Унгарија од денеска го презема претседавањето со ЕУ

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ  под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“.

Унгарија од денеска го презема кормилото на ротирачкото претседателство со ЕУ под слоганот „Направи ја Европа повторно голема“, во кој многумина го препознаа мотото кое го популаризираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп – „Направи ја Америка повторно голема“. Проширувањето на ЕУ е високо на агендатата на Будимпешта за следните шест месеци, како еден од седумте клучни периоритети на унгарското претседателство, а во чија порака се вели дека ЕУ не може да биде целосна без Западен балкан. Во неодманешното претставување на приоритетите, министерот за европски прашања Јанош Бока рече дека очекува Македонија и Албанија конечно да го направат клучниот исчекор кон евроинтегративниот пат.

- Се надеваме дека до крајот на нашето претседателство, сите земји од Западен Балкан ќе направат најмалку еден чекор поблиску до нивното членство во ЕУ. Унгарското претседателство има конкретни цели за земјите кандидатки од Западен Балкан. Сметаме дека е реално Црна Гора да отвори нови преговарачки кластери, мислам дека е реално со Македонија и Албанија да се одржат меѓувладини конференции,- Јанош Бока - министер за европски прашања на Унгарија.

Но и покрај тоа што една од најважните точки во шестмесечното претседавање на унгарскиот премиер Орбан е интеграцијата на Западен Балкан во Унијата, од Македонија и натаму ќе се очекува да ги исполни условите од преговарачката рамка, смета извршниот директор на Евротинк Димитар Николовски.

„ Очекувам дека за време на ова претседателствување ќе има позитивни сигнали во однос на нѓшето пристапување кон ЕУ, но реално не очекувам дека ќе има таква моќ па нуту заинтересираност да ги средуваат билатералните проблеми на Македонија со грција и бугарија, тука ќе бидеме оставени сами на себе.// Промена во преговарачкта рамка не очеувам видовме дека за такво нешто нема заинтересираност ни од Бугарија, мислам дека ЕУ со унгарското претседателство ќе биде зафатено во внатрешни расправии, ангажирани околу украина, баш нашиот конкретен проблем ќе биде многу ниско на агендата и поради тоа не очекувам некои посебни промени. ‘-Димитар Николовски – Евротинк.

Меѓу приоритетите на унгарското е завршување на војната во Украина, подобрување на конкуренстноста на унијата, борбата против илегалната миграција теми кои предизвикуваат низа несогласувања на релација Будимпешта - Брисел.

Распуштање на судскиот и на советот на ЈО ќе предизвика сериозна загриженост

Мешање во независноста на судството би било најавеното распуштање на Судскиот и обвинителскиот совет, порача евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. 

Иако ја поздрави заложбата на власта за борба опротив корупцијата и владеењето на правото, Гир, како што рече, разрешувањето на овие две тела ќе предизвика сериозна загриженост.

-Разрешувањето на Судскиот Совет и Советот на јавните обвинители направено на невообичаен начин, ќе претставува мешање во независноста на судството и ќе предизвика сериозна загриженост. Истото важи и за идејата за поделба на Академијата на судии и јавни обвинители, институција за која сметаме дека треба да служи како гаранција за меритократија и непристасност во судството. – Дејвид Гир – Амбасадор на ЕУ во РМ

Гир ја преснесе порака на конференцијата која ја организираше Судскиот совет посветена на резултатите од имплементацијата на препораките на оценската мисија на ЕУ по минатата турбулентна година во советот. Американската амбасадорка Анџела Агелер се согласи со холандскиот амбасадор дека довербата во судството е шокантно ниска и очекува Судскиот совет да даде отпор на политичките притисоци.

-Пораката е јасна и не се менува – работете ја работата којашто треба да ја работите, следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политички притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. – Анџела Агелер – Амбасадор на САД во РМ

-Овие настани предизвикаа наша суспензија на МАТРА проектот, меѓутоа беше и причина за Оценската мисија испратена од ЕУ. Исто така сметам дека суспендирањето на проектот ни даде повеќе резултати од тоа само кога би продолжиле со спроведување на проектот. – Дирк Јан Коп – Амбасадор на Холандија во РМ

Дамева останува на ставот дека разрешувањето на целиот Совет би бил погрешен чекор кој ќе резултира со вакум период со опасност од застарување на дисциплинските постапки. Здржението на судии пак инсистира на консултации пред да се донесе било какво решение.

-Не ја поддржувам тезата за колективна одговорност. Сепак мојот личен став е треба да има индивидуална одговорност и таа индивидуална одговорност треба да биде точно детектирана и санкционирана. Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција за нешто ако сторил противзаконски, го нарушил и интегритетот на Судскиот совет. – Весна Дамева – Претседател на Судски совет

Се она што се заговара во правец на реформи во судскиот систем, треба да се извршува согласно некаква консултација со овие судски власти. Се поинаку би значело непочитување на судската власт, се поинаку би значело сузбивање на судската власт. – Иван Џолев – Претседател на Основен Кривичен суд

Судскиот совет по ланските скандали доби препораки од Брисел од кои како што денеска информираа, најголемиот дел се спроведени и се однесуваат на образложување на одлуките и дисциплинските постапки.

Сепак, ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма најави план за негово распуштање, а избор на членови во иднина единствено од судската фела.

Претседателката Сиљановска Давкова го прими азербејџанскиот амбасадор, Камил Касијев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Азербејџан, Камил Касијев.

На средбата се разговараше за продлабочување и унапредување на билатералните односи во различни сфери што се од заемен интерес за двете земји. Во тој контекст, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека покрај другите облици на соработка, размената на посети на високо ниво меѓу двете земји може да придонесе за интензивирањето на билатералните односи и политичкиот дијалог.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат богато културно наследство и долга историја со коишто може да се постигнат солидни резултати во областа на туризмот. Таа додаде дека со зајакнување на соработката во оваа област и преку прикажување на нашиот туристички потенцијал, може да се отвори патот за зголемена туристичка размена и меѓусебно разбирање.

Претседателката го изрази и нашиот интерес за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на енергетиката, имајќи го предвид нашиот интерес за диверзифицирање на изворите за снабдување со енергенси, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

Целосно реконструиран вториот дел од улицата Козле 3 во Нерези

Денеска се реализирање завршната фаза од целосната реконструкција на вториот дел од улицата Козле 3 во урбаната заедница Нерези. 

Оваа сообраќајница е во должина од 300 метри квадратни, а од буџетот на Општина Карпош, издвоени се 3.311.670,12 денари. Изведувач на градежните работи е Друштвото за градежништво, трговија и услуги, ,,Гама Градба” ДООЕЛ Скопје.

Во изминатиот период, локалната самоуправа издвои финансиски средства за асфалтирање и обновување на неколку краци од улици како и поголеми сообраќајници, со цел граѓаните на Карпош, да се движат по безбедни и реконструирани улици.

Општина Карпош

притисни ентер