Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност
2Годишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасност
Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
1Завршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно
2„Мета“ ќе плати над 16 милијарди долари, постепено ќе става ограничувања за тинејџерите на Фејсбук и на Инстаграм
3Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
Македонија72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска Западно нилската треска продолжува да зема данок во животи. Шестата жртва на вирусот е 72 годишен скопјанец од Аеродром, кој по три недели откако бил хоспитализиран и поради критичната состојба ставен на апарати за дишење ја загуби битката, потврдува Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана. Во моментот 18 пациенти се во болница поради тешки симптоми на западен нил, односно воспаление на мозокот и мозочните обвивки, и сите клинички се сметаат за потврдени, иако за неколкумина од нив се чека лабораториска потврда. Петмина остануваат критични и се на респиратор. Инфектолозите сметаат дека тоа што лани има евидентирано само двајца, а годинава педесетина случаи на западно нилска треска се должи на тоа што вирусот годинава засилено циркулира во земјава. -Смртноста ја овие пациенти кои се повозрасни се зголемува. Тоа што имаме тешки случаи не значи дека отстапуваме од другите земји, туку сме во склоп на тие проценти кои научно се веќе потврдени. Порано не сме имале толку многу? Па не сме имале бидејќи вирусот не бил толку присутен, сега како што е повеќе присутен, односно повеќе циркулира, нормално, се очекува бројот на случаи да се зголемува,- - д-р Фадил Цана – директор на инфективна клиника. Во меѓувреме, потврда дека вирусот е присутен таму и каде што досега нема евидентирано случаи е гавран со западно нилска треска пронајден угинат во центарот на Ресен, во паркот покрај општината. Здравствените власти велат дека и таму ќе се прска против комарци, да се спречи епедемија. -Веднаш се известени ЦЈЗ Битола и општината во Ресен за преземање засилени мерки и прскање против комарци по индикација. Во моментот уште две птици од скопското подрачје се во фаза на тестирање, ќе следиме како се развива ситуацијата и ќе реагираме. Важно е граѓаните да пријавуваат угинати гаврани, бидејќи гавранот е генерално стационарна птица и е показател на локална циркулација на вирусот, појасни министерот Клековски. Во Ресен ќе бидат активни мерките на претпазливост што освен прскање против комарци вклучува и засилен надзор од страна на лекарите кои веќе ќе ги имаат упатствата од Министерството, рано да препознаат дека воспалението на мозокот кај одреден пациент е токму од западен нил. Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаСДСМ: Фројд би рекол: Кој за што, Мицкоски за чесност!Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија.Фројд вели: Ако личност која самата мами, лаже или манипулира постојано, ги обвинува другите за измама, лажење или манипулација, фројдовски би можело да се каже дека таа личност ја ослободува од себе сопствената неприфатлива содржина и ја препознава во другиот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на прашања за дата-центрите, се обиде да ни држи лекција по психологија. Рече дека кај опозицијата „работи Фројд“ и дека ние мислиме дека сите се однесуваат како што се однесувале претходните власти - лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги граѓаните. Што би рекол Фројд за Мицкоски? Фројд би рекол дека станува збор за класична проекција. Кога некој постојано зборува за тајни зделки, а истовремено тврди дека „ништо не правиме тајно“, кога најавува преговори со „голема мултинационална компанија“ без да каже која е, кога ја поврзува изградбата на гасни централи директно со дата-центри, а претходно со месеци ја криеше суштината на проектите - тоа е проекција на сопствениот начин на работа. Фројд би го објаснил ова и како механизам на самоодбрана наречен одрекување. Мицкоски тврди дека сè ќе биде јавно и транспарентно, а во исто време признава дека преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и дека една од нив е голема мултинационална компанија - но името, условите, количините на струја и вода што ќе ги трошат, локациите и гаранциите за граѓаните остануваат зад завесата. Ова не е стратегија за развој. Ова е обид да се прикрие дека и овојпат се работи за истиот модел: ресурсите на државата (струја, вода, земја) да се стават во функција на странски интереси, додека домашните граѓани остануваат без одговори - исто како што останаа без одговори за Гостивар, за загадените реки, за анализите што никој не ги потпишал. Мицкоски зборува за вештачка интелигенција, Nvidia, Amazon и SpaceX, а заборава да каже дека Македонија нема ниту основна енергетска стабилност, ниту јасни гаранции дека дата-центрите нема да ја исцрпат водата и струјата што им се потребни на граѓаните. Фројд би рекол уште нешто: кога човек постојано ги обвинува другите дека лажат и крадат, а самиот одбива да даде конкретни имиња, договори и анализи - тоа не е само проекција. Тоа е признание. СДСМ бара целосна транспарентност: • Која е мултинационалната компанија? • Кои се условите? • Колку мегавати и колку вода се предвидени? • Кои локации и под кои еколошки стандарди? • Кој ќе гарантира дека граѓаните нема повторно да платат за туѓи профити? Додека овие прашања остануваат без одговор, приказните за „јавност и транспарентност“ се само уште една проекција. Граѓаните заслужуваат факти, а не психолошки игри на Мицкоски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести72-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
МакедонијаГодишниот извештај за работата на Обвинителството пред Собранието - опозицијата обвинува, власта бара ефикасностНема подобри резултати во работата на Јавното обвинителство во 2025 година, иако бројот на обвинители бил зголемен за речиси 10 проценти. Ова го констатира самото Јавно обвинителство во годишниот извештај за работата кој пред собраниската комисија за политички систем го презентираше обвинителот Златко Биковски наместо државниот обвинител Ненад Савески кој поради работни ангажмани бил спречен да присуствува на седницата. -Дали сме ја подобриле перцепцијата за довербата, мислам дека е подобрена но не е на нивото кое што треба да биде и далеку од тоа што било. Тоа е рак рана за сите нас, најмногу нас не боли и се вложуваат максимални напори да се надминат тие состојби. Дали може тоа да се направи за кратко време, нема да може. Тоа е изнесено во извештајот дека се должи на повеќегодишно занемарување во извршувањето на функцијата на јавните обвинители.Не дека тие не работеле, туку недоволно работеле,- изјави – Златко Биковски – Обвинител во ЈОРМ. Искреноста во извештајот за слабостите во функционирањето на обвинителствата беше пофалена од дел од пратениците но и повод за кавги околу процесуирање на некои од предметите. -Како тоа сега кога се смени власта во 2024 година за две и пол години не можете да процесуирате ниту еден случај. Два случаи на организиран криминал имате каде што во прашање се високи функционери. Двата се против функционер од ВМРО ПДМНЕ и СПМ. Вие немате се уште против функционери од СДСМ,- изјави – Малиша Станковиќ – Пратеник. -Каков е овој начин на разговор овде во собранието. Треба да има боја тој што е виновен? Или вие правите така – абе дајте ни луѓе, ги чекаме две години да ги затворите! Треба да зборувате за ефикасност за тоа што треба да направат а не од која политичка партија треба да затворат за вие да бидете задоволни,- изјави – Соња Мираковска – Пратеник од НСДП. Недостигот на јавни обвинители и потребата од пополнување на испразнетите места како главните проблеми во обвинителството беше посочен и во извештајот за работата на Советот на јавните обвинители кој го презентираше претседателот на ова тело Башким Бесими. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЗавршен стручниот надзор за родилката која остана во инвалидска количка – резултатите не се објавуваат јавно Завршен е стручниот надзор со родилката од Струмица која по пораѓајот останала во инвалидска количка, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Резулатите од стручниот надзор се уште не се за јавност, потенцира Клековски кој сака да ја посети прво 19 годишната Станка Михајлова во болница. Роднините на Станка за Канал 5 објснија дека таа е на лекување во болницата за рехабилитација Козле, засега лекувањето го плаќаат и се уште не го добиле извештајот од стручниот надозр на комисијата формирана од министерството за здравство, каде освен домашни лекари специјалисти по неврологија,анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија имаше и експрети од надвор. Семејството на 19 годишната родилка од струмичко Баница реагираа дека жената по царски рез во штипската болница не можела да оди. Според информации до кои дојде Канал 5 е дека имало пропусти во целата процедра, во делот на препраќање на пациентката во штипската болница бидејќи во струмичката болница не бил повикан анестезилогот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter