Рецепти„Гответе со Дракче“ - Бисквит тортаВо вторник (17.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Хрисанти Соња Груевска.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. бисквити 3 пакетчиња пудинг од ванила 2 кеси смрзнато мешано овошје 1 500 мл. млеко 2 пакетчиња шлаг пена 100 гр. чоколадни трошки 5 лажици шеќер Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд канцелариите во природа: ИСОС ја обедини сметководствената заедница во акција за пошумувањеГолем број волонтери - членови на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) спроведоа акција за пошумување во близина на акумулацијата „Мавровица“, Светиниколско. Пошумувањето е дел од проектот „Зелена трансформација преку пошумување, зелени работни места и младинска инклузија“, што го спроведува ИСОС, со финансиска поддршка од Европската Унија, во рамките на проектот „Зелена младина, зелен раст“. Во текот на оваа акција за пошумување беа засадени над 4.000 дрвца, како придонес на сметководствената заедница кон обновувањето на зелените површини на претходно опожарениот предел во Светиниколско. Пред почетокот на садењето, учесниците во акцијата добија практични насоки од вработени во ЈП „Национални шуми“, за правилно засадување на садниците и за безбедност при работа. Потоа, распределени во групи и со стручна поддршка, се вклучија во пошумувањето на локацијата. Акцијата се реализираше во соработка со Сојузот на извидници на Македонија – „Боренка“ и Македонската развојна фондација за претпријатија, a во садењето се приклучија и дваесетина студенти од Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. „Како сметководители, но и како главни имплементатори на ESG стандардите, секојдневно ја нагласуваме важноста на одговорното управување со ресурсите. Таа одговорност ја имаме и кон природата. Со оваа акција сакаме да придонесеме за обновување на зелените површини и подигнување на свеста за важноста на заштитата на животната средина и одржливоста, а истовремено и да ги поттикнеме колегите да размислуваат за своите секојдневни навики, за намалувањето на потрошувачката на хартија и за примената на одржливи практики во својата работа. Благодарна сум на сите членови на Институтот и партнерите што се вклучија во пошумувањето“, изјави Весна Прентоска, претседателка на ИСОС. Акцијата е дел од пошироката цел на проектот на ИСОС за пошумување на деградирани и опожарени површини, развој на зелени вештини и активно вклучување на младите во заштитата на животната средина. Проектот ќе се реализира до февруари 2027 година, а покрај пошумувањето, предвидува и обука за сметководители за еколошките, социјалните и управувачките аспекти на работењето (ESG), како и обука за студенти по сметководство за зелени вештини, циркуларна економија и можности за зелени работни места. Проектот „Зелена младина, зелен раст“, преку кој е обезбедена поддршката за реализација на оваа акција, е финансиран од Европската Унија, а го спроведуваат Македонската развојна фондација за претпријатија, Junior Achievement („Џуниор Ачивмент“) и Центарот за едукација и претприемништво „Можности“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСо претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ се затвора 51. МОТСо две претстави од меѓународната програма, вечерва, на 24 ноември, завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој и оваа година го претвори Скопје во простор за средба на различни театарски јазици, естетики и сценски истражувања.Фестивалската завршница ја носи претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција на грчкиот театарски колектив Процес, која ќе се одигра во 20 часот во салата „Фросина“ при МКЦ. Инспирирана од истоимената збирка раскази на Румена Бужаровска, претставата отвора остар, ироничен и бескомпромисно искрен поглед кон женските искуства, интимните односи и семејните динамики во современото патријархално општество. Преку приказните за сопруги, љубовници, мајки, ќерки и пријателки, на сцената се разобличуваат традиционалните родови улоги, илузиите за еманципацијата и противречностите на човечките односи. Фестивалската програма ќе ја затвори „Ана – непоправливата“, во режија на Надја Панчева, продукција на Арт центар Оренда и Топлоцентрала од Бугарија, која ќе започне во 22 часот во салата „25 Мај“ при МКЦ. Посветена на 18-годишнината од убиството на руската новинарка и активистка Ана Политковскаја, претставата на авторот Стефано Масини се занимава со слободата на говорот, политичката моќ, механизмите на репресија и судбината на оние кои одбиваат да замолчат пред неправдата. Преку сценскиот јазик, таа го поставува прашањето за границите на слободата и цената што ја плаќаат оние кои остануваат доследни на вистината. Со претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ како и бројната, верна публика, 51. издание на МОТ го заокружува своето фестивалско патување, оставајќи простор за дијалог, критичко преиспитување и нови перспективи кон општеството во кое живееме. И покрај бројните организациски, финансиски и продукциски предизвици со кои се соочи ова издание, МОТ и годинава успеа да ја реализира својата програма и да ја одржи континуираната линија на меѓународна театарска размена. Тоа е особено значајно ако се има предвид дека МОТ е единствениот театарски фестивал во државата со меѓународна програма кој повеќе од пет децении се одржува во континуитет, без прекин – опстојувајќи и низ различни политички и општествени премрежја, институционални предизвици, финансиски неизвесности, па дури и во услови на светска пандемија. Повеќе од пет децении, МОТ не е само фестивалска платформа, туку важен дел од културниот идентитет на Скопје и домашната независна и институционална театарска сцена. Неговиот континуитет е резултат на посветеноста на генерации театарски работници, уметници, соработници и публика кои веруваат во потребата од отворен, критички и современ театарски простор. Затоа, затворањето на ова издание не е само крај на уште еден фестивалски циклус, туку и потврда дека МОТ продолжува да опстојува, да создава и да ја брани потребата од современ, храбар и меѓународно поврзан театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter