Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
МакедонијаСтојаноски: Измените на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проектиИзмените на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проекти, но без можност за исклучоци или привилегии/Како група на пратеници во Собранието поднесовме измени на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство. Сметаме дека е важно овие измени да се објаснат јасно, прецизно и врз основа на фактичката содржина на предлог-законот, бидејќи дел од информациите во јавноста не соодветствуваат со она што навистина се предлага. Најнапред, клучно е да се нагласи: овие измени не го менуваат основниот модел на јавно-приватно партнерство, ниту ја нарушуваат транспарентноста и јавната контрола. Напротив, тие претставуваат ограничено и прецизно унапредување на постојниот систем со цел поголема ефикасност, поголема отвореност кон иновации и подобро користење на приватната експертиза – но под целосна институционална контрола на државата. Што точно се менува? Со предложените измени се воведува можност приватниот сектор да поднесува самоиницијативни предлози за јавно-приватни партнерства. Тоа значи дека физички или правни лица ќе можат да предложат проекти кои се засноваат на нови технологии, концепти или инфраструктурни решенија од јавен интерес. Но, ова не значи промена на системот на одлучување. Државата останува единствениот субјект кој одлучува дали постои јавен интерес, дали предлогот ќе се прифати или дали воопшто ќе се отвори постапка за реализација. Што значи ова во пракса? Во пракса, тоа значи дека: приватен субјект може да достави самоиницијативен предлог, јавниот партнер го разгледува и анализира предлогот и потоа одлучува дали ќе се отвори постапка. Доколку се отвори постапка, таа е целосно јавна, конкурентна и достапна за сите економски оператори под исти услови. Клучна работа – нема привилегии. Ова е најважниот елемент, подносителот на иницијативата: не добива автоматско право на договор, не добива гаранција за победа на јавната набавка, не добива директна концесија. Сите понатамошни постапки се спроведуваат преку отворена и транспарентна јавна набавка. Со тоа се прецизира правната рамка и се овозможува и модел во кој јавниот и приватниот партнер можат да формираат заедничко друштво за реализација на проект, но под јасна контрола на јавниот партнер. Дали има некаква привилегија за иницијаторот? Не. Единствено се предвидува ограничен механизам кој се однесува на: можност за надомест на трошоци во строго дефинирани случаи или можност за израмнување на понуда (matching), и тоа само ако иницијаторот учествува во постапката и ако неговата понуда е конкурентна. Ако не учествува или не победи, постои обврска за надомест на реално документирани трошоци во точно утврдени ситуации, но без никакво право на договор. Што е суштината на овие измени? Суштината е системот да се направи пофункционален. Со ова се овозможува: побрза идентификација на потенцијални инфраструктурни проекти, поголем пристап до иновации од приватниот сектор, како и подобро искористување на експертиза и технолошки решенија, исто така намалување на административна инерција и поефикасна подготовка на јавни проекти. Што останува непроменето? И ова е клучно за разбирање на предлогот: државата останува единствен носител на одлуките, сите постапки се јавни и конкурентни и нема директно доделување на договори, транспарентноста и јавната контрола остануваат целосни. Заклучок. Овие измени не го менуваат принципот на системот. Тие го модернизираат начинот на кој државата добива идеи и проекти, овозможуваат повеќе иновации и поголема динамика во подготовката на јавни инвестиции, но без да се отвори простор за исклучоци или привилегии. Идејата може да дојде од приватниот сектор, но одлуката останува исклучиво на државата. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook