ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии - Канал 5

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 850 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 190 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 20 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 14, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано реализира активности за одржување на јавната хигиена на скопските булевари и улици преку машинско миење со употреба на автоцистерни, што се одвива во доцните вечерни часови.

Секојдневно, во три смени, се спроведува миење и метење и на плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев" и „Слобода", како и Старата скопска чаршија. Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваа и во акција за чистење на подвозникот на булеварот Гоце Делчев под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки и обиди за измама

ЈП „Паркинзи на Општина Центар" ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието.

ЈП ПОЦ предупредува на лажни СМС-пораки и обиди за измама

ЈП „Паркинзи на Општина Центар" ги предупредува граѓаните за појава на лажни СМС-пораки во кои непознати испраќачи го злоупотребуваат името на претпријатието, известувајќи за наводни неплатени обврски за паркирање и упатувајќи ги граѓаните на лажни интернет-страници за извршување уплата.

Во пораките се наведуваат и закани за парични казни од најмалку 20.000 денари, како и за суспензија на регистрацијата на возилото доколку не се изврши плаќањето.

Ја информираме јавноста дека овие СМС-пораки не се испратени од ЈП ПОЦ и дека станува збор за обид за интернет-измама (фишинг), преку злоупотреба на името на претпријатието.

Апелираме до граѓаните да не одговараат на ваквите пораки, да не ги отвораат линковите содржани во нив, да не внесуваат лични податоци и податоци од платежни картички и да не вршат уплати преку овие линкови.

Доколку граѓаните веќе внесле податоци од платежна картичка или извршиле уплата, потребно е веднаш да ја контактираат својата банка и да го пријават случајот во Министерството за внатрешни работи.

За проверка на евентуални обврски за паркирање, ги повикуваме граѓаните да ги користат исклучиво официјалните канали на ЈП „Паркинзи на Општина Центар" – веб-страницата www.poc.mk, електронската адреса [email protected] или телефонските броеви 02/3212-488 и 02/3212-489.

Апелираме до граѓаните на зголемена внимателност со цел да се спречат евентуални финансиски штети и злоупотреби на нивните лични податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

EУ предлага нови санкции против Русија – на удар се банките, нафтата, спортот и руските војници

Европската комисија предложи нов, 22-ри пакет економски санкции против Русија поради продолжувањето на нападите врз Украина.

EУ предлага нови санкции против Русија – на удар се банките, нафтата, спортот и руските војници

Целта е дополнително да се зголеми притисокот врз Москва и да се ограничи финансирањето на војната. Предлогот предвидува исклучување на уште 60 руски банки од системот Свифт и ограничувања за криптоплатформите.

Се предлага и забрана европските компании да вршат поправки на руски енергетски објекти, особено нафтени рафинерии.

Новите мерки предвидуваат и забрана за влез во ЕУ на поранешни руски војници кои учествувале во војната во Украина. Комисијата предлага и исклучување на руските спортисти кои настапуваат под националното знаме од спортските настани во ЕУ.

Ќе им биде забрането и финансирање и учество во управните тела на европските спортски федерации. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, изјави дека санкциите ќе продолжат сè додека Русија не покаже искрена намера за траен мир. За пакетот треба да одлучат земјите-членки, а Брисел се надева на негово усвојување во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер