ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
1ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
ТехнологијаШвеѓаните продадоа два екстремно скапи авиони: Сите се прашуваат кој е купувачот?Шведскиот одбранбен гигант „Сааб“ (Saab) на 27 јули 2026 година објави дека договорил продажба на два извидувачки авиони „ГлобалАј“ (GlobalEye) на неименувана земја од Блискиот Исток, во зделка вредна околу една милијарда долари.Испораките се планирани за 2030 година, а компанијата „Сааб“ (Saab) – повикувајќи се на националната безбедност и чувствителноста на воената индустрија – не го открива идентитетот на купувачот ниту дополнителни детали за договорот, пренесува „Дифенс блог“ (Defense Blog). Ваквата таинственост не е невообичаена во воениот сектор, каде што продажбата на извидувачки авиони често вклучува договори за размена на разузнавачки податоци, а купувачите претпочитаат набавката на најсовремена извидувачка технологија да ја задржат подалеку од очите на јавноста. Она што не е спорно е што всушност прави GlobalEye и зошто побарувачката за него постојано расте, пишува „Defense Blog“. Изграден врз платформата на деловниот авион „Bombardier Global 6000“ и опремен со низа активни и пасивни сензори, GlobalEye е дизајниран истовремено да следи и идентификува цели во три домени – во воздухот, на море и на копно. BREAKING: 🌍👀 A mystery nation in the Middle East has quietly secured 2 Saab GlobalEye airborne early warning and surveillance aircraft in a deal worth around $1 BILLION, and the buyer's identity remains classified. The game changing spy planes are scheduled for delivery in… pic.twitter.com/ILTLp9E75p — Defence Index (@Defence_Index) July 28, 2026 GlobalEye испраќа податоци во реално време, овозможувајќи им на командантите да ги забележат заканите пред тие да се приближат. Според податоците претставени од „Сааб“ (Saab) заедно со резултатите за вториот квартал од 2026 година, леталото може да остане во воздух до 12 часа по мисија и да открива цели на растојание поголемо од 650 километри. Ова го вбројува во класата на извидувачки летала способни да го надгледуваат целото регионално боиште во текот на една патрола, далеку од која било граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделениеЛетниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови. Според новата организација на наставата, учениците од VI до IX одделение ќе посетуваат настава во прва смена, учениците од I до III одделение ќе бидат опфатени со целодневна настава, додека учениците од IV и V одделение ќе ротираат во прва и втора смена. Со воведувањето на едносменската настава се создаваат услови за поквалитетен воспитно-образовен процес, подобри резултати во учењето, поголема вклученост на учениците во спортски, културни и воннаставни активности, како и за поорганизирано извршување на училишните обврски со поддршка од наставниците. Воедно, овој модел овозможува постабилен дневен ритам и повеќе квалитетно време за семејството. Општина Аеродром веќе успешно го имплементираше моделот на едносменска настава во ООУ „Александар Македонски“, а со воведувањето и во ООУ „Димитар Македонски“ продолжува со реализација на заложбите за унапредување на условите за образование во сите основни училишта на својата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки. По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони. Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана. Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката. Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град. Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот. Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаФилипче до Мицкоски: Никој не ви се плаши, смешни сте„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста.„Никој не ви се плаши, смешни сте“ – му порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница , посочувајќи дека заканите, притисоците и обидите за заплашување не можат да ја скријат одговорноста за состојбите во државата. Филипче рече дека наместо одговори за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, Мицкоски се се заканува. „Се заканувате тука со одговорност, со затвори, со решетки. Верувајте, никој не ви се плаши. Ама никој не ви се плаши. Смешни сте. Ви се смеат луѓето. Не личи тоа на ништо. Не ви доликува на функцијата што ја извршувате“, порача Филипче. Тој посочи дека власта нема одговор на критиките за состојбата со корупцијата и влијанието врз независноста на судството. „Последниот извештај на Европскиот парламент, еден од најлошите досега во оваа смисла, покажува лошо справување со корупцијата, директно влијание на власта врз независното судство“, истакна претседателот на СДСМ. Филипче ја критикуваше и одлуката на власта за предлог-закон со кој, планира трошење 20 милиони евра со заобиколување на системските закони за јавни набавки. „Па добро, што е целта? Што е целта, што сакате да постигнете? Каква е таа европска практика? Никаква. Ваша, на оваа власт, која се занимава само со коруптивни тендери од почетокот на владеењето. Кој премиере е крив за овие работи? Јас знам, вие ќе кажете, Венко е крив, СДСМ е крива за сè ова, меѓутоа граѓаните знаат дека вие ја сносите одговорноста за сите овие работи“, рече Филипче. Скопје, 30.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33