Свечена заклетва на припадниците на Мировниот Корпус

Осумнаесеттата група волонтери на Американскиот мировен корпус ја започна својата двегодишна служба во повеќе населени места во Македонија.

34 доброволци денеска во Куманово дадоа свечена заклетва пред американскиот амбасадор Пол Волерс дека одговорно ќе ги извршуваат своите задачи. Во наредниот период ќе го подучуваат населението англиски јазик во градските и рурални средини, а ќе соработуваат и со невладините организации и локалната самоуправа. Во својата 11-неделна обука, освен што го изучувале македонскиот и албанскиот јазик, имале прилика да предаваат во локалните училишта и да имплементираат мали проекти за развојот на заедниците. Волонтерите за време на обуката живееле во семејства-домаќини, со цел да стекнат подобро разбирање за заедниците и за културата во Македонија и полесно да ги научат локалните јазици. Во новата група има волонтери на возраст од 21 до 72 години.

Веројатно некогаш луѓето повторно ќе се вратат во Македонија, во нивната втора татковина, за да ги посетат семејството и пријателите. Верувам дека програмите како што е таа на Мировниот корпус кои го зголемуваат разбирањето меѓу луѓето и нациите нудат вистинска надеж за решавање на проблемите на нашиот многу комплексен свет изјави Пол Волерс, Амбасадор на САД во Македонија

Јас сум волонтер на Мировниот корпус од Америка, многу сум среќен што ќе живеам во македонија, ќе бидам сместен во Прилеп, а досега престојував во Лозово изјави Кристофер Кинтос, волонтер на Мировен корпус

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица

 Маж нападнал жена во стан со моторна пила, а потоа застрелал двајца полицајци во полициска станица во Париз.

Повредените полицајци се пренесени во болница во тешка состојба, која кај еден останала критична и по лекарската интервенција, изјави полициски извор. Тешко ранет е и напаѓачот, кој бил погоден со истрел како одговор на неговото пукање.

Инцидентот се случил нешто пред 22:30 часот во дел од 13-та област.

Напаѓачот го земал оружјето од полицаецот и почнал да пука. Тој е приведен за семејно насилство.

Мажот, чие име не се споменува, е уапсен поради „екстремна суровост“, изјави шефот на париската полиција Лоран Нунез.

„Полицијата интервенираше и го донесе овде, но тој го украде оружјето од полицаец и тешко повреди двајца полицајци“, рече Нунез.

Париското обвинителство соопшти дека отворило три истраги против напаѓачот - за обид за убиство на жена, за обид за убиство на службени лицаи за намерно насилство со оружје врз службено лице.

Сторми Дениелс го бранеше своето тврдење дека во 2006 година имала случајна средба со Трамп

По испрашувањето од обвинителите, поранешната актерка во филмови за возрасни Сторми Дениелс синоќа беше ставена пред вкрстен распит од одбраната на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

На судот во Њујорк што се води против него за сторено кривично дело таа веќе втор ден се соочува со Трамп при што во графички детаљи опиша како во 2006 година имала случајна средба со него што завршила во неговата хотелска соба.

Тогаш таа имала 27 години а Трамп 61. На обвинителите им кажа дека потоа, во пресрет на претседателските избори во 2016 година, кога Трамп беше успешен републикански претседателски кандидат, тој и платил 130.000 долари да молчи за тоа. Централен дел на процесот е оваа сума бидејќи била исплатена од касата на изборната кампања, што е незаконски.

Краткотрајната и непланирана средба со Трамп се случила во голф клуб покрај езерото Тахо во Невада. Дениелс, на адвокатката Сузан Неклес ѝ кажа дека тој ја поканил на вечера во својот апартман во хотелот, никогаш не донел храна, и потоа се соблекол да има сексуален однос со неа.

На вкрстеното испитување Неклес сакаше да ја претстави Дениелс пред поратата како парољупка и лажга и сугерираше дека средбата меѓу двајцата никогаш не се случила.

-Имате големо искуство во тоа кога раскажувате лажни приказни за секс тие да звучат како вистински (во повеќе од 200 филмови за возрасни во кои таа глумела или ги продуцирала).

Дениелс одговори: „Не би кажала така. Сексот во филмовите е многу реален, исто како тоа што ми се случи и во таа соба“.

Неклес беше упорна: „Сето ова го измислувате“? Дениелс одговори: „Не. Ме терате да кажам дека се променило, но се нема променето“.

Очигледно беше навреда за Трамп сведочењето дека ако нејзината непланирана средба со него била невистинита „би ја напишала да биде многу подобра“, што предизвика смеа во судницата.

По неколкучасовното сведочење на Дениелс, другиот адвокат од одбраната побара прогласување на неправилно судење заснована на тоа дека сведочењето против Трамп било со предрасуди и без поврзаност со обвинувањата со кои тој се соочува, како например исказот дека таа го плеснала по задникот со некое списание.

Блинкен: САД се против принудно иселување на Палестинците од Газа

Во телефонски разговор синоќа со министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, државниот секретар Ентони Блинкен ја потврди „јасната позиција на претседателот Џо Бајден дека САД не подржуваат крупна воена операција во Рафа.

Во телефонски разговор синоќа со министерот за надворешни работи на Египет, Самех Шукри, државниот секретар Ентони Блинкен ја потврди „јасната позиција на претседателот Џо Бајден дека САД не подржуваат крупна воена операција во Рафа и се против секакво принудно преместување на Палестинците во Газа“, изјави портпаролот Метју Милер.

Милер укажа и дека Блинкен „ја изразил подршката на САД за повторно отварање на пограничниот пункт Рафа и продолжување на испораките на итно потребната хуманитарна помош“.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека Израел го кренал своето знаме на граничниот премин Рафа, со што главната контрола на границата со Египет е одземена од Хамас.

По седум месеци војна во Рафа прибежиште најдоа повеќе од 1.4 милиони Палестинци. Во меѓувреме, Израел издаде наредба за евакуација на населението од источниот дел на градот.

Блинкен исто така изразил благодарност до Египет за посредништвото во преговорите за постигање привремен прекин на огнот во замена за ослободување на заложници.

притисни ентер