Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување - Канал 5

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Голем број волонтери - членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“, Светиниколско. 

Од канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумување

Пошумувањето е дел од проектот „Зелена трансформација преку пошумување, зелени работни места и младинска инклузија“, што го спроведува ИСОС, со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“.

Во текот на оваа акција за пошумување беа засадени над 4.000 дрвца, како придонес на сметководствената заедница кон обновувањето на зелените површини на претходно опожарениот предел во Светиниколско.

Пред почетокот на садењето, учесниците во акцијата добија практични насоки од вработени во ЈП „Национални шуми“, за правилно засадување на садниците и за безбедност при работа. Потоа, распределени во групи и со стручна поддршка, се вклучија во пошумувањето на локацијата. Акцијата се реализираше во соработка со Сојузот на извидници на Македонија – „Боренка“ и Македонската развојна фондација за претпријатија, a во садењето се приклучија и дваесетина студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

„Како сметководители, но и како главни имплементатори на ESG стандардите, секојдневно ја нагласуваме важноста на одговорното управување со ресурсите. Таа одговорност ја имаме и кон природата. Со оваа акција сакаме да придонесеме за обновување на зелените површини и подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливоста, а истовремено и да ги поттикнеме колегите да размислуваат за своите секојдневни навики, за намалувањето на потрошувачката на хартија и за примената на одржливи практики во својата работа. Благодарна сум на сите членови на Институтот и партнерите што се вклучија во пошумувањето“, изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС.

Акцијата е дел од пошироката цел на проектот на ИСОС за пошумување на деградирани и опожарени површини, развој на зелени вештини и активно вклучување на младите во заштитата на животната средина. Проектот ќе се реализира до февруари 2027 година, а покрај пошумувањето, предвидува и обука за сметководители за еколошките, социјалните и управувачките аспекти на работењето (ESG), како и обука за студенти по сметководство за зелени вештини, циркуларна економија и можности за зелени работни места.

Проектот „Зелена младина, зелен раст“, преку кој е обезбедена поддршката за реализација на оваа акција, е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија, Junior Achievement („Џуниор Ачивмент“) и Центарот за едукација и претприемништво „Можности“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%

50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%. Ова се резултати од националното истражување на аналитика од 2026 година, спроведено на 1.065 возрасни лица. 

 50% од возрасните пушат цигари, а секојдневното пушење се зголемило од 43% на 48,1%

Иако цените на цигарите растеле, платите растеле побрзо, па цигарите станале 17,3% подостапни во однос на просечната плат.

62% од испитаниците забележале пушење во ресторани и кафулиња, а кај 47,3% од пушачите кои се обиделе да се откажат, цената била причина за обидот.денеска за ова сериозна тема зборуваа претставници од здравството, царинската управа, Фондот за здравствено осигурување и Економскиот факултет при УКИМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Бисквит торта

Во вторник (17.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Хрисанти Соња Груевска.

„Гответе со Дракче“ - Бисквит торта

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. бисквити

3 пакетчиња пудинг од ванила

2 кеси смрзнато мешано овошје

1 500 мл. млеко

2 пакетчиња шлаг пена

100 гр. чоколадни трошки

5 лажици шеќер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер