3Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо
ЗдравјеСовремена болница и поквалитетно здравство за граѓаните на источна МакедонијаПланираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар.Министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и доктори од Клиничката болница Штип, заедно со делегација на Светска банка, го разгледаа концептот за завршување и целосно опремување на новиот болнички комплекс. Планираната инвестиција, проценета на околу 6,7 милијарди денари, односно 109 милиони евра, треба да стави крај на долгогодишното чекање и да ѝ даде на источна Македонија современ регионален здравствен центар. Проектот предвидува завршување на главниот болнички објект, современа медицинска опрема и функционално поврзување на сите одделенија. „Завршувањето на Клиничката болница Штип е долг кон граѓаните на источна Македонија. Сакаме овде пациентите да добиваат навремена и квалитетна здравствена услуга, а здравствените работници и студентите да имаат современи услови за работа, практична настава и професионален развој“, истакна министерот Клековски. Клиничката болница Штип е единствениот клинички регионален центар во источниот дел на државата. Таа директно им служи на околу 150.000 граѓани, а нејзиното пошироко гравитациско подрачје опфаќа приближно 250.000 жители. Со завршувањето на комплексот, пациентите ќе добијат подобра дијагностика, третман и итна медицинска помош поблиску до местото на живеење. Истовремено, ќе се намалат упатувањата кон Скопје, а ќе се создадат подобри услови за развој и задржување на младиот медицински кадар во регионот. Со претставниците на Светска банка беа разгледани следните чекори – техничките и финансиските анализи, моделот на финансирање, проектната документација и механизмите за контрола на квалитетот, трошоците и роковите. Министерството за здравство, во координација со Фондот, Општина Штип, Клиничката болница и другите надлежни институции, ќе обезбеди транспарентност и строг надзор во секоја фаза од проектот. Новата Клиничка болница Штип ќе значи посилно здравство, помал притисок врз Скопје и квалитетна здравствена услуга поблиску до граѓаните на Источна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЧудно оправдување на Анчелоти за лошиот пласман на Светското првенство Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, повторно зборуваше за разочарувачкиот настап на неговиот тим на Светското првенство и ја издвои паузата за освежување како еден од клучните моменти во поразот од Норвешка.Бразил беше елиминиран уште во осминафиналето, со што за првпат по 1966 година остана надвор од најдобрите осум репрезентации на Светското првенство. Во изјава за ESPN, Анчелоти истакна дека неговиот тим ја контролирал играта до паузата, но дека ситуацијата се променила по неа. „Мислам дека загубивме од Норвешка поради паузата за освежување(дехидратација). До тој момент, тимот имаше контрола. Норвешка имаше голем посед на топката на својата половина, но истото се случи и против Англија, па сепак не успеаја да победат“, изјави италијанскиот стручњак. Сепак, Анчелоти нагласи дека тој е одговорен за резултатот. „Тука можеби направив грешка. Мислев дека ја изгубивме контролата во момент кога всушност ја немавме. Направив одредени промени, а голот на Халанд исто така беше проблем“, додаде селекторот на Бразил. Анчелоти пристигна на клупата на Бразил со големи очекувања, но Светското првенство заврши многу порано од очекуваното во земјата на фудбалот.Тагови: Анчелоти Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во италијанските затвори: Илјадници затвореници испратени домаИталијанскиот парламент денес усвои закон што потенцијално би им овозможил на илјадници затвореници зависни од дрога или алкохол да ги отслужуваат своите казни во домашни услови додека се подложени на програми за рехабилитација.Италијанскиот парламент денес усвои закон што потенцијално би им овозможил на илјадници затвореници зависни од дрога или алкохол да ги отслужуваат своите казни во домашни услови додека се подложени на програми за рехабилитација, со цел да се намали пренатрупаноста во затворите. Според организацијата за права на затворениците „Антигона“, италијанските затвори се пополнети со околу 140 отсто од својот капацитет, што претставува еден од најлошите показатели за пренатрупаност во затворите во Европската Унија. Министерот за правда Карло Нордио изјави дека мерката би можела да се однесува на повеќе од 10.000 затвореници зависни од дрога, од вкупно околу 65.000 затвореници. Дополнителни 3.700 затвореници со проблеми со алкохолот, исто така, би можеле да ги отслужуваат своите казни во домашни услови. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека законот претставува „победа на неколку фронта“, која ќе го намали притисокот врз затворите и ќе помогне зависниците да се одвратат од криминал. Здружението „Антигона“ изрази скептицизам во однос на тие бројки, бидејќи можноста за издржување на казната во домашни услови зависи од повеќе услови, а средствата предвидени со законот теоретски би покриле помалку од 600 места во центрите за рехабилитација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независностМи претставува особена чест и задоволство што можеме еве денеска токму од Струмица, од паркот, од Градскиот парк во Струмица да најавиме уште еден грандиозен настан.Ми претставува особена чест и задоволство што можеме еве денеска токму од Струмица, од паркот, од Градскиот парк во Струмица да најавиме уште еден грандиозен настан којшто ќе биде во склоп на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Навистина како Влада ветиме уште од самиот почеток дека ова ќе биде настан којшто ќе се случува во повеќе градови низ Македонија, сè со цел да дадеме повеќе достапност, да имаме повеќе единство и да размислуваме за тоа како достоинствено Македонија да ги одбележи 35 години независност. Јас сум сигурна дека ова што ќе го најавиме денеска и датумот на којшто ова ќе се одржува ќе биде навистина посетен од цела Македонија затоа што еден ваков настан заслужува почит, заслужува навистина достоинствено одбележување“. Новинарско прашање: Термин има ли веќе утврдено кога ќе се одвиваат настаните низ другите градови низ Македонија? Одговор на Митева: „Како што веќе најавивме на 2 август се започнува со голем концерт во Битола. Имавме прес-конференција на којашто објавивме дека над 120 македонски уметници низ повеќе градови ќе бидат низ Македонија, во текот на цел месец август. Почнуваме од 2 август и со централниот настан на 8 септември, на Дејвид Гета, на Градскиот стадион, веќе ќе го заокружиме концептот околу одбележувањето. Дополнително го најавивме и оној грандиозен настан на 1 септмеври со Хозе Карерас и со најдоброто од Македонија, со македонски уметници. Навистина ценам дека она што како Влада го имавме како концепт заедно со организаторот, а тоа е етапно да ги најавуваме настаните, најавивме дека ќе бидат повеќе настани, дека ќе се трудиме достоинствено да одбележиме еден голем јубилеј за нашата Македонија“, изјави портпаролот на Владата Марија Митева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter