Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер

Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Унгарија од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ  под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“.

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“, во кој многумина го препознаа мотото кое го популаризираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп – „Направи ја Америка повторно голема“. Проширувањето на ЕУ е високо на агендатата на Будимпешта за следните шест месеци, како еден од седумте клучни периоритети на унгарското претседателство, а во чија порака се вели дека ЕУ не може да биде целосна без Западен балкан. Во неодманешното претставување на приоритетите, министерот за европски прашања Јанош Бока рече дека очекува Македонија и Албанија конечно да го направат клучниот исчекор кон евроинтегративниот пат.

- Се надеваме дека до крајот на нашето претседателство, сите земји од Западен Балкан ќе направат најмалку еден чекор поблиску до нивното членство во ЕУ. Унгарското претседателство има конкретни цели за земјите кандидатки од Западен Балкан. Сметаме дека е реално Црна Гора да отвори нови преговарачки кластери, мислам дека е реално со Македонија и Албанија да се одржат меѓувладини конференции,- Јанош Бока - министер за европски прашања на Унгарија.

Но и покрај тоа што една од најважните точки во шестмесечното претседавање на унгарскиот премиер Орбан е интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, од Македонија и натаму ќе се очекува да ги исполни условите од преговарачката рамка, смета извршниот директор на Евротинк Димитар Николовски.

„ Очекувам дека за време на ова претседателствување ќе има позитивни сигнали во однос на нѓшето пристапување кон ЕУ, но реално не очекувам дека ќе има таква моќ па нуту заинтересираност да ги средуваат билатералните проблеми на Македонија со грција и бугарија, тука ќе бидеме оставени сами на себе.// Промена во преговарачкта рамка не очеувам видовме дека за такво нешто нема заинтересираност ни од Бугарија, мислам дека ЕУ со унгарското претседателство ќе биде зафатено во внатрешни расправии, ангажирани околу украина, баш нашиот конкретен проблем ќе биде многу ниско на агендата и поради тоа не очекувам некои посебни промени. ‘-Димитар Николовски – Евротинк.

Меѓу приоритетите на унгарското е завршување на војната во Украина, подобрување на конкуренстноста на унијата, борбата против илегалната миграција теми кои предизвикуваат низа несогласувања на релација Будимпешта - Брисел.

Пукање во скопско Батинци: Едно лице почина, друго е повредено

Полицијата се уште трага по лицата кои утринава во селото Батинци од автомобил пукаа кон две лица во друг автомобил при што едно е убиено. 

Освен на терен полицијата во околината пребарува и со хеликоптер. Настанот се случил утринава по 9 часот. Двајцата браќа, 34 и 32 годишни од селото Црн Врв, додека се возеле во автомобил со италијански регистерски таблици, биле пресретнати од возило мерцедес со германски таблици во кое според информациите имало две лица кои носеле маски. Според првичните сознанија со автоматско огнено оружје пукале кон двајцата браќа при што постариот, 34 годишен, починал на самото место. Другиот со повреди во десното рамо бил пренесен на скопските клиники.

-На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот,- изјави – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Маскираните лица кои пукале веднаш побегнале, а според неофицијални информации во правец на селото Драчевица. Кои се мотивите за убиството од МВР засега не откриваат. Кратко велат дека се работи на расчистување на случајот.

Но, во Батинци ова е уште една во низата на крвави пресметки во последните неколку месеци. Пред еден месец исто така имаше пукање кон возило во движење, но тогаш без повредени лица. Лани пак при пукање едно лице заврши во болница а друго лице кое се поврзуваше со случајот подоцна беше уапсено.

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка, јави ДПА, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Противпожарните служби беа повикани за повеќе од 300 интервенции во административниот регион Злин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Прага, во близина на границата со Словачка. Се користеа пумпи за одводнување на поплавени подруми и простории на приземје, а паднатите дрвја се отстранети од коловозите.

Десетици згради, меѓу кои и општински објекти се поплавени во околните села и луѓето мораа да бидат евакуирани. Се наведува дека штетите изнесуваат милиони евра.

притисни ентер