Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот
Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет
1Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот
2Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет
СветМакрон: Не верувам дека војната меѓу САД и Иран е завршенаФранцускиот претседател Емануел Макрон, не верува оти војната меѓу Соединетите Американски Држави и Иран е „целосно завршена“, и покрај договорот што беше потпишан претходниот ден во Версај.Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека „секогаш е подобро да се има договор отколку војна“, но предупреди дека сè уште постои ризик од ескалација, наведувајќи дека светот влегува во „нова фаза на соработка и дијалог“, што би можело да придонесе за стабилизација на регионот и да овозможи побезбеден проток на танкери за нафта низ Ормутскиот теснец.Тагови: Емануел Макрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градотЗавршивме неколку големи проекти во Гевгелија со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. Вкупно инвестираме преку 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Заедно со градоначалникот извршија увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата. “Овој проект ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а тука зошто да не да се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект, во вкупна вредност од некаде 81 милион денари”-истакна Николоски. Тој најави и нов проект за општина Гевгелија. “Заедно со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот кој што ќе го преземеме како обврска Министерството за транспорт, еве можам и официјално да најавам така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот” – рече заменик претседателот на Владата, Николоски. Николоски истакна дека до сега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата. “Покрај оваа улица на која што сме во моментов, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улица Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари. Завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од булевар Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е Западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка во вредност од 30,8 милиони денари” – додаде Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитетОбвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитетСо вперен поглед нагоре, кон ѕидот осомничениот Трајче Бојковски го стартуваше судскиот процес против него, за според обвинението 4 убиства и два обиди за убиства, во главно врз возрасни и немоќни жени, кои живееле сами. Кога судијата го прозва да ги потврди личните податоци Бојковски гледаше кон светлата во ѕидот и не говоше ништо, туку на моменти се смешкаше кон невклучените сијалици. По 10 ти минути и неколку обиди на судијата, обвинетиот да го потврди сопственото име, даде кратка пауза за да се одлучи дали судењето може да продолжи. Главно обвинетиот Бојковски не го потврди сопственото име, по што судијата побара време, за да одлучи дали може да го продолжи рочиштето. Инаку, серискиот убиец Бојковски со полициска придружба и лисици на рацете беше донесен во Обвинителството во Куманово. Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово. Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.Тагови: СВР Куманово серискиот убиец од Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНереди во Лавов за време на мобилизацијата, превртено воено возило.Синоќа во Лавов, град во западна Украина, изби конфликт за време на проверка на воени документи во рамките на мобилизацијата. Притоа, се преврте службеното возило на Територијалниот центар за регрутирање (ТЦК) – украинската институција задолжена за воената евиденција и мобилизацијата – пренесува „Суспільне“. Според првичните информации од полицијата, за време на проверката бил пронајден маж роден во 1996 година, кој бил баран поради избегнување на воената служба. Алина Подрејко, портпаролка на Главната управа на Националната полиција во регионот Лавов, изјави дека полициските службеници одржувале јавен ред и мир на местото на настанот. „Прелиминарно е утврдено дека, при проверка на граѓани во рамките на активностите за мобилизација, бил пронајден маж по кого се трагало поради избегнување на воената служба“, изјави Подрејко. Според неа, по мажот се трагало од 12 јуни. Што соопштува центарот за регрутација Регионалниот територијален центар за регрутација и социјална поддршка во Лавов објави на Фејсбук дека на 8 јули, околу 21:30 часот, на улицата Стријска, нивниот персонал – заедно со полицијата – запрел маж за да му ја провери воената документација. ⚡️ Protesters overturned a military recruitment office vehicle in Lviv during a mobilization operation According to Ukrainian outlet Suspilne, the incident took place in the city's Sykhiv district while military recruiters were attempting to serve a notice to a 1996-born man who… pic.twitter.com/hMnCoaChd2 — NEXTA (@nexta_tv) July 9, 2026 „При проверката било утврдено дека мажот ги прекршил правилата за воена евиденција уште од 12 јуни. Тој бил однесен во центарот за регрутација, а во 00:20 часот бил упатен на воено-медицинска комисија“, се наведува во објавата. „Втора група на ТЦК остана на местото на настанот, каде што беше блокирана од група неидентификувани лица. Оваа група го опколи службеното возило на војниците, се однесуваше агресивно, му нанесе значителна штета и на крајот го преврте. Полицијата работи на терен. Сите настани ќе бидат предмет на соодветна правна оценка, а одговорните ќе се соочат со последиците предвидени со закон“, се додава во соопштението. 2/2 About 150 protesters gathered to prevent the man being taken away by the military snatch squad. They eventually overturned the unmarked military van. Numerous members of 🇺🇦government have pledged to stop this practice of street-snatches, yet still it happens. pic.twitter.com/yrsPjcjC4a — Tim White (@TWMCLtd) July 8, 2026 Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет12:27
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43