Откако на вчерашната седница Владата донесе одлука оградата од ковано железо вредна 700.000 евра да се врати околу Владината зграда, со образложение дека објектот е опкружен со нефукционална и непрезентативна ограда, задачата за нејзино лоцирање и враќање и беше дадена на Службата за општи и заеднички работи. Според новиот директор на СОЗР Ивица Томовски оградата била насилно извадена од претходната власт и сега истата поради негрижа е во незавидно лоша состојба и најави напори за нејзино враќање на како што вели „вистинското место.“
- Оградата беше поставена во 2015 година од тошаниот премиер Никола Груевски, а беше отсранета во 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев, со цел просторот околу објектот да биде подостапен за граѓаните.
Според досегашниот директор на СОЗР Пеце Мирчевски, службата постапила согласно одлуката на тогашната Влада и не смета дека оградата била запуштена.
-Министерството за одбрана ни излезе во пресрет и ни го ослободи просторот за нејзино складирање во касарната Илинден. Железото не е потрошен материјал и според мене оградата беше соодветно чувана и складирана. Има можност да се реставрира и според новата одлука на Владата да се врати околу објектот.- Пеце Мирчески – поранешен директор на СОЗР
Од СОЗР сега најавија дека ќе прават дополнителна проценка за состојбата на оградата, па засега сеуште не е познато кога истата ќе може да биде вратена пред Владата...
Граѓаните кои ги анкетиравме со поделени мислења околу оваа одлука.
- Секогаш мора да има ограда околу Владите како во сите Влади во светот така и во оваа, мислам дека беше глупо што ја извадија.
- Непотребно..Исто непотребно е
- За тоа немам коментар јас ги гледам моите маки што си ги имам таму нека си решаваат министрите.
Откако оградата беше извадена пред 5 години, останаа белите бетонски столбови, за чие отстранување од тогашната Влада беше кажано дека би чинело многу, додека од железото се најавуваше дека ќе се пренамени и ке се изработат клупи. Наместо тоа, новата влада ги најде оставени на забот на времето, во дворот на касарната Илинден.