3Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЖивотСветската криза со храна ќе се влошува – милиони луѓе соочени со гладШестмесечните борби меѓу Русија и Украина го доведоа глобалниот систем на храна во целосна катастрофа, оставајќи милиони луѓе соочени со глад.Милиони луѓе се соочуваат со глад додека војната се комбинира со финансиски и климатски шокови. Шестмесечните борби меѓу Русија и Украина – две земји земјоделски моќници – го доведоа глобалниот систем на храна во целосна катастрофа, оставајќи милиони луѓе соочени со глад. Војната ја влошува кризата која веќе е поттикната од климатските промени, зголемените трошоци за живот и зголемувањето на цената на ѓубривата што ја создава најакутната глобална криза со храна во последните децении. Договорот со посредство на ОН за повторно отворање на Црното Море за бродови со храна можеби не е доволен за да им донесе олеснување на милиони луѓе кои настојуваат да дојдат до храна низ Африка, Азија и Блискиот Исток. „Работам во овој сектор повеќе од 15 години и ова за мене е најлошата криза што сме ја виделе“, вели Карин Смалер, извршен директор на Центарот Шамба, тинк-тенк кој работи на ставање крај на глобалниот глад. Хуманитарните агенции се трудат да се подготват за уште покритични нивоа на глад, бидејќи се соочуваат со годишен јаз од 14 милијарди евра во трошоците за безбедноста на храната, според извештајот за 2020 година на Церес 2030, исто така тинк-тенк. Војната на Москва во европската житница сериозно ги потресе светските пазари на храна, принудувајќи ги хуманитарните агенции да ги намалат оброците на храна во земји како Јемен. Триесет и шест земји се потпираат на Украина и Русија за повеќе од половина од нивниот увоз на пченица. Специјална работна група на ОН за кризи набљудува повеќе од 60 земји кои се борат да платат за увоз на храна. Високите цени на енергијата и нестабилноста на пазарите на храна извршија дополнителен притисок врз земјите во развој кои немаат пари. Како што се повеќе луѓе се гладни на глобално ниво, целта на ОН да се стави крај на гладот до крајот на деценијата изгледа подалеку од кога било. Сушата го зафати Рогот на Африка, оставајќи околу 26 милиони луѓе соочени со недостиг на храна во Кенија, Етиопија и Сомалија во следните шест месеци. Повеќе од 7 милиони грла добиток веќе се збришани. Во цела Источна Африка, околу 50 милиони луѓе се соочуваат со акутна несигурност за набавка на храна. Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци, напиша на Твитер: „Глад што може да се спречи, му се заканува на регионот на Рогот на Африка“. Ова е „мега-кризата за која никој не зборува“, предупреди Егеланд. Во Либан, исто така голем увозник на руска и украинска пченица, вистинската инфлација на храната изнесува 122 проценти. Инфлацијата на домашната цена на храната е висока во речиси сите земји со низок и среден приход, според Светската банка. Тоа значи дека е тешко луѓето да си дозволат храна дури и на места каде што нема недостаток. Луѓето плаќаат повеќе за основните потреби насекаде, од Перу до Бурунди. Според Светската програма за храна, рекордно високо ниво од 49 милиони луѓе во 46 земји би можеле да западнат во глад или „услови слични на глад“ среде кризата со храна. Најпогодени земји се Етиопија, Нигерија, Јужен Судан, Авганистан, Сомалија и Јемен, каде има 750.000 луѓе кои се соочуваат со глад и смрт, од кои 400.000 се само во регионот Тигреј во Етиопија, каде што е во тек граѓанска војна. Ниските девизни резерви го отежнуваа увозот на храна за Шри Ланка. Соборената влада се обиде да ја подобри кризата во платниот биланс со забрана на увоз на ѓубрива, што – заедно со целосна забрана за нивно користење – доведе до уништување на половина од родот на оризот во земјата. „Домашното производство на храна драстично се намали во текот на изминатата година, недостигот на гориво го отежна производството, преработката, транспортот и малопродажбата, а увозот на храна и гориво е премногу скап“, рече Шалмали Гутал, извршен директор на тинк-тенкот Фокус. Далеку од обична пловидба Договорот меѓу Русија, Украина, Турција и ОН за рестартирање на извозот на храна од украинските пристаништа на Црното Море помогна донекаде да се олеснат пазарите. Цените на пченицата се намалија за 14,5 отсто меѓу јуни и јули, поттикнати од изгледите за извоз на околу 20 милиони тони жито заклучени во украинските силоси. Но, договорот започна бавно и несигурно откако беше потпишан на 22 јули. Русија веднаш го погоди пристаништето Одеса со проектили, а Украина, иако е оптимист дека тоа ќе доведе до многу потребното финансиско олеснување за нејзините земјоделци, вели дека има само „мали шанси“ да успее. Десетина бродови што досега се охрабрија да поминат низ поморскиот коридор, во голема мера беа оние што беа заглавени во Украина по избувнувањето на војната. Остануваат огромни предизвици да се обезбедат поголем број бродови, кои ќе носат помош во храна. Дури и ако Украина и Русија извезуваат со полн капацитет, експертите се претпазливи дека договорот може лесно да биде поништен. „Дали е доволно да се врати предвоениот статус кво? Не“, напишаа двајцата земјоделски економисти Џозеф Глаубер и Дејвид Лаборд во јули. „Една погрешна ракета може да ги натера осигурителните компании да го откажат осигурувањето“, напишаа тие. Светот го задржува здивот „Сè уште не е јасно дали Украина навистина може да успее да извезе сè што треба итно да се извезе“, рече Доминик Цилер, потпретседател на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД), агенција на ОН. „Сè уште се плашиме дека овој недостиг на основните намирници може да предизвикаат превирања на пазарите на суровини и повторно да доведат до поскапувања што пак ќе ги погодат најсиромашните во руралните области“, рече Цилер. Горештини Многу делови од светот се соочуваат со екстремни временски феномени делумно поради климатските промени. Екстремните горештини во Јужна Азија и САД, сушата во големи делови од Европа и Источна Африка и Кина, и поплавите во Кореја доведоа до уништување на големи пространства на земјоделски култури, што ја направи достапната храна поскапа. „Во целина, глобалните залихи на житарки и маслодајни семиња се мали, а тоа е дел од приказната за инфлацијата на храната“, рече Робин Андерсон, која ја претставува земјоделската индустрија во Комитетот за светска безбедност на храната на ОН. Производство на пченица се предвидува да опадне во 2022 година, за прв пат по четири години. „Потребно е земјоделствотото постојано да работи со пол капацитет на сите континенти, бидејќи климатските промени секогаш ќе значат дека некој се бори“, тврди Андерсон. Растот на цената на ѓубривата, исто така, го поскапи одгледувањето храна. Еден официјален претставник на ОН предупреди дека кризата е „огромна“ и се заканува да ја продолжи кризата со глад доколку фармерите ширум светот користат помалку хемикалии за зголемување на приносите. Цената на вештачкото ѓубриво веќе беше висока и пред Русија да ја нападне Украина, но поради зависноста на индустријата од природен гас – кој така вртоглаво поскапе по војната – таа се зголеми уште повеќе. „Зголемувањето на цените на ѓубривата и загриженоста за достапноста фрлаат сенка на идните жетви, и на тој начин ризикуваат да се задржат високите цени на храната подолг период“, велат од тинк-тенк ИФПРИ. Се појавија низа меѓународни политички иницијативи за справување со кризата, вклучително и од Франција и Германија, но експертите веруваат дека тие нема да бидат ефекасни без голема инекција на готовина. „Сите тие се навистина добри иницијативи. Не е јасно дали има дополнителни пари“, вели Смалер, од Центарот Шамба. Светската програма за храна донираше 8 милијарди долари оваа година, но потребни се вкупно 22 милијарди долари. Доколку се најдат пари, итната помош би можела да помогне да се спречат најголемите последици од кризата со глад оваа година, но експертите велат дека на светот му се потребни системски промени. „Кога има криза, секогаш постои голема подготвеност да се даде итна помош, која нема да создаде одржлив развој, туку ќе ги спречи луѓето да умрат. Но, кога се работи за создавање отпорност, за финансирање на долгорочен развој, потешко е да се мобилизираат средства“, рече Цилер од ИФАД. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаСе нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакциниКафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот.Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот на дел од семејствата кои сега тврдат дека биле жртва на измама од негова страна. Се нижат сведоштвата на семејства кои се охрабрија да говорат за нивната, како што велат, средба со М.А. од Велес кој им нудел лек против канцер, за кој една доза наплаќал по 3200 евра. Наводно, ќерка на заболен од канцер успеала да сними и дел од конвезрацијата, за која тврди дека била со велешанецот, во неговиот автомобил. После четвртата недела, значи, кај 5тата недела веќе ќе провериме крвни слики на него, комплет. ЦРП, АСТ, АЛТ, протеини, сето тоа, ќе провериме се, ќе видиме до кај сме, оти таа знае да реагира после четвратата недела, најчесто реагира, помеѓу четвртата и шестата(недела) почнува.. - Наводно снимка од М.А (Извор: Слободен Печат) Постои црн пазар за лекови и вакцини во земјава, и постојат лица кои не поминуваат само со финансиска измама, туку и со последици по здравјето, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Тој апелира до граѓаните да не посегнуваат по лекови кои не се лиценцирани, и по лекување надвор од здравствени установи. -Јас знам дека кога се соочувате со тешка болест ги барате сите можни начини да стигнете до оздравување, меѓутоа тоа отвора простор за многу хохштаплери и криминалци. Така што, колку повеќе проверуваме од каде е потеклото, зошто е потеклото и да го користиме законска устанува, мислам дека е најдобра заштита од ваков тип на изјави,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Велешанецот е добро познат на полицијата, и тоа ширум земјава, а покрај кривичната пријава која ја добил од жител на Кавадарци, има и кривична пријава од СВР Охрид за „Измама“ и „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ како претседател на здружението „Мобилност“ – Велес, кое е за лица со телесен инвалидитет. На 20.03.2023 година, се стекнал со противправна корист од 600.000 денари на штета на М.Г од Охрид, доведувајќи го претходно во заблуда да аплицира во европски фондови за грант и проект Адреналински парк и дека доделените парични средства би се префрлиле на фирмата на М.Г. за да се изгради паркот во неговиот авто-камп во Охрид. Канал 5 упати прашања и до обвинителството за тоа дали постои правен механизам по сведоштвата да се отвори истрага по допрен глас, или сепак жртвите ќе треба сами да пријават. Дополнително, откако излегоа бројни сведоштва, прашавме дали стравуваат од евентуално негово бегство. До подготовка на прилогот, одговорот не добивме, но од таму најавија дека се подготвува. Во домот на велешанецот по пријавата на Димитров бил извршен претрес, по што му бил одземен мобилен телефон. Канал 5 стапи вчера во контакт и со 47 годишниот со иницјали М.А. кој ги аплицирал вакцините, кој тврди дека ги набавувал од Белград, дека вакцината била автентична, и дека не вбризгувал физиолошки раствор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Почна вакцинацијата против сезонски грип. Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Тој апелира здравствените работници да се вакцинираат. Вчера биле испратени пет илјади пораки до граѓани за вакцина. Оваа недела имало 65 пациенти со сипмотими на грип пријавени, кај двајца грипот бил и потврден. Пулмолозите апелираат на вакцина, бидејќи грипот ќе помине, но последиците од него остануваат и по прележувањето. Од „Мој термин“ за еден ден испратиле пет илјади пораки за повик за вакцина. На 15 ноември ќе пристигнат нови 26 илјади дози вакцини. Првата вакцина против грип ја примил жител од Виница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба.Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел. Уште фрапира фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата. Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров. И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22