3ЈП Комунална хигиена-Скопје-Во текот на минатата недела се отстранети 850 кубни метри отпад од диви депонии
ФудбалНови возбудувања во Лигата на шампионите, Реал, Арсенал и Манчестер Сити пред сериозни предизвициНатпреварот во Мадрид е еден од најзначајните дуели во петтото коло од лигашката фаза, при што Реал влегува во пресметката со перфектен учинок по четири одиграни натпревари. Бодовите се многу поважни за ПСВ, бидејќи тие моментално се наоѓаат во долниот дел од табелата и мораат да ја подобрат својата позиција во трката за пласман во следната фаза. Во вторник се играат и неколку други исклучително интересни натпревари. Арсенал ќе ја пречека Борусија Дортмунд, додека Манчестер Сити ќе се соочи со Наполи. Посебно внимание привлекува и дуелот меѓу Галатасарај и Астон Вила, додека Порто гостува кај Феенорд, а Лајпциг ќе биде домаќин на Ленс. Распоред на натпревари – вторник, 24 ноември: 18:45 часот Бодо/Глимт – ЛАСК Галатасарај – Астон Вила 21:00 часот Арсенал – Борусија Дортмунд Комо – АЕК Атина Феенорд – Порто Манчестер Сити – Наполи Лајпциг – Ленс Реал Мадрид – ПСВ Слован Братислава – БетисТагови: Лига на шампионите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Бисквит тортаВо вторник (17.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Хрисанти Соња Груевска.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. бисквити 3 пакетчиња пудинг од ванила 2 кеси смрзнато мешано овошје 1 500 мл. млеко 2 пакетчиња шлаг пена 100 гр. чоколадни трошки 5 лажици шеќер Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураСо претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ се затвора 51. МОТСо две претстави од меѓународната програма, вечерва, на 24 ноември, завршува 51. издание на Меѓународниот театарски фестивал МОТ, кој и оваа година го претвори Скопје во простор за средба на различни театарски јазици, естетики и сценски истражувања.Фестивалската завршница ја носи претставата „Мојот маж“ во режија на Марија Манганари, во продукција на грчкиот театарски колектив Процес, која ќе се одигра во 20 часот во салата „Фросина“ при МКЦ. Инспирирана од истоимената збирка раскази на Румена Бужаровска, претставата отвора остар, ироничен и бескомпромисно искрен поглед кон женските искуства, интимните односи и семејните динамики во современото патријархално општество. Преку приказните за сопруги, љубовници, мајки, ќерки и пријателки, на сцената се разобличуваат традиционалните родови улоги, илузиите за еманципацијата и противречностите на човечките односи. Фестивалската програма ќе ја затвори „Ана – непоправливата“, во режија на Надја Панчева, продукција на Арт центар Оренда и Топлоцентрала од Бугарија, која ќе започне во 22 часот во салата „25 Мај“ при МКЦ. Посветена на 18-годишнината од убиството на руската новинарка и активистка Ана Политковскаја, претставата на авторот Стефано Масини се занимава со слободата на говорот, политичката моќ, механизмите на репресија и судбината на оние кои одбиваат да замолчат пред неправдата. Преку сценскиот јазик, таа го поставува прашањето за границите на слободата и цената што ја плаќаат оние кои остануваат доследни на вистината. Со претставите „Мојот маж“ и „Ана – непоправливата“ како и бројната, верна публика, 51. издание на МОТ го заокружува своето фестивалско патување, оставајќи простор за дијалог, критичко преиспитување и нови перспективи кон општеството во кое живееме. И покрај бројните организациски, финансиски и продукциски предизвици со кои се соочи ова издание, МОТ и годинава успеа да ја реализира својата програма и да ја одржи континуираната линија на меѓународна театарска размена. Тоа е особено значајно ако се има предвид дека МОТ е единствениот театарски фестивал во државата со меѓународна програма кој повеќе од пет децении се одржува во континуитет, без прекин – опстојувајќи и низ различни политички и општествени премрежја, институционални предизвици, финансиски неизвесности, па дури и во услови на светска пандемија. Повеќе од пет децении, МОТ не е само фестивалска платформа, туку важен дел од културниот идентитет на Скопје и домашната независна и институционална театарска сцена. Неговиот континуитет е резултат на посветеноста на генерации театарски работници, уметници, соработници и публика кои веруваат во потребата од отворен, критички и современ театарски простор. Затоа, затворањето на ова издание не е само крај на уште еден фестивалски циклус, туку и потврда дека МОТ продолжува да опстојува, да создава и да ја брани потребата од современ, храбар и меѓународно поврзан театар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00