Драган Тилев и Тони Поповски вечерва во „Само вистина“ - Канал 5

Драган Тилев и Тони Поповски вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Драган Тилев и Тони Поповски

 Драган Тилев и Тони Поповски вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Африкански топлотен бран доаѓа во Македонија

Од денеска Македонија ќе биде под влијание на умерен топлотен бран кој доаѓа од Африка.

Африкански топлотен бран доаѓа во Македонија

Стабилно, сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува развој на локална нестабилност, која може да донесе краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со повремена локална облачност во текот на денот. Во попладневните часови има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи во делови од котлината. Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат околу 14 степени. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 27 до 34 степени, а во Скопје и околината до 34 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Францускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.

Макрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршена

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

Организирната криминална група ВМРО и ЗНАМ, тендер коалиција, ќе одржат средба за реконструкција на Владата.

СДСМ: Нова козметичка операција на тендер коалицијата наречена „реконструкција на Владата“

Нова козметичка операција на тендер коалицијата која веќе две години ја држи Македонија во економски и политички колапс.

Наместо вистински реформи и одговорност, добиваме само шминка на Владата и мачкање очи на народот.

ЗНАМ, партија која практично престана да постои, која изгуби пратеник, советници и која се распаѓа пред очите на јавноста, сега излегува со став дека се „задоволни од работењето на нивните функционери“.

Прашањето е едноставно: Кој работи во ЗНАМ кога таму повеќе нема никого?

Единственото нешто што ЗНАМ и нивните кадри одлично го работат во изминативе две години се тендерите и парцелите.

Тендери за свои блиски, тендери за советници, парцели со земјиште, тендери без контрола и без одговорност.

Сè друго - од економија, до европски пат, е целосен неуспех.

Наместо реконструкција која ќе значи промена, добиваме театарска претстава во која Мицкоски и неговите сателити се обидуваат да ја продолжат истата политика на долгови, сиромаштија и изолација.

Граѓаните не сакаат нова шминика. Сакаат вистинска одговорност и вистински резултати.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер