестоко негира дека воопшто имало разговори, кои пак Белата Куќа без да открие повеќе детали, ги оцени како флуидни. Дел од американските медиуми повикувајќи се на високи претставници во САД пренесуваат дека преговорите би можеле да се одржат во Пакистан, со учество на потпретседателот Џеј Ди Венс, а 9 април е оодреден како евентуален рок за ставање на крај на војната со Иран. Според информациите, Оман ја имал улогата на посредник, а Египет и Турција разменувале пораки меѓу двете страни. Трамп во меѓувреме, ја потвори пораката дека очекува добар договор. -Ќе видиме што ќе се случи, мислам дека има многу добра шанса да постигнеме договор, ќе дадеме пет дена и ќе видиме каде ќе не однесе тоа и би рекол дека на крајот од овој период, мислам дека се ќе заврши со многу добар договор за сите. Добар како и да одевме до крај и буквално да го уништевме местото. - Доналд Трамп – претседател на САД Изјавите на Трамп за заедничка контрола на Ормускиот теснец наидоа на реакција кај иранските дипломати, кои со доза на потсмев на социјалните мрежи објавуваја илустрација на детски волан-играчка прикачен на совозачкото седиште на автомобил. Дека нема најави за смирување на тензиите, потврди и жестокиот ракетен напад кој Исламската република го изврши врз северот на Израел, оштетувајќи неколку станбени згради, а израелскиот премиер Нетанјаху најави продолжување на воените дејствија и покрај можноста за некаков договор. -Претседателот Трамп верува дека постои можност да се искористат големите достигнувања што ги постигнавме со американската војска, со цел да се реализираат воените цели во договорот - договор што ќе ги заштити нашите витални интереси. Во исто време, продолжуваме со нападите и врз Иран и врз Либан.- Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел Повик за прекин на воените дејствија повторно упати и шефицата на ЕК Урсула фон дер Лајен која оцени дека војната предизвикува неизмерни последици врз светската економија. -Мислиме дека време е да се седне на преговарачката маса и да се стави кај на непријателствата, ситуацијата е критична за снабдувањето со енергенси на светски ниво. - Урсула фон дер Лајен – Претседателка на ЕК Цената на суровата нафта на светските берзи по вчерашниот пад кој дојде кратко по објавата на Трамп за наводни разговори меѓу Вашингтон и Техеран во меѓивреме, повторно се искачи на над 100 долари за барел. Како причина за повторниот скок на цените дел од светските медиуми го наведоа негирањето на Иран дека имало било какви разговори со претставници од САД за ставање крај на војната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСкандалозна судска одлука по разводот на Џесика АлбаРазводот на Џесика Алба добива нов епилог, поранешниот сопруг ќе добие над половина милион долари.Американската актерка Џесика Алба мора да му исплати на својот поранешен сопруг, Кеш Ворен, 577.481 долар – или околу 500.000 евра – од својата пензиска заштеда. Оваа исплата е дел од договорот за развод меѓу поранешните сопружници, пренесува TMZ. Распределба на пензиската заштеда Според судските документи, Ворен го добил наведениот износ од сметката за пензиска заштеда на Алба, која е дел од програмата за распределба на добивката во компанијата „HonorBar Inc.“. Преостанатите средства на сметката ѝ припаѓаат на актерката. Ворен има можност да ги подигне парите во целост или да ги префрли на друга пензиска сметка. Доколку се одлучи за втората опција, тој може да избегне автоматско одбивање на 20 отсто од износот за даночни цели, постапка што вообичаено се применува при вакви исплати. Алба, исто така, е должна да му достави на својот поранешен сопруг изводи од сметките во рок од десет дена по добивањето писмено барање, доколку тој поднесе такво барање во текот на следната година. Поранешните сопружници, кои имаат три деца, официјално се разведоа во февруари 2026 година. Според претходен договор, Алба требаше да му исплати на Ворен три милиони долари, со цел да се изедначи вредноста на имотот што секој од нив го добил по разводот. Поранешните партнери, исто така, подеднакво ги поделија своите удели во разни компании, акциите во „The Honest Company“, како и заработката од проектите на кои работеле за време на нивниот брак.Тагови: Џесика Алба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
ЗабаваФото: Мајли Сајрус покажа фотографии од венчавката: Избрала едноставна елеганцијаМегапопуларната пејачка Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо стапија во брак за време на викендот, а првите фотографии од церемонијата открија каква венчаница одбрала музичката ѕвезда за овој посебен ден. Наместо раскошен фустан со многу детали, Сајрус се одлучи за едноставен и елегантен модел со долги ракави и отворен грб, кој го надополни со впечатливи обетки. Пејачката објави фотографии од церемонијата на кои се гледа венчалниот фустан со долги ракави, отворен грб и едноставен крој. Таа го искомбинира со впечатливи обетки и елегантни чевли со отворена пета, пренесува „Superwoman“. Двојката ја објави својата свршувачка во декември 2025 година, а деталите околу планирањето на свадбата ги чуваше главно во тајност. Уште во март, извор близок до двојката за списанието „People“ изјави дека Мајли не планира голема, традиционална свадба. „Тие не планираат некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и таков тип на прослава едноставно не е во негов стил. Кога ќе се венчаат, тоа ќе биде нешто помало и со посебно значење, само за нив. Тоа нема да биде голема холивудска продукција“, откри тогаш изворот. Мајли претходно изјави дека сака својата врска да ја задржи подалеку од очите на јавноста. Кога на 2 декември ја прашаа за нејзината свршувачка, таа за магазинот „People“ зборуваше за тоа колку приватноста ѝ значи. „Она што можам да го откријам е дека нашата приватност, како и фактот што успеавме сè да задржиме во тесен круг, се работи што и самата ги ценам. Мило ми е што имам повеќе можности да избирам што ќе споделам со другите. Мислам дека тоа е поврзано и со возраста, бидејќи сега многу повнимателно бирам што сакам да откријам“, изјави пејачката.Тагови: Мајли Сајрус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата да гарантира дека нема да има поскапување на струјата и греењето – народот е многу осиромашен!Бараме безусловна гаранција од Владата дека нема да има зголемување на цените на електричната енергија и на топлинската енергија – парното греење, и дека нема да се дозволи ново ценовно цунами врз семејните буџети.Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека оваа Влада дојде на власт со големи ветувања дека ќе ги намали давачките за енергија, ќе интервенира кај мрежарината и ќе го заштити животниот стандард на граѓаните. Наместо олеснување, сведочиме на враќање на инфлаторниот притисок и најави за уште еден удар врз греењето и струјата – со што парното во Скопје за една година се турка кон кумулативен раст од околу 20 отсто, додека во постапките на Регулаторната комисија за енергетика се разгледуваат нови поскапувања на парното за околу 7,2 до 7,55 отсто и најави за раст на струјата од два до три отсто. „Ниту една розева, замислена и фатаморганска статистичка кошница пресметана во владини кабинети не може да ја скрие реалноста на терен: цените на основните прехранбени производи, на давачките и комуналните услуги растат, платите не ги следат зголемувањата на трошоците, а сѐ повеќе семејства едвај го туркаат месецот и до дваесеттиот ден. Постапките за промена на цените од страна на снабдувачите течат паралелно со уверувањата дека стандардот ќе биде заштитен, а ни беше гарантирано од тие кои се сега на власт дека не смее и нема да има префрлање на целиот товар врз граѓаните,“ укажува Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП. ЛДП потсетува дека секакво, па макар и минимално поскапување на енергијата и греењето ќе значи лажење на народот, изневерување на дадените ветувања и јасен доказ за неспособност за управување и менаџирање во интерес на граѓаните, туку само за префрлање на сметките на грбот на народот и негово понатамошно осиромашување. Граѓаните не забораваат што е ветено. Ветувањата за заштита на стандардот и пониски енергетски трошоци мора веднаш да се исполнат, или власта нека си замине од функциите за да дојдат оние што знаат и можат да работат во интерес на граѓаните и државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00