Јанчев: Фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, напиша на својот профил на Фајсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Ј.П. Комуналец Кавадарци работи на поставување на фекална канализација со комплетно нови шахти во село Бохула, во должина од 520м2 со коругирани цевки Ф315.

Инвестиција на ЈП Комуналец и Локална самоуправа Кавадарци.

Кожувчанка ДОО донираше изворска вода

на Армискиот полигон Криволак!

Криволак е армиски полигон за воени вежби во Македонија кој е изграден уште пред 70-ина години.

Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.

“Mисијата на полигонот како центар за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на нашата армија, а мисијата на Компанијата Кожувчанка е секогаш да ја обезбеди потребната помош и поддршка!” - изјавија од Кожувчанка ДОО.

Затоа, денес, Кожувчанка од Кавадарци донираше 10.000 литри Изворска вода на армискиот полигон Криволак.

Да го чуваме и негуваме своето и да го вратиме статусот на Криволак како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници место за вежби.

Реакција на Мемов во врска со соопштението на СДСМ

Реакција на соопштението на СДСМ од страна на портпаролот на ЗНАМ Никола Мемов.

„Имавте 7 години да ги затворите тие што сакаа да ги убијат пратениците на СДСМ во Собранието.

Наместо тоа, вие се испазаривте со нив за да го смените името на Македонија.

Сегашниот коалиционен партнер во владата од Тетово што го спомнувате, проверете си чиј носител на листа беше на едни парламентарни избори.

И за крај, остајте ги клучевите од партијата под чергиче, кога ќе заклучите.“, стои во реакцијата.

ЕК одобри преземање на дел од сопственоста над ИТА од страна на „Луфтханза“

Европската комисија соопшти дека денеска го одобрила предлогот за заедничка сопственост над италијанскиот авиопревозник „ИТА Ервејс“ (ИТА) од страна на германската авиокомпанија „Луфтханза“ и Министерството за економија и финансии на Италија. 

Во моментов ИТА е во стопроцентна сопственост на државата Италија, застапувана од Министерството за економија и финансии.

ЕК во соопштението посочува дека ваквата одлука следи по длабинска истрага на предложената трансакција, при што е утврдено дека иако ИТА денес работи добро, нејзината долгорочната одржливост како самостоен превозник би била „многу неизвесна“ без ова преземање.

Во соопштението се посочува дека „Луфтханза“ и ИТА одржуваат широка мрежа на линии од нивните центри во Австрија, Белгија, Германија, Швајцарија и Италија, кои во значителна мера се комплементарни. Дополнително, „Луфтханза“ соработува со „Јунајтед ерлајнс“ и „Ер Канада“ на линии меѓу Европа и Северна Америка, како и со „Ол Нипон Ервејс“ (АНА) за летови до и од Јапонија.

- За време на својата длабинска истрага, Комисијата обезбеди опширни и повратни информации од учесниците во зделката и другите засегнати страни, вклучително и од ривалските авиокомпании, аеродромите, деловни клиенти, здруженија на потрошувачи и патници, како и од индивидуални потрошувачи, се наведува во соопштението.

Според ЕК, при истрагата постоела загриженост дека влезот на „Луфтханза“ во ИТА би придонел за намалување на конкуренцијата на одреден број линии меѓу Италија и земјите од Централна, како и меѓу Италија и САД и Канада, но би зајакнала и доминантната позиција на ИТА на аеродромот „Милано-Линате“, што може да им отежне на конкурентските авиокомпании да обезбедуваат услуги за патници од и до овој аеродром.

За да се отстрани ваквата загриженост на Комисијата, таа побара од „Луфтханза“ и италијанското Министерство за економија и финансии да им „стават на располагање средства“ на една или две конкурентски авиокомпании за да им овозможат редовни летови меѓу Рим или Милано и одредени аеродроми во Централна Европа, како и да склучат договори со конкурентите за да ја подобрат нивната конкурентност на долги линии. Дополнително, треба да им се овозможат рамноправи услови за слетување и полетување на конкурентските авиокомпании од аеродромот „Милано-Линате“.

Согласно договореното, „Луфтханза“ ќе може да преземе дел од сопственоста врз ИТА дури по исполнување на овие услови. /МИА

Мизрахи: Наместо за директори ќе се троши за кадар и за опрема

Разрешени девет директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи денеска изјави дека досега се разрешени девет од вкупно 14 економски директори во клиничките болници, а за разрешување на останатите пет се очекува Владата до Собранието да ги испрати Предлог-измените на Законот за здравствена заштита.

- Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение. Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, почна да се реализира, а гласи: Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста, истакна Мизрахи.

Оваа мерка, оцени, ќе овозможи оптимизација на здравствениот систем, зајакнување на јавното здравство и подобрување на неговата функционална организација, преку елиминирање на врзаните потписи и сивата зона на одговорност во рамки на здравствените установи.

- Истовремено ќе се намалат непотребните и ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани. Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време, рече Мизрахи.

притисни ентер