Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите - Канал 5

Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите

„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. 

Андоновски: Преку дигитализација на услугите ги забрзуваме постапките и ги намалуваме трошоците за компаниите

„За една компанија, времето потребно за добивање документ не е само административно прашање, туку директен трошок и фактор што влијае врз нејзината конкурентност. Доколку институцијата доцни, доцни и компанијата. Со новите електронски услуги ги поедноставуваме и забрзуваме постапките и создаваме подобри услови за компаниите што произведуваат, извезуваат и ја движат македонската економија“, истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Министерот Андоновски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, денеска ги промовираа двете нови електронски услуги на Инспекторатот, кои отсега се достапни преку Националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk:

– „Уверение за квалитет – сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки“;

– „Уверение за квалитет В1 – сертификат за извоз на вино“.

Новите услуги се наменети за земјоделските производители, преработувачите, винарниците и извозниците. Станува збор за постапки поврзани со квалитетот на земјоделските производи и извозот на вино, односно со сектори што создаваат домашна вредност, обезбедуваат работни места и ја претставуваат Македонија на странските пазари.

Со поврзувањето на услугите со Националниот портал, компаниите, покрај во хартиена форма, ќе можат да ги добиваат сертификатите и електронски, со иста правна важност. Со тоа се поедноставува целокупната постапка, се скратува времето потребно за добивање на документите, се елиминира потребата од нивно лично подигнување во Инспекторатот и се намалуваат административните и финансиските трошоци за компаниите.

Дигитализирана е и постапката за плаќање на административните такси. Наместо плаќање со хартиени уплатници, компаниите ќе можат да ги подмират таксите електронски, преку апликациите за електронско банкарство.

„За нас, дигиталната трансформација не претставува само воведување нова технологија. Таа е промена на начинот на кој функционира државата и на односот што институциите го имаат кон граѓаните и компаниите. Националниот портал uslugi.gov.mk го развиваме како единствена точка преку која јавните услуги ќе бидат достапни едноставно, сигурно и без непотребно губење време“, нагласи Андоновски.

Министерот посочи дека дигитализацијата има важна улога и во зголемувањето на транспарентноста и намалувањето на ризиците од корупција. Кога постапките се дигитални, правилата се однапред утврдени и еднакви за сите, се намалува непосредниот контакт таму каде што не е потребен, се ограничува просторот за субјективно одлучување и се создава јасна електронска трага за постапувањето на институциите.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, ги претстави конкретните придобивки, начинот на користење на услугите и постапката за електронско добивање на сертификатите. Тој истакна дека дигитализацијата ќе обезбеди побрзи, поефикасни и поквалитетни услуги за бизнис-заедницата.

Новите услуги се резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Државниот инспекторат за земјоделство, со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – GIZ. Министерот Андоновски изрази благодарност до GIZ за препознавањето и поддршката на проектот за дигитализација на нови клучни услуги за компаниите.

Во соработка со Стопанската комора на Македонија, новите електронски услуги ќе бидат презентирани и пред бизнис-заедницата. На компаниите ќе им бидат претставени начинот на нивно користење и конкретните придобивки од дигитализираните постапки.

Министерството за дигитална трансформација продолжува со забрзана дигитализација на услугите што имаат реално и непосредно значење за граѓаните и стопанството, со цел јавните услуги да бидат побрзи, поедноставни и подостапни, а институциите поефикасни, поодговорни и потранспарентни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Закани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија

Десетици основни и средни училишта ширум Србија утрово добиле закани за поставени бомби преку електронска пошта, јавуваат дописниците на РТС.

Закани за поставени бомби во повеќе од 100 училишта низ Србија

Добиени се закани за поставени бомби во 21 основно и средно училиште на подрачјето што го покрива Полициската управа Краљево.

Од тој број, 18 училишта се наоѓаат на територијата на Краљево, а три на територијата на Врњачка Бања. Учениците се испратени дома, а полицијата врши антидиверзиони проверки.

Закани за поставени бомби добиле и 23 основни и средни училишта во Јабланичкиот округ, потврдија за РТС од Полициската управа во Лесковац. На подрачјето на Полициската управа во Чачак, закани за бомби добиле 20 училишта, додека 17 училишта во Златиборскиот округ исто така примиле такви закани.

Закани за бомби се пријавени и во неколку училишта во Шабац. Полицијата е на терен и врши проверки. Во Расинскиот округ, 14 основни училишта добиле закани за поставени бомби.

На територијата што ја покрива Школската управа во Ниш, четири основни училишта – едно во Куршумлија, две во Алексинац и едно во Ниш – добија закани за поставени бомби.

Екипите за противдиверзиона заштита на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен, а учениците во Ниш веќе се вратија на настава.

Закани за бомби добија и 27 основни училишта во Севернобачкиот округ: 18 во Суботица, седум во Бачка Топола и две во Мали Иѓош. На подрачјето на Полициската управа Пожаревац, 23 основни училишта добија дојави за поставени бомби.

Екипите за противдиверзиона заштита на МВР се на терен; повеќето проверки се завршени, а учениците се враќаат во училниците. На териториите на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, 20 основни училишта добија вакви закани. Полицијата е на терен и врши проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во МНР повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија, кој во отсуство на амбасадорот ја извршува функцијата вршител на работи.

Во МНР повикан претставник на Амбасадата на Република Бугарија

На средбата беше изразено незадоволство од неодамнешната изјава на министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Иван Демерџиев, во врска со случајот со Ива Михајлова, која беше оценета како навредлива и провокативна.

Воедно, беше изразено незадоволство и од изјавата на амбасадорот Желјазко Радуков за бугарската телевизија БТВ, која ја оценуваме како директно мешање во внатрешните работи на нашата држава, имајќи ги предвид изнесените квалификации во однос на работата на надлежните институции.

Од наша страна беше посебно нагласено дека ваквите провокации го оддалечуваат билатералниот дијалог од рамката во која треба да се развиваат добрососедските односи – врз основа на меѓусебно почитување, воздржаност и конструктивна комуникација.

Во тој контекст, беше укажано дека ваквото однесување може да наметне потреба од соодветна институционална реакција согласно со одредбите на Виенската конвенција за дипломатски односи, која јасно ги утврдува рамките на дипломатското дејствување и принципот на немешање во внатрешните работи на државата на прием.

На крајот од средбата уште еднаш беше нагласена нашата посветеност на развојот на добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, при што истата посветеност и одговорност ја очекуваме и од бугарската страна.

...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформа

Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување.

Јаневска: СТЕМ компетенциите и кариерното советување - еден од фокусите на образовната реформа

Министерството за образование и наука работи на унапредување на образованието, развивање современи компетенции кај учениците и воспоставување функционален систем за кариерно советување, кој ќе им помогне на младите да ги препознаат своите потенцијали и да донесат информирани одлуки за изборот на образование и професија.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот организиран од ИНОВА, посветен на запознавање на средношколците со реалниот деловен свет, современите професии, можностите за развој на сопствен бизнис и вештините што се потребни за успех во динамичното деловно опкружување.

„Добро е да имаме што повеќе настани кои на младите им ги отвораат вратите кон иднината. Овој е еден од нив. Благодарност до тимот на ИНОВА што им овозможува на средношколците директна средба со светот на иновациите и претприемништвото и ги поттикнува да ги откријат своите интереси и таленти“, рече Јаневска.

Таа посочи дека брзиот технолошки развој, вештачката интелигенција, зелените иновации и дигиталната трансформација создаваат нови можности, но истовремено поставуваат и нови барања во однос на знаењата, вештините и квалификациите што им се потребни на младите за успешно да се вклучат на пазарот на трудот.

Во таа насока, Министерството спроведува реформи насочени кон усогласување на образованието со современите потреби на општеството и економијата. Од оваа учебна година, над 10.800 ученици во прва година средно стручно образование учат според модернизирани наставни програми, во кои се интегрирани СТЕМ-компетенциите, зелените и дигиталните вештини во сите струки. За поддршка на спроведувањето на реформата, обучени се 569 наставници, а дополнително е зајакната соработката со приватниот сектор.

Кариерното советување е вториот важен сегмент во поддршката на младите. Министерката укажа дека преку измените на регулативата за основно и средно образование и соодветните подзаконски акти, кариерното советување во училиштата е системски регулирано. Воспоставени се два регистра: Регистар на координатори за професионална ориентација на учениците во основните училишта и Регистар на кариерни советници во средните училишта. Во нив се впишуваат стручни соработници и кариерни советници кои поминале соодветни обуки и се оспособени да им обезбедат на учениците ефективна поддршка при изборот на понатамошното образование и професионалниот развој.

„Не ни е целта само да ја оствариме Реформската агенда на хартија, туку да создадеме функционален систем на кариерно советување што вистински ќе им помага на младите да го пронајдат својот пат“, рече министерката Јаневска.

Изрази очекување дека искуствата и примерите на успешните професионалци со кои средношколците ќе имаат можност да се запознаат на настанот, ќе бидат дополнителна инспирација за нивниот личен и професионален развој, како и поттик својата образовна и професионална иднина да ја градат во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер