Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
1Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)
3„SpaceX“ ќе испрати милион сателити за вештачка интелигенција во вселената – Научниците се вознемирени
ФудбалСветскиот шампион ги воодушеви сите со скромноста- вози автомобил од 3.000 евра Унаи Симон со години е прв голман на шпанската репрезентација и на Атлетик Билбао.На само 29 години, тој веќе стана светски и европски шампион со Шпанија и ја освои Лигата на нации. Целата своја кариера ја помина во Атлетик, за кој е емотивно поврзан, и заради клубот одби значително повеликодушни понуди. На Светското првенство во 2026 година, Симон ја освои и Златната ракавица, наградата за најдобар голман на турнирот. Шпанија прими само еден гол на патот до титулата, а Симон не прими гол во седум од осум натпревари. Парите и луксузот очигледно не се приоритет за Симон. Иако има одлична плата во Билбао, таа не може да се спореди со сумите што би можел да ги заработи во Англија, каде што клубовите покажаа сериозен интерес за него. Неговата скромност најдобро се илустрира со автомобилот што го вози, кој е значително различен од скапите модели што ги поседуваат повеќето негови колеги. 🎙️ Unai Simón: "¿Comprarme cochazos? Tengo uno y hasta que el motor no diga basta, ahí voy a seguir. Es un Renault Vel Satis. Llevo ocho años con él... Y si sigo con él ocho más, mejor. Con que arranque y me lleve a entrenar a Lezama, suficiente". 🚗 [@abc_deportes] https://t.co/IxVMH33qy3 — Athletic Xtra (@AthleticXtra) September 25, 2026 Возилото е старо осум години Кога го прашаа дали се почастува со скапи автомобили, Симон одговори едноставно. „Имам автомобил и ќе го возам додека не откаже моторот“, рече тој и откри за кој модел станува збор. „Тоа е Рено Вел Сатис. Го имам осум години и ако ми служи толку подолго, толку подобро. Ќе биде со мене сè додека пали и може да ме однесе на тренинг во Лезам“, рече тој. Овој осумгодишен модел на автомобил се продава во Хрватска за околу три илјади евра во просек. Ставот на Симон отстапува од сликата што често се поврзува со врвните спортисти, чиј успех често се мери со скапи часовници, автомобили и недвижности. Симон не верува дека успехот се докажува со материјален статус, а практичноста е очигледно поважна за него отколку впечатокот што го остава. Унаи Симон е роден во Виторија и целиот свој живот е поврзан со Атлетик Билбао, каде што е член на првиот тим од 2018 година. Поминал низ сите помлади возрасни групи на шпанската репрезентација, а дебитираше за сениорскиот тим во 2020 година и досега има 66 настапи.Тагови: автомобил скромност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле речиси целиот златен накит.На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините. За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат. Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПортугалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со биковиБорбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови. Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување. Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии. Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.Тагови: бикови Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаж уапсен на холандски аеродром откако во багажот скрил 26 загрозени желкиМинатата недела, холандските власти на аеродромот „Схипхол“ запленија 26 желки од загрозениот вид Валарта, соопшти денеска Холандската управа за безбедност на храна и потрошувачки производи (NVWA).Ова е еден од најмалите видови желки во светот. Тие биле донесени од Мексико, каде што во дивината преостанале само околу 300 единки. Според „NVWA“, желките биле скриени во чекираниот багаж на маж кој патувал за Хонгконг. Мажот е уапсен, а истрагата е во тек. Желки завиткани во селотејп Повеќето од желките биле завиткани во селотејп за да се оневозможи нивното движење, а потоа биле ставени во кутија. Други биле скриени во чорапи. Од „NVWA“ потврдија дека сите желки преживеале и се пренесени во специјализиран центар за спасување животни. Цената на црниот пазар за една желка од видот Валарта може да достигне и до 30.000 долари, објави минатиот месец организацијата „Центар за биолошка разновидност“ со седиште во САД. Организацијата, исто така, ја повика мексиканската влада да преземе построги мерки за заштита на овие животни.Тагови: желки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter