Украинецот, кој е осомничен за саботажа на „Северен тек“ побара политички азил во Хрватска - Канал 5

Украинецот, кој е осомничен за саботажа на „Северен тек“ побара политички азил во Хрватска

Украинскиот државјанин Володимир Журавлев, за кого германските власти сомнуваат дека е вмешан во саботажата на гасоводот „Северен тек“, побарал политички азил во Хрватска.

Украинецот, кој е осомничен за саботажа на „Северен тек“ побара политички азил во Хрватска

Украинскиот државјанин Володимир Журавлев, за кого германските власти сомнуваат дека е вмешан во саботажата на гасоводот „Северен тек“, побарал политички азил во Хрватска, објави украинскиот јавен сервис „Суспилне“, повикувајќи се на неговиот адвокат, како што објави Index.hr.

Украинецот беше уапсен од хрватските власти на 19 август врз основа на европска потерница издадена од Германија. Тој е осомничен за учество во операција во која беа поставени експлозиви на гасоводите „Северен тек“ под Балтичкото Море во септември 2022 година.

Германските истражители тврдат дека Журавлев бил дел од група која користела изнајмена едрилица за да ја изврши операцијата, пловејќи од германското пристаниште Росток.

Неговиот адвокат, Микола Катеринчук, го оправда своето барање за азил тврдејќи дека неговиот клиент нема да може да очекува фер судење во Германија.

Хрватска одобри екстрадиција

На 18 септември, окружен суд во Хрватска пресуди да дозволи Журавлев да биде екстрадиран во Германија. Сепак, неговиот адвокат нагласи дека самото барање за азил не ја суспендира постапката за екстрадиција. Журавлев претходно беше уапсен во Полска во септември 2025 година, но локалното судство не го екстрадираше во Германија. Наместо тоа, еден месец подоцна беше ослободен од притвор.

Потоа, полскиот суд процени дека уништувањето на гасоводот „Северен тек“ може да се смета за чин поврзан со одбраната на Украина од руска агресија.

Истрагата води до уште еден Украинец

Германските истражители претходно ги поврзаа експлозиите со група за која тврдат дека е проукраинска. Според нивните наводи, групата ја предводел друг украински државјанин, Сергеј Кузнецов.

Кузнецов моментално е во германски притвор. Претходно беше уапсен во Италија во август 2025 година.

Официјален Киев негира вмешаност на Украина во експлозиите на гасоводот.

„Северен тек 2“, кој никогаш не е ставен во комерцијална работа, со години е предмет на политички и енергетски спорови во Европа. Критичарите на проектот предупредуваат дека неговото лансирање дополнително ќе ја зголеми зависноста на Германија од рускиот гас и ќе претставува ризик за енергетската безбедност на континентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер