Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
1Водата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на храна
3Чилиманов: ЛДП му нуди помош на неспособното ЈО - отворете експресна постапка за независноста, па споредете со случајот „Груби“, по член 353 од КЗ!
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ХороскопДневен хороскоп за 29. август 2026 година Дневен хороскоп за сабота, 29. август 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца. Кариера Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори. Здравје и совет Бидете доследни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале. Кариера Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни. Здравје и совет Мала нерамнотежа со крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите. Кариера Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас. Здравје и совет Можете и со мали чекори да стигнете до целта. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга. Кариера Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни. Кариера Некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат. Здравје и совет Нема нешто што не можете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите. Кариера Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте. Кариера Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех. Здравје и совет Покажете се пред светот. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите. Кариера Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро. Кариера Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено. Здравје и совет Анализирајте ја својата потсвест. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт. Кариера Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно. Здравје и совет Не ги заборавајте шефовите. Рак 22.6-22.7. Љубов Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни. Здравје и совет Малкумина сега се посилни од вас. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс. Кариера Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации. Здравје и совет Верувајте на својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХари Кејн зборува отворено за „Златната топка“, Меси и Роналдо: „73 гола зборуваат сами за себе“Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси.Напаѓачот на Баерн Минхен, капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, разговараше со шпанскиот весник „Марка“ за трката за „Златната топка“, за своите амбиции во Лигата на шампионите, за Жозе Мурињо и за Лионел Меси, како и за факторите што му овозможуваат да напредува и покрај годините. Иако зад себе ја има сезоната од соништата во која постигна 73 гола на 65 натпревари, Кејн останува скромен кога станува збор за индивидуалните признанија. „Никогаш не сум сакал премногу да зборувам за себе. Можам само да кажам дека минатата сезона беше неверојатна, како на личен план, така и за тимот. Тоа несомнено беше најдобрата сезона во мојот живот. Фактот е дека 73 гола – втор најголем број во историјата – зборуваат сами за себе. Исклучително сум горд на тоа, но ’Златната топка‘ не зависи од мене; таа зависи од луѓето што гласаат“, изјави англискиот напаѓач, додавајќи дека евентуална церемонија за доделување на наградата во неговиот роден Лондон би имала посебно значење. Кога станува збор за европската елита, Кејн отворено призна дека трофејот во Лигата на шампионите претставува најголем преостанат предизвик за Баварците по болната елиминација минатата сезона. „Минатата сезона беше навистина добра за нас. Завршивме како втори во лигашката фаза и одигравме одлични натпревари против Аталанта, Реал Мадрид и ПСЖ. Бевме многу блиску; имаме самодоверба и вистински тренер. Се работи за тоа да се направи тој последен чекор“, изјави Кејн, кој во елитното натпреварување ќе се соочи со Атлетико Мадрид токму на стадионот каде што го загуби финалето со Тотенхем. Зборувајќи за својата форма и физичка подготвеност во најдобрите играчки години, тој особено ја истакна соработката со спортскиот лекар Алехандро Елоријага – со кого соработува веќе шест и пол години – посочувајќи го како клучен фактор за одржување на неговите настапи на највисоко ниво. Кејн со голема почит се наврати на периодот кога соработуваше со португалскиот тренер Жозе Мурињо во Тотенхем, истакнувајќи дека Мурињо му давал целосна слобода на теренот и совршено го разбирал секој детал од играта. Тој исто така се осврна на можноста да ја освои својата трета „Златна копачка“ – успех со кој би им се придружил на Лионел Меси и Кристијано Роналдо – и се присети на емотивната средба со Аргентинецот по елиминацијата од Светското првенство. „Меси и Роналдо доминираа во фудбалот цела една генерација. Да се биде дел од тој разговор е нешто посебно. Чувствувам огромна почит кон Меси; тој е неверојатен играч и многу скромен човек кој секогаш го ставаше тимот пред себе“, изјави Англичанецот. На крајот, напаѓачот истакна дека најважниот столб на неговата кариера е семејната стабилност што ја има со сопругата, родителите и најблиските, нагласувајќи дека среќата надвор од теренот директно се одразува на неговите настапи за Баерн и за националниот тим.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење и подготовка на хранаВодата во струмичките села Рич, Попчево, Белотино и Вељуса се забранува за пиење, подготовка на храна и послужување во јавни објекти, соопштија вчера попладне од Општина Струмица.Одлуката е донесена од агенцијата за храна и ветеринарство, по спроведен вонреден инспекциски надзор. Според информациите објавени од општината, при надзорот било утврдено отсуство на резидуален хлор, како и контаминација со бактерии кои се индикатори на фекално загадување.забраната не се однесува само на директно консумирање на водата. Таа не смее да се користи ниту за подготовка на храна, како и за послужување во јавни објекти во засегнатите населени места. Од Општина Струмица апелираат жителите на Рич, Попчево, Белотино и Вељуса строго да се придржуваат до изречената забрана.мерката ќе остане во сила сè додека надлежните институции не утврдат дека водата повторно е исправна и безбедна за употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТешко повреден малолетник во тепачка во училиштен двор во Ѓорче ПетровМалолетник бил нападнат во школски двор во скопската населба Ѓорче Петров.Во средата во 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во дворот од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетникот бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал.. Во нападот, детето, чија возраст не е наведена во билтенот на МВР , се здобило со тешки телесни повреди.се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter