Де Брујне: Во наредните месеци ќе биде дефинирана мојата иднина во Манчестер сити

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне го сподели своето мислење за неговата иднина во премиерлигашот.

-Ќе имам мирно лето. По Европското првенство ќе уживам во одморот, а потоа ќе се вратам во Манчестер сити. Може да има преговори со клубот во наредните месеци, го цитира играчот новинарот Кристоф Тере.

Денеска, 1 јули, репрезентацијата на Белгија ќе игра против Франција во осминафиналето на Европското фудбалско првенство 2024. Средбата во Диселдорф е закажана за 18 часот.

Договорот на 33-годишниот Белгиец со Манчестер сити е со важност до летото 2025 година.

Јанчев: Реконструкција на детското игралиште на ул.„Браќа Џунови“

 Започна реконструкција на детското игралиште на ул.„Браќа Џунови“ со површина од 185м² каде на истото ќе се постави гумена подлога, детски реквизити и нова урбана опрема.

Изведувач на работите е фирмата ТЕРАКОТА од Прилеп.

Кавадарци за сите, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Меланија „нема да биде на должност 24 часа на ден“ доколку Трамп ја освои Белата куќа

Малку е веројатно дека сопругата на поранешниот американски претседател Меланија Трамп повторно целосно ќе ја преземе улогата на прва дама доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател, објави Индипендент.

Според изворот, словенечката поранешна манекенка склучила договор со Трамп дека таа, доколку тој се врати во Белата куќа во ноември, „нема да биде на должност како прва дама 24 часа на ден, седум дена во неделата“.

Таа верува дека може да биде „мајка и прва дама во исто време“.

Наместо полно работно време како сопруга на претседателот, Меланија Трамп планира своето време да го подели меѓу Вашингтон и Њујорк, каде нивниот син Барон Трамп ги започнува студиите на Универзитетот во Њујорк. /МИА

Уругвај – Бразил дерби на четвртфиналето на Купот на Америка

Репрезентацијата на Бразил не успеа да ја совлада Колумбија ноќеска во Санта Клара во последното коло од Д-групата на фудбалскиот куп на Америка 2024 година. 

По нерешените 1:1, Бразилците завршија на 2. место на табелата и „налетаа“ на Уругвај во четвртфиналето.

Двојки за четвртфиналната фаза на Копа Америка.

Аргентина - Еквадор (5 јули)

Венецуела - Канада (6 јули)

Колумбија - Панама (7 јули)

Уругвај - Бразил (7 јули). /МИА

притисни ентер