Екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика – пример за скромност, посветеност и хуманост - Канал 5

Екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика – пример за скромност, посветеност и хуманост

Бајден, Макрон, Зеленски... веројатно нема рецепт за совршен претседател, но очигледно има лидери, кои и по крајот на мандатот, остануваат врежани во колективната меморија кај својот народ. 

Екс уругвајскиот претседател Хозе Мухика – пример за скромност, посветеност и хуманост

Таков е примерот со поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика, кој го красеше епитетот најсиромашен лидер на светот. Десетина години откако си замина од функцијата со рекорден рејтинг од 70 проценти, славниот Пепе како што го нарекуваат и во деветата деценија од неговиот живот, се уште е доста популарен. Иако беше шеф на државата во краток период од 2010 до 2015 година, сепак постави нови стандарди за функцијата.

-Тие што сакаат многу пари, мора да излезат од политиката. Дали тоа значи дека треба да се казнат тие кои сакаат многу пари? Не. Тие треба да бидат во трговија, во индустриите каде богатството се зголемува, во секакви бизниси итн. Тоа е во ред, таму да. Но, не во политика. - Хозе Мухика

Познат по неговиот скромен животен стил, Мухика се откажа од 90 проценти од платата висока 12 илјади долари кои ги намени за добротворни цели. Наместо од претседателската вила, државата ја водеше од трошна колиба во предградието на Монтевидео, опкружен со животни и миленици, меѓу кои и Мануела, кучето со три нозе кое го спасил со сопругата. За разлика од многу негови колеги, Мухика стана познат и по тоа што на работа доаѓаше со сината буба која ја поседуваше од далечната 1986 година.

-Скромноста за нас е алатка за да имаме слобода. Ако имам многу материјални работи или врски, јас ќе го поминам животот барајќи ги тие приврзаности. - Хозе Мухика

Неговата популарност придонесе неговата сопруга Лусија Тополански, која исто така долги години е во политиката да стане и потпретседателка на Уругвај, само две години откако тој си замина од функцијата. Мухика по крајот на мандатот се откажа и од претседателската и сенаторската пензија, а останува и единствениот светски лидер кој за време на својот мандат ги легализираше, еднополовите бракови, марихуаната и правото на абортус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што се случи со свршеничкиот прстен на Меган Маркл?

Веќе девет месеци Меган Маркл не е видена во јавноста со својот свршенички прстен.

Што се случи со свршеничкиот прстен на Меган Маркл?

На денешен ден, пред девет години, војвотката од Сасекс за првпат го покажа прстенот пред јавноста, откако таа и принцот Хари ја објавија својата свршувачка. Експертите сега шпекулираат дека прстенот – за кој се вели дека бил преправен дури четири пати – можеби претрпел оштетувања поради овие бројни измени, пренесува германското издание на „Гала“.

Меган последен пат го носела прстенот – чија вредност се проценува на околу 120.000 фунти – на натпреварот „НБА Ол-стар“ во Калифорнија. Сали Аркли-Вејд, раководител за набавки во јувелирската куќа „Ернест Џонс“ изјави за „Дејли мејл“ дека накитот можеби е оштетен како последица на повеќекратните преправки.

Прстен со посебно значење

Принцот Хари го дизајнираше прстенот во соработка со јувелирската куќа „Клив енд компани“. Два помали дијаманти потекнуваат од нараквици што ѝ припаѓале на принцезата Дијана, додека централниот камен доаѓа од Боцвана – земја која има посебно значење за двојката.

Првите промени беа забележани во 2019 година, за време на парадата „Трупинг д колор“. Обрачот на прстенот беше заменет со потенка верзија, украсена со ситни дијаманти. Според книгата „Finding Freedom“ од Омид Скоби, оваа измена била идеја на Хари. Дополнителни промени беа забележани на „ nvictus Games“ во 2022 година.

Дали преправките го оштетиле прстенот?

Џејмс Константину, основач на „Престиж понброкерс“, предупредува дека честите измени на едно парче накит можат да го ослабат неговиот структурен интегритет. Дупчењето ситни отвори во металот за да се вметнат дополнителни дијаманти може да влијае врз стабилноста на прстенот.

Од „Гала“ сугерираат дека прстенот можеби е на поправка. Тој претходно бил поправан поради проблем со лежиштето на еден од камењата. Сепак, сè уште не е потврдено зошто Меган повеќе не го носи во јавноста.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

Четири маскирани лица денеска ограбиле златарница на улицата „11 Октомври“ во Куманово, од каде го украле  речиси целиот златен накит.

Филмски грабеж во Куманово: Газдата на молитва во џамија, крадците му ја испразнија златарницата (ВИДЕО)

На видеоснимката од безбедносните камери, објавена на Фејсбук-страницата на телевизијата Алсат, се гледа како маскираните лица упаѓаат во дуќанот со скала, а потоа со огрмона брзина го крадат накитот од витрините.

За само неколку минути, четворицата излегуваат од златарницата со торба полна со накит и исчезнуваат.

Алсат објави снимка од грабежот, направена од надзорните камери.

За тоа време, според локалните медиуми , сопственикот бил на петочна молитва во џамија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Борбите со бикови ќе се вратат на португалскиот јавен сервис, „RTP“, во 2027 година, по шестгодишна пауза.

Португалскиот парламент му наложи на јавниот сервис повторно да емитува борби со бикови

Португалскиот парламент го усвои предлогот на крајно десничарската партија „Chega“, со кој се задолжува јавниот сервис да емитува борби со бикови.

Одлуката предизвика остри критики, а повеќе од 86.000 луѓе потпишаа петиција против задолжителното емитување.

Предлогот беше усвоен за време на гласањето за одредени одредби од државниот буџет за 2027 година. Тој беше поддржан од централно-десничарската Социјалдемократска партија (PSD), конзервативната „CDS-PP“ и крајно десничарската партија „Chega“. Социјалистичката партија (PS) првично беше воздржана, но на подоцнежна пленарна седница гласаше против оваа мерка, придружувајќи им се на другите опозициски партии.

Според усвоениот предлог, борбите со бикови ќе се емитуваат како дел од културното наследство на Португалија. „RTP“ ќе ја задржи надлежноста да одлучува кои борби со бикови ќе се емитуваат, како и на кои канали и во кои термини ќе се врши преносот. Мерката мора да се спроведе без дополнителни трошоци за државниот буџет, а „RTP“ е обврзан до 31 јануари 2028 година да достави извештај до парламентот, во кој ќе бидат наведени емитуваните борби со бикови и податоци за нивната гледаност, пренесува „Euronews“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер