На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути - Канал 5

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути

На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

СДСМ: Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?
Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.

Скопје, 19.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од животот

Познатата актерка, русокосата убавица Хедер Греам (56) на Инстаграм сподели фотографии од својот одмор во Италија, на кои  покажа дека се уште има тело на кое може да и позавидат и двојно помлади девојки.

Фото: Убавицата од 90-тите не се двоуми да покаже сè, дури во шеста деценија од животот

Хедер прво покажа како изгледа фантастично во провокативно сино, а потоа и во бордо бикини.

Актерката беше одлично расположена додека уживаше во летниот одмор.

Таа повторно ги воодушеви сите со својот изглед и докажа дека воопшто не остарела од периодот на деведесеттите години, кога беше на врвот на својата слава.

Хедер зрачи со самодоверба на секоја објава додека позираше и ја покажуваше својата фигура во бикини, кои ги надополни со темни очила за сонце.

Фотографиите наводно ги направил нејзиниот партнер Микеле Чивета (50), италијански режисер и продуцент, кој ѝ се придружил на патувањето.

Не застана тука – неповторливата Хедер повторно блесна на плажата, но ја смени бојата на костимот за капење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

Атрактивната Георгина Родригез и најплатениот светски фудбалер, Кристијано Роналдо  пред околу една недела тајно стапија во брак, а сега се појави и видео од церемонијата.

Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница

На свадбата биле присутни само нивните деца, а невестата воопшто не носела венчаница.

Долгогодишните партнери Кристијано и Георгина официјално стапија во брак, а како што се дозна подоцна, на интимната свадба присуствуваа само нивните деца.

Како што се очекуваше, милиони нивни фанови се интересираа и каква венчаница избрала Георгина, со оглед на тоа што е познато дека таа сака да се истакнува со скапи парчиња, особено со накит вреден стотици илјади евра.

Но на изненадување на фановите Георгина на свадбата воопшто не носела венчанца

Наместо венчаница, таа се одлучи за едноставна кошула и тесно здолниште, а изгледот го надополни со скап дијамантски накит.

Во истото издание, парот се венчал и во црква, а фокусот бил ставен на самиот чин, што пријатно ги изненади луѓето навикнати на тоа како Георгина редовно се фали со скапи парчиња и пари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер