Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти - Канал 5

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година.

Стојаноски: Ребалансот на Буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти

Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството.

Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари.

Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти.

Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП.

Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор.

Одговорот е многу јасен.

Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти.

Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари.

Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура.

Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат.

Истовремено, приходната страна не се гради врз нереални очекувања.

Приходите растат систематски ,системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата.

Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект.

Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика.

Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните.

Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив.

Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез и 11 години помлад актер заедно на забава- се шушка за врска (ВИДЕО)

Гласините за можна врска меѓу Џенифер Лопез и актерот Брет Голдштајн повторно се појавија откако беа забележани на истата забава во Лос Анџелес.

Џенифер Лопез и 11 години помлад актер заедно на забава- се шушка за врска (ВИДЕО)

Лопез (57) и Голдштајн (46) беа на 16 октомври на ексклузивна забава организирана од менаџерот Кејд Хадсон. Иако на забавата пристигнаа одделно, според TMZ, тие заминаа заедно во истиот автомобил.

Џенифер беше придружувана од нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина. За таа пригода, таа избра елегантен црн кожен миди фустан со длабоко деколте. Голдштајн пристигна сам, облечен во црно.

Двајцата глумеа заедно во романтичната комедија на Нетфликс „Канцелариска романса“, која излезе ова лето, а веќе некое време се шират гласини дека меѓу нив има повеќе од пријателство. Досега, двајцата негираа дека се во врска.

Се вели дека се зближиле за време на снимањето

Извор близок до актерите тврди дека Лопез и Голдштајн се зближиле за време на снимањето на филмот. Иако глумеле професионално на снимањето, тој тврди дека имало очигледна привлечност меѓу нив. „Се обидоа да не привлечат внимание за време на снимањето, но повремено повеќето се на снимање и станаа многу блиски“, рече изворот.

„Сите забележаа колку беа блиски на забавата по повод завршувањето. Беше очигледно дека се допаѓаат“, додаде тој.

Според него, по завршувањето на снимањето, тие почнаа да се гледаат приватно. „Кога заврши снимањето, повеќе не мораа да го кријат фактот дека се допаѓаат, па почнаа да се гледаат некое време“, рече изворот. Сепак, тој тврди дека нивната романса едноставно исчезнала со текот на времето.

Наводно, тие останале во добри односи и нема несогласувања меѓу нив. Иако физички биле привлечени еден кон друг, одлучиле дека е подобро да останат пријатели. „Едноставно се смири. Тие се добри пријатели, но што се однесува до романсата, таа приказна е завршена“, рече изворот.

YouTube video

Голдштајн јавно зборуваше за Џеј Ло и претходно

Актерот познат по улогата во серијата „Тед Ласо“ отворено зборуваше за тоа колку му е привлечна Џенифер Лопез пред неколку години.

Во една епизода од 2018 година од неговиот подкаст „Филмови со кои треба да се погреба“, тој го коментираше нејзиното појавување во „Волстрит фајтер“. „Проклетство, 50! Таа има 50 години. Ја сакам“, рече Голдштајн во тоа време, воодушевен од нејзиниот изглед.

Тој, исто така, ја коментираше сцената во која Џенифер, облечена во крзнено палто, прегрнува еден од своите колешки и се пошегува дека и самиот би сакал да биде на нејзино место. „Никогаш не сум сакал толку многу прегратка. Тоа е една од најдобрите прегратки. Дај ми една од тие твои посебни прегратки“, рече тој.

Заедно, тие ги негираа гласините за врска

Во текот на летото, Џенифер и Брет беа гости во американската емисија „Today“, каде што го промовираа својот филм. За време на разговорот, водителката Савана Гатри, исто така, се осврна на гласините за нивната врска. „Штом ќе ме видат со маж или како работам со некого, веднаш се обидуваат да нè поврзат“, рече Лопез.

Голдштајн се пошегува: „Мислам дека тоа се случува штом ќе застанете до неа“. „Добро, значи не сте заедно во реалниот живот?“ ги праша водителот.

Двајцата претходно ги отфрлија шпекулациите за романса, но заедничкото напуштање на забавата ги разгоре гласините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во потресно сведоштво за „Скопје1“, мајката раскажува што се случувало ноќта на 18 октомври на плоштадот „Делфина“, каде што нејзиниот син бил нападнат од група постари малолетници. Според нејзините сознанија, станува збор за околу 15 до 20 деца, претежно на возраст од околу 16 години.

„Едно од децата му пристапило со зборовите: ‘Е, овој може’. Го турнало во еден круг, му удрило шлаканица, а кога син ми се обидел да се тргне, налетале, објави Скопје1.мк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер