Скопјанка си нарачувала дрога он-лајн, ја плаќала со криптовалути, а наркотиците ѝ стигале дома - Канал 5

Скопјанка си нарачувала дрога он-лајн, ја плаќала со криптовалути, а наркотиците ѝ стигале дома

Покрената истрага против жена и маж од скопје, кои според Јавното Обвинителство, со криптовалути набавувале дрога од Германија која пак им била доставувана преку поштенски пратки... 

Скопјанка си нарачувала дрога он-лајн, ја плаќала со криптовалути, а наркотиците ѝ стигале дома

Обвинителството бара притвор за триесет и седумгодишна скопјанка која нарачувала амфетамини и марихуана он-лајн, ги плаќала со криптовалути, а полицијата ја фатила на дело откако службениците дозволиле писмото со наркотици да стигне до „Рузвелтова“, на нејзината домашна адреса. Според информациите од обвинителството, таа и нејзиниот невенчан дваесет и деветгодишен партнер редовно си правеле слични нарачки преку интернет од платформата ДаркНет.

„Осомничените дрогата ја набавувале од непознати лица од Германија, а им била доставувана преку поштенски пратки. На аеродромот во Франкфурт, царински службеници заплениле хартиено плико на кое како примател била назначена осомничената. По воспоставена меѓународна соработка, поштенската пратка била испратена до пошта во Скопје на 09.09.2022 година.

Завчера полициски службеници извршиле претрес во домот и пронашле амфетамин со нето маса од 82 грама, како и две тегли со марихуана. При претрес кај осомничениот, пак, пронајденa е уште една ќесичка со марихуана и една метална дробилка со остатоци.

„Приведени се две лица од Скопје, кои во изминатиот период нарачувале амфетамин и други видови синтетички дроги кои пристигнувале сокриени во разни видови на пратки. За време на претресите во домовите на двете лица врз основа на Наредби од Основен кривичен суд – Скопје, покрај една поштенска пратка со амфетамин, пронајдени се и одредени количини на марихуана, гасен пиштол и компјутерска опрема.

Од обвинителството посочуваат дека предлог за мерка притвор за осомничената се должи на упатувања за опасност од бегство и повторувања на делото. За нејзинот партнер, кој исто така е осомничен, предложени се мерки на претпазливост.

Инаку платформата ДаркНет од која според обвинението, се нарачувало дрога,е дел од интернет на кој не може да се пристапи со обични пребарувачи. На онлајн маркетите на ДаркНет за дрога и оружје најчесто се плаќа со криптовалутите биткоин и монеро.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

Мицкоски самиот се фали колку многу му пораснал рејтингот.

СДСМ: Анкетите на Мицкоски-што поскапи цени толку поголем рејтинг

Дали затоа што растат цените во маркетите, продавниците и на пазарите затоа расте и рејтингот на Мицкоски?

Или можеби рејтингот на Мицкоски пораснал затоа што работниците имаат најниски плати во Европа и најмала минимална плата во регионот?

Или затоа што натовари нови 2,5 милијарди евра нови долгови на грбот на народот а странските инвестиции паднаа за 60%?

Можеби заради скарените субвенции за земјоделите?

Дали рејтингот на Мицкоски расте затоа што не исполни ниту едно изборно ветување?

Толку ли многу се благодарни граѓаните?

Или рејтингот на Мицкоски расте поради најавата дека треба да чекаме децении за членство во ЕУ додека министрите во неговата влада се со бугарски пасоши?

Дали поради криминалот и корупцијата и милионите украдени од криминални тендери?

Рече дека нема да има предвремени избори, сега вели дека ќе има. Постојат двајца Мицковски.

Едниот го менува името, другиот молчи. Едниот ќе го укинува Преспанскиот договор, другиот го фали НАТО. Едниот би одел на избори, другиот не сака.

На кој од овие двајца да му се верува? М?

И во Унгарија „анкетите“ контролирани од Орбан покажуваа дека тој води и дека Маџар ќе загуби, но на изборите се покажа дека тие се лажни анкети и класична манипулација.

Така и кај нас со лажните анкети на Мицкоски платени 400.000 евра со пари на граѓаните.

Една работа покжауваат анкетите во Македонија: Мицкоски и ВРМО многу лажат!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Неми слики – жива музика“ – уникатен концерт во Дебар на Пламенка Трајковска – гудачки квартет

На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“ единствен музички проект посветен на уметноста на немиот филм.

„Неми слики – жива музика“ – уникатен концерт во Дебар на Пламенка Трајковска – гудачки квартет

Пред публиката ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот претставува ретка можност публиката да го доживее спојот на филмската и музичката уметност, на начин што потсетува на традицијата од почетокот на 20 век, кога музиката изведена во живо била неразделен дел од секоја филмска проекција.

Настанот е во организација на Центарот за култура – Дебар, и е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Автор на проектот е Пламенка Трајковска – виолинистка, композитор, членка на Филхармонијата и основач на музичката организација „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“. Во својата долгогодишна кариера таа реализира бројни оригинални концертни и мултимедијални проекти, насочени кон доближување на класичната музика до пошироката публика преку современи и иновативни концертни концепти.

Во составот на гудачкиот квартет настапуваат: Пламенка Трајковска – виолина, Милена Гиевска Андоновска – виолина, Љубица Бошкоска – виола и Александра Јаневска – виолончело

На програмата се најпознатите музички теми поврзани со ерата на немиот филм, регтајм композиции, како и авторска музика за нем филм од Пламенка Трајковска, специјално компонирана и аранжирана за гудачки квартет.

Немиот филм претставува едно од најзначајните културни наследства од почетокот на минатиот век, а музиката во него има суштинска драматуршка улога. Изведбата на оригинална и адаптирана музика во живо, во синхронизација со филмската проекција, претставува голем уметнички предизвики истовремено создава ново и автентично концертно искуство.

Проектот „Неми слики – жива музика“ ја афирмира класичната музика во современ контекст и отвора нови можности за нејзино приближување до различни генерации публика, обединувајќи ги филмската уметност, музичката традиција и современата концертна интерпретација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Министерството за правда со жалење констатира дека Дејанчо Цветановски од ЛДП пласира невистинити и тенденциозни тврдења во врска со работата на Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик.

МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство, невистинити се тврдењата дека процесот се води зад „затворени врати“

Особено е нејасно како Цветановски зборува за процес што наводно се водел „зад затворени врати“, кога токму тој како претставник на ЛДП активно учествува во работата на групата, присуствува на состаноците и има можност директно да ги изнесе своите ставови и предлози.

Работната група функционира транспарентно, со учество на претставници на парламентарните политички партии и независни пратеници. Секој предлог и од институциите и граѓанскиот сектор е разгледуван и дискутиран, а процесот се води исклучиво во насока на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Оттука, обидите за создавање перцепција дека процесот е нетранспарентен претставуваат политички спин кој не соодветствува со фактите. Факт е дека Цветановски беше дел од дискусиите, ги слушна сите аргументи и имаше еднаква можност како и останатите учесници да придонесе во процесот.

Министерството за правда останува посветено на инклузивен, отворен и демократски процес и ги повикува сите учесници наместо политички квалификации да придонесуваат со конструктивни предлози во интерес на граѓаните и на изборниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер