Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканБура ја парализира Словенија: Бегале од град и предизвикале хаос (ВИДЕО)Се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале.Бура проследена со град, силни ветрови и обилни дождови погоди делови од Словенија попладнево, а најлошата ситуација е забележана во областа околу Драмаљ и Плетоварј, во близина на Словенске Коњице, каде што граѓаните пријавуваат големи материјални штети. Во овие области падна град со големина на лешник, а фотографиите што кружат на социјалните мрежи покажуваат овоштарници и лозја покриени со мраз, како да наврнал лесен снег. Според порталот „Siol.net“, околу 15 часот бурата ги зафатила и другите делови на Штаерска, каде што возачите, плашејќи се од град, застанале под надвозници и во тунели. „Reševalni pas“ објави на Фејсбук дека, според неофицијални информации, се случила сообраќајна несреќа во еден од тунелите поради возила што застанале. „Исклучително глупав, опасен, неразумен и луд потег, особено затоа што, според снимките од камерата во близина на Драмаљ, возачите имале можност да се тргнат од автопатот само неколку секунди пред надвозникот“, соопшти институтот, додека некои корисници на социјалните мрежи изјавија дека на несовесните возачи „треба доживотно да им се одземат возачките дозволи“. Неколку помали бури се движеа југоисточно од Словенија во текот на попладнето, над Вараждинската, Крапинско-Загорската, Загребската и Карловачката жупанија во Хрватска, но засега нема информации за голема бура. Словенечката агенција за заштита на животната средина (ARSO) објави дека се очекуваат нови врнежи од дожд со грмотевици во текот на попладневните и вечерните часови, но дека временските услови треба да се смират во текот на ноќта. Во некои низински подрачја во внатрешноста на земјата е можно и краткотрајно формирање магла, објави „ARSO.“Тагови: бура словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРеакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на ПрилепДенешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“.Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои возовите “летаат“ 200 км на час, незаборавајќи притоа да го спомене и “талогот“ како главен кочничар на економскиот развој и европскиот пат на Македонија. Вршејќи увид во работите на кружниот тек Табана, кој патем речено требаше да биде готов пред 2 месеца, Мицкоски зборуваше и за невидените успеси на градоначалникот Дејан Проданоски, кои постојат само во неговата фантазија и никаде на друго место. Добро е што премиерот дојде во Прилеп, во градот на театарот без театарска куќа, во градот на спортот без спортски сали и со најголемиот спортски бренд во изумирање. Бидејќи само така можеше да се увери во мизеријата од 5-годишното раководење на ДПМНЕ со општина Прилеп. Мицкоски ја пропушти шансата да го посети опожареното Мариово и да види како преморените пожарникари, со несоодветна опрема и механизација, петти ден со натчовечки напори се справуваат со огнената стихија. Да им каже на пожарникарите дека нема да има набавка на нови воздухоплови за гаснење на пожарите, оти приоритет е купување нов авион за Владата. Мицкоски не ги посети ниту реализираните изборни ветувања на градоначалникот Проданоски: обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“, реновираната Универзална сала, излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“, трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, пешачките и велосипедските патеки на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, адреналинскиот парк кај Старо Лагово... „Грижата“ на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски за економски развој на градот, за подобар стандард на прилепчани, навистина е видлива на секој чекор и во секој сегмент од општественото живеење на граѓаните на општина Прилеп! Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица Нилска треска потврдена кај угинат гавран во центарот на Скопје, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Птицата ја пријавиле граѓани во агенцијата за храна и ветеринарство и било веднаш реагирано. Теренското прскање продолжува и се бара од граѓаните да не стопираат во прскањето, бидејќи се работи за квалитени и ефикасни средства што не се штетни по здравјето на луѓето. Исто така општествени одговорни компаии учестуваат со 12 возила за прскање. Она што треба во иднина да се превземе е да се направи регионално прскање на комарците кои поради топлите зими преживуваат, но и праскањето да биде порано и навремено одржување на одводните канали и септичките јами. Не може една општина да прска,а друга не. Комарците не познаваат општини. На Инфективна болница хоспитлизирани се 43 пациенти, пет од нив се на интензивно лекување. Освен што има пациенти од Драчево, Илинден има потврда на пациенти од општина Центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомвриПо повеќенеделни калкулации, српскиот претседател Вучиќ потврди дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат во октомври, односно дека во игра се два датума – 18-ти или 25-ти октомври.Тој во интервју за српскиот јавен сервис, рече дека за неколку дена ќе го објави точниот датум, по што ќе ги распише изборите. Вучиќ не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот коалциски партнер, Српската социјалстичка партија на Ивица Дачиќ самостојно да настапи на изборите, особено по шпекулаците во јавноста дека Дачиќ наводно планирал да се кандидатира за претседател на Србија. Вучиќ пак, претходно пројави амбиции за премиерското место, со оглед дека нема право на трет мандат како шеф на државата..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook