Софија Вергара се пофали со новото момче, заедно се на одмор во Италија (ФОТО) - Канал 5

Софија Вергара се пофали со новото момче, заедно се на одмор во Италија (ФОТО)

Актерката Софија Вергара ужива на одморот во Италија.

Софија Вергара се пофали со новото момче, заедно се на одмор во Италија (ФОТО)

Таа земја толку ѝ се допаднала што објави неколку фотографии од таму и напиша: „Останувам овде“.

Една од фотографиите што ги објави е нејзиното ново момче, познатиот хирург Џастин Салиман. На фотографијата која ја објави Вергара, Салиман лежи на кауч на терасата и се смешка пред камерата.

Следбениците на Софија веднаш забележале дека меѓу фотографиите кои актерката ги објавила е и нејзиното момче.

„Многу убав човек, среќна сум за тебе Софија“, „Гледај го дечкото, ѝ завидувам“, „Многу ми е мило за тебе“, „Види му го сјајот во очите кога ќе те погледне“, се дел од коментарите на следбениците.

Гласините за нивната врска започнаа откако беа фотографирани на состанок во Беверли Хилс, Калифорнија на крајот на октомври минатата година. После тоа, папараците ги снимиле уште неколку пати.

На почетокот на годината странските медиуми пишуваа дека романсата на Софија и Џастин не траела. Извор близок до актерката изјавил дека таа не е подготвена за сериозна врска. „Сè уште постои таа искра помеѓу Џастин и Софија, но Софија повеќе ужива да биде соло, не сака да се смири со никого, дури и ако ја имаат оваа неверојатна хемија“, вели изворот.

Но, се чини дека нивната врска сепак опстанала кога летото ќе го поминат заедно.

Џастин претходно беше во брак со актерката Бри Тарнер, позната по улогите во Грим и Грдата вистина. Тие поминаа десет години заедно и се разведоа во 2018. Имаат две деца.

Да потсетиме, Софија и Џо Манганиело во јули годинава објавија дека се разведуваат по седум години брак.

„Ја донесовме тешката одлука да се разведеме. Како две лица кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека се движиме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекоа тие во заедничка изјава за медиуми. Џо исто така продолжи понатаму. Неколку пати е виден со новата девојка, актерката и водителка Кејтлин О’Конор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер