МакедонијаСкандал во Идризиво: Осудениците од „Диво Насеље“ во живо преку Фејсбук бараа донацииСкандал го тресе затворот Идризово. Дел од осудените за настаните од „Диво Насеље“ од затворот половина час во живо на социјалната мрежа фејсбук барале донации за нивните и семејствата на загинатите борци. Во видеото кое веќе е избришано се гледа како еден од осудениците најавува дека на неколку албански медиуми ќе се појави сметка за донации, а за таа цел креирале и фејсбук група која ја нарекле Кумановска единица. На снимката која што Канал 5 ја виде пред да биде отстранета се гледаат и други лица како разговараат на телефон. Од затворот за Канал 5 го потврдуваат настанот и велат дека се соочуваат со сериозен проблем со нелегално прибавени телефони во затворот. Неодамна протече видео и од затворот во Шуто Оризари, на кое наводно е снимено доаѓањето на осомничениот во Рекет, Боки 13. Пред неколку дена и првиот човек на затворот, Есад Рахиќ во интервју за РСЕ кажа дека поседувањето телефон во ќелиите е хроничен проблем во кој се инволвирани и вработени во установата. Случајот „Диво Насеље“ во меѓувреме почна да добива и политички контекст. Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај вчера најави дека ќе побара од земјава да им дозволи на осудените за Диво Насеље, преостанатиот дел од казната да го отслужат во косовските затвори. -Тие што загинаа не се враќаат, а за живите секогаш може и треба да се бара решение. Доколку има правосилна пресуда, ќе побараме тие да ја одлежат казната во Косово. Ние ќе гарантираме“,изјави Рамуш Харадинај. Припадниците на кумановската група се осудени за тероризам за настаните во Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година. Во вооружената престрелка загинаа осум припадници на специјалните единици, а беа повредени 37 полицајци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Разликата е видлива а резултатите очигледни, Македонија забрзуваВладата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати, проекти, инвестиции и развој.Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните. За две години ВМРО-ДПМНЕ покажа што значи одговорно и посветено владеење базирано на резултати. Со историски рекордни 1,255 милијарди евра инвестиции и најсилниот инвестициски циклус во поновата историја, Македонија повторно се гради и се развива. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во моментот работи на реализација на шест нови автопатски делници кои треба да бидат завршени до крајот на 2027 година, а во следната деценија се предвидени 10 милијарди евра капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите, затоа што тие се иднината на Македонија. Се обновуват студентски домови, се обезбедија ваучери за електронски уреди. Се отвораат можности за нови бизниси и создаваат услови младите својата иднина да ја гледаат и градат дома. Доделени беа 55,000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома. Во изминатиот период се зголемија платите и пензиите, ја зајакнувме економијата и седум квартали по ред бележиме економски раст над 3 проценти. Истовремено градиме нови градинки, училишта, здравствени установи, спортски сали и патишта, додека враќаме наследени долгови во просек од над 2 милијарди евра годишно. ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како да работи за државата и граѓаните. Докажа дека националните интереси немаат цена и дека Македонија може да има власт која не капитулира кога се во прашање достоинството, идентитетот и интересите на народот. Денес Македонија не стои во место. Македонија се движи напред. Македонија забрзува. Македонија забрзува а тоа е и наша обврска да продолжиме уште посилно, уште поодлучно и уште поодговорно да работиме за повисок животен стандард, силна економија, нови можности и модерна европска Македонија. Резултатите се видливи. Разликата е очигледна. Македонија забрзува. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАфрикански топлотен бран доаѓа во МакедонијаОд денеска Македонија ќе биде под влијание на умерен топлотен бран кој доаѓа од Африка.Стабилно, сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува развој на локална нестабилност, која може да донесе краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со повремена локална облачност во текот на денот. Во попладневните часови има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи во делови од котлината. Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат околу 14 степени. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 27 до 34 степени, а во Скопје и околината до 34 степени.Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршенаФранцускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена09:11Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска “ ВМРО-ДМПНЕ одбележува 36 годишнина од своето формирање 21:58