Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам
2Сојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизам
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
1Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението
ФудбалФранцузите ја открија платата на Зидан во прашање се милиониЗинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор.Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан е новиот селектор на француската репрезентација, а според информациите на францускиот медиум „RMC Sport“, легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Реал Мадрид ќе има многу профитабилен договор со Француската фудбалска федерација. Зидан ќе заработува 300.000 евра месечно, а таа сума би можела дополнително да се зголеми преку бонуси. Доколку ги исполни сите поставени цели, неговата заработка може да достигне и до 450.000 евра месечно. Новиот селектор на „триколорите“ потпиша четиригодишен договор, а негова главна задача ќе биде да ја подготви репрезентацијата за Светското првенство во 2030 година. Тоа значи дека неговиот загарантиран годишен приход ќе изнесува 3,6 милиони евра, додека со максималните бонуси би можел да достигне и до 5,4 милиони евра годишно. Интересно е што Зидан би можел да ги надмине приходите на својот претходник Дидие Дешам, кој ја предводеше Франција 14 години. Според истиот извор, Дешам заработувал околу 3,8 милиони евра годишно. Претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Диало, не сакаше да потврди конкретни бројки кога новинарите го прашаа за договорот на Зидан, но нагласи дека парите не биле клучен фактор во преговорите. „Искрено, не станува збор за пари. Првпат се сретнав со Зидан во февруари 2025 година и не разговаравме за пари. Разговаравме за желбата на Федерацијата француската репрезентација да победува и за играчите што тој сонува да ги види во синиот дрес“, изјави Диало. Зидан ќе го има својот прв натпревар како селектор на Франција во Лигата на нации, кога „Триколорите“ ќе гостуваат во Турција на 25 септември.Тагови: Зинедин Зидан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го одложи воведувањето царини за Канада: Постигнат е договор, се чека потписАмериканскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50 проценти за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор.Новите царински давачки требаше да стапат на сила во денеска и да опфатат околу 20 милијарди долари канадски увоз. Во објава на социјалната мрежа, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден. Една од главните точки на спор беа американските царини за канадските автомобили, за кои се разгледуваше можноста да се намалат од 25 на 15 проценти, но деталите за евентуалниот договор сè уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСојузот на борци од Тетово бара да се забрани именување улици по личности поврзани со фашизам и нацизамСојузот на борци на Тетово бара од пратениците со законски измени категорично да се забрани именување улици и инфраструктурни објекти со имиња на фашисти, фашистички организации или нивни соработници. Барањето, како што потврдија за Канал 5, го доставиле до координаторите на парламентарните партии од македонскиот блок - ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА и ЗНАМ, а доаѓа како реакција на новите 145 имиња на улици во Тетово кои Комисијата во Општината ги усвоила пред неколку денови. Меѓу нив се најде и името на Фадил Сулејмани, човек кој, како што тврди Сојузот, го формирал нелегалниот Тетовски Универзитет, и кој во интервју во Софија, пред повеќе години отворено го негирал постоењето на на македонскиот народ. Од Сојузот на борци, велат дека очекуваат законските измени за заштита од фашистички или спорни имиња на улиците да се направат по примерот на оние со кои се интервенираше за заштита на националниот интерес, кога како што велат, низ државата почнале да се формираат бугарски клубови со профашистички имиња. - Очекуваме Собранието да биде конзистентно и да препознае потреба да се превенира, исто и во доменот на определување на имиња на улици и други инфраструктурни објекти. Па затоа предложивме на координаторите на пратеничките групи точни прецизни и веќе скроени измени на 2 члена во законот за определување на имиња на улици. Во смисла на тоа изрично да се забрани именување на улица или инфраструктурен проект со име на фашист, фашистичка организација или нивни соработници или пароли коишто можат да се поврзат со тоа, изјави Даријан Сотировски, член на Претседателството на Сојузот на борци на Тетово. Од Сојузот на борци дополнително бараат покрај претходната согласност од Владата, задолжително да се побара мислење од Комисијата за имиња, која како стручно тело е формирана согласно Законот за здруженија и фондации. Работната група за именување на улици, формирана од страна на Општина Тетово, досега во два наврати излезе со предлог имиња за повеќе од 200 улици во Тетово. Од кабинетот на Касами велат дека постапката во Општината за утврдување нови имиња е се уште во тек, а селекцијата е поделена по групи. Според информациите останува да се усогласат уште неколку имиња на улици, но постои начелен договор меѓу коалициските партнери. Иако временски рок нема, од општина Тетово очекуваат целата постапка да заврши до Нова Година. Уставниот суд во јуни ја укина одлуката одлуката на општина Тетово од 2007 за преименување на улиците во градот поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиту еден македонски универзитет повторно не се најде меѓу 1.000 најдобри на шангајската листаБез пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска.Без пакетот нови закони за високо образование не може драстично да се поткрене квалитетот на македонското образование и наука, вели ресорната министерка Весна Јаневска откако и оваа година ниту еден од македонските високообразовни институции не се најде во Шангајската листа на 1000 најдобри универзитети во светот. -Не очекувавме во период од две години, особено без новите закони да има некое драстично придвижување на Шангајската листа, трите закони кои во моментов се во собраниска процедура очекуваме во еден догледен период, бидејќи и за тоа ќе треба време, значајно да го поткренат квалитетот во високото образование но и да се подобрат и другите индикатори, кои ги користат не само Шангајската листа туку и други листи за рангирање за да можеме да се придвижиме на тие листи,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Законите за високо образование, научноистражувачка дејност и за квалитет во високото образование и наука засега се блокирани од албанскиот опозициски блок, а Јаневска им порача – ќе се соочиме во Собранието. Обвинувањата од ДУИ дека селективно го применува Бадентерот при гласање на овие закони, Јаневска ги оцени како несоодветни информации за придобивање на гласови во сопствените партиски редови. -Не го оспорувам правото на учење на мајчин јазик, не оспорувам ниту едно право на заедниците кои живеат во нашата држава, ниту Бадентерот. Но, во случај кога политиката навлегува во образованието, сметам дека штетата е за сите. // Ние ќе се соочиме во Парламентот, досега ние имавме дискусии со академската заедница, од политички субјекти, ние сугестии за законите не сме добиле. Таму ќе го решаваме проблемот ако воопшто постои, ако не станува збор само за политика во образование,- -Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Според ДУИ, пакетот закони не ги вклучува забелешките на академската заедница кои се однесувале на нарушување на автономијата на универзитетите и привилегирана положба на одредени универзитети. Исто така тие обвинија на неинклузивен пристап при пишувањето на законите и најавија дека доколку останат во ваков вид, тие нема да дадат поддршка за нивно гласање. На Шангајската листа Србија, Бугарија, Хрватска и Словенија се присутни со еден а Грција со четири универзитети. Освен Македонија, од регионот без свои пласирани универзитети на оваа академска листа се и Албанија, Косово, Босна и Херцеговина како и Црна Гора. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter