Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
2Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
ЕвропаЛавров: Европа води војна против РусијаРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека европските земји водат војна против Русија затоа што тие ја снабдуваат Украина со оружје.„Ова е војна што Европа ја води против нас“, рече тој на маргините на форумот Валдај во Москва. Во исто време, тој ги отфрли обвинувањата дека руските напади врз товарни бродови што носат западно оружје претставуваат „хибридна тајна војна“ за Украина. Тој ја опиша употребата на сила од страна на Русија во Украина како самоодбрана насочена кон елиминирање на заканите. „Ако мислите на уништување на инфраструктурата што, со поддршка на Западот, нацистичкиот режим ја користи за водење војна против Руската Федерација, тогаш ние ја потиснуваме таа директна закана со сила“, рече тој. Разговори со САД Лавров објави дека наскоро ќе се одржат разговори со Соединетите Американски Држави. „Се договоривме со американскиот државен секретар Марко Рубио дека состанокот ќе се одржи. Експертите треба да ги координираат точните датуми и место“, истакна тој. Тој го спомена враќањето на рускиот дипломатски имот запленет од САД како едно од отворените прашања во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, Русија не добила никакви охрабрувачки сигнали од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со нејзиното враќање. „Никогаш немало охрабрувачки коментари од Американците за ова прашање, дури ни под администрацијата на Доналд Трамп“, рече тој. Лавров тврдеше дека САД сè уште се обидуваат да ги наметнат своите еднострани интереси, но додаде дека Вашингтон сепак е принуден да соработува со земји како Русија и Кина. Ставот на Берлин Лавров, исто така, коментираше за плановите на Полска за производство на ракети „Патриот“ и учеството на Европа во конфликтот во Украина и ги повика европските земји да ја проучат воената доктрина на Русија. Тој се осврна на неговата средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Лавров проценува дека Берлин можеби сака да се вклучи во напорите за решавање на украинскиот конфликт за да не го „пропушти возот“. „Тешко ми е да проценам кон што се стреми Германија. Мислам дека едно очигледно објаснување е едноставно желбата да не се пропушти возот. Тие веруваат дека возот веќе забрзал - не знам дали тоа е вистина, тешко ми е да проценам дали мислат на украинската криза“, рече тој. „Русија вечен непријател“ Кога беше прашан за темите на средбата со Вадефул, Лавров рече дека германскиот министер зборувал за „милитаризацијата на Европската Унија“, постојаните повици за проширување на НАТО кон Украина и тврдењата дека „Русија е вечен непријател“ и дека „за три години ќе бидеме во војна“. „Ако се изговараат такви фрази, а целта - како што самиот г-дин Вадефул најави - е само да се повторуваат зад затворени врати, без медиумите, за Русија наводно да разбере дека навистина е така, тогаш тоа е залуден, па дури и штетен потфат“, изјави тој. Лавров заклучи дека е „многу тажно“ што некои претставници на ЕУ и НАТО всушност дејствуваат како „портпароли“ за она што го опиша како европска позиција.Тагови: русија Сергеј Лавров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБ: Денеска реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Струмица и ТетовоОвозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити.Денеска продолжи исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички. Исплатата се врши на шалтерите во Битола, а од денеска и во Тетово и во Струмица, каде што граѓаните можат да подигнат до 20.000 денари. Во текот на денешниот ден, во трите града се реализирани вкупно 750 исплати. Исплатата се одвива непречено, со добра организација и согласно утврдената динамика. Од денеска, клиентите на Банката на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да вршат и уплати за комунални услуги, како и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите. Со ова се овозможува полесно извршување на дел од нивните тековни финансиски обврски. Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема активности за постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Приоритет останува обезбедувањето пристап до нивните средства и непречено извршување на платежните услуги за клиентите на Банката.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook