Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка

Обилни дождови предизвикаа поплави во источниот дел на Чешка, јави ДПА, повикувајќи се на службите за итни случаи.

Противпожарните служби беа повикани за повеќе од 300 интервенции во административниот регион Злин, на околу 250 километри југоисточно од главниот град Прага, во близина на границата со Словачка. Се користеа пумпи за одводнување на поплавени подруми и простории на приземје, а паднатите дрвја се отстранети од коловозите.

Десетици згради, меѓу кои и општински објекти се поплавени во околните села и луѓето мораа да бидат евакуирани. Се наведува дека штетите изнесуваат милиони евра.

Целосно реконструиран вториот дел од улицата Козле 3 во Нерези

Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези. 

Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.

Општина Карпош

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ - најавува обединување и реформи

Венко Филипче и официјално е потврден за претседател на СДСМ, од партиската изборна комисија доби уверение и ја презеде функцијата од неговиот претходник Димитар Ковачевски.

На примопредавањето во партиското седиште, поранешниот лидер му посакал градење на победнички СДСМ, додека пак новоизбраниот претседател ја повторил неговата заложба за обединување и темелни внатрешни реформи.. Дека ќе биде достапен во секое време за членовите Филипче вети и по завршување на внатрепартиските избори во неделата.

-Нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите освен да напаравиме вистински темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме ниту да бидат половични. Граѓаните и нашите членови тоа ќе го препознаат и нема да ја вратат довербата. Ветувам и дека ќе бидеме силна опозиција. Ќе се бориме со сите сили да ги спречиме лошите политики на власта, и ќе бидеме коректив во општеството.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

Филипче беше избран со 9000 гласови од членовите на партијата, наспроти неговите опоненти Деспотовски кој доби поддршка од околу 2.700 гласови, Бајдевски 900 и Петровска која се откажа од кандидатурата ден пред изборите со близу 200 гласа.

Јован Деспотовски алармираше за изборни нерегуларности, со тврдење дека на 11 илјади негови сопартијци не им било овозможено да гласаат иако биле претходно пријавени. Сепак, по изборите на неговиот приговор од Централната изборна комисија на СДСМ одговорија дека се работело за само 50 лица кои биле проверени уште веднаш, а неговите наведени забелешки не влијаеле на изборните резултати. И Јован Деспотовски и Славјанка Петровска сепак најавија дека планираат да продолжат со политичкиот ангажман во СДСМ.

Бугарија и Грција заедно го поставиле македонското досие пред европските лидери во Брисел

Иако бугарскиот претседател Радев, и покрај инсистирањето на новинарите, не откри дали на вчерашната средба со Мицотакис изградиле заедничка позиција кон Македонија, одговор стигна од бугарскиот премиер Главчев.

На денешната владина седница реферираше дека заедно со Грција, македонското досие го поставиле пред европските лидери во Брисел.

-За прв пат, кон нашата позиција се вклучи и Грција. Станува збор за Македонија, изјави Димитар Главчев, технички премиер на Бугарија.

Радев по вчерашната средба со Мицотакис во Атина, коментирајќи ги последните пораки на Мицкоски рече дека и меѓународното и уставното право биле јасни и дека договорот за добрососедство не може да биде предмет на пазарење.

-Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполнува од сите влади, а не да се ревидира, изјави Румен Радев, претседател на Бугарија.

Мицотакис не даде изјава по средбата, но бугарските позиции речиси ги преслика во обраќањето на конференцијата на Економист, шефот на грчката дипломатија Герапетритис. Вели меѓународното право не е селективен процес.

-Кога би можеле да избереме некои од одредбите на договорите, а другите да ги оставиме, тогаш очигледно, воопшто не би постоело меѓународно право. Штом има ратификација, нема враќање назад и мора целосно да го почитуваме. Тоа е она што го бараме од Северна Македонија., изјави Јоргос Герапетритис, министер за надворешни работи на Грција.

За поранешниот амбасадор Васко Наумовски, потврдениот сојуз меѓу Атина и Софија, не е изненадување. Очекува и во иднина да настапуваат од позиција на моќ, а македонската влада да ги наметне аргументите пред влијателните членки на Унијата дека копенхашките критериуми се основа за напредок.

-Попрактично ќе беше Грција и Бугарија да се обединија во промција на европските вредности на Балканот и поддршка на ервоинтеграцијата на соседите. Овие договарања будат лоши спомени кај македонскиот народ и верувам дека понатамошните чекори и на Бугарија и грција ќе се темелат на копенхашките критериуми. Во наредниот период очекувам македонската влада достинствено ќе ги аргументира позициите во брисел и Еу ќе најде начин да го продолжи процесот на проширување. , вели Васко Наумовски, поранешен амбасадор

Премиерот Мицкоски пред два дена изјави дека Преспанскиот договор е реалност и дел од уставниот поредок на земјата, а Договорот со Бугарија, како што еднаш бил репреговаран со францускиот предлог, би може повторно да претрпи измени во корист на македонскиот народ.

притисни ентер