Силвестер Сталоне снима реално шоу - Канал 5

Силвестер Сталоне снима реално шоу

Легендарниот холивудски актер, 76 годишниот  Силвестер Сталоне го снима своето реално шоу „Семејството Сталоне“.

Силвестер Сталоне снима реално шоу

Шоуто треба да наликува на она што го прослави семејството Кардашијан, што значи дека легендарниот актер пушти камери во неговиот дом и тие ја следеа нивната секојдневна рутина и сите случувања во семејството.

Како што пренесува „The Sun“, Сталоне поголемиот дел од своето време во шоуто го поминува со своите ќерки на кои постојано им држи лекции за љубовниот живот, односно се труди да ги држи што подалеку од мажите.

Воедно популарниот Слај на своиите ќерки се обидува да им наметне воена обука во секојдневието. Но ги советува и да не пушат цигари и да водат здрав живот.

Инаку, убавата Флавин и холивудската ѕвезда Сталоне се во брак 25 години и имаат три ќерки, Софија, Систин и Скарлет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2.

ЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и Непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет, одговорно лице во едно од обвинетите правни лица, не постапил според техничките правила за мерките за заштита – предвидени во Законот за градење и со тоа предизвикал опасност за животот на луѓето. Како инвеститор, тој градел зграда, но иако објектот се уште бил во градба, не презел заштитни мерки – лифтовското окно во објектот не го заштитил со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил за да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови.

На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице <span;>кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба, еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место.

Со обвинението е опфатено и правното лице кое ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи свесно не се придржувале кон законот за работни односи и кон мерките за заштита при работа.

Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците.

Без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност. Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот.

Со цел да спречи статусни промени и отуѓување на имотот на правните лица во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот суд во Охрид достави и предлог за определување мерка за обезбедување – Забрана за статусни промени во двете обвинети фирми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

А1 Македонија со нова припејд понуда

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците Нови двонеделни пакети со неограничени разговори и до пет пати повеќе интернет во постоечките пакети, без промена на нивните цени. 

А1 Македонија со нова припејд понуда

*Активација на eSIM по цена од 49 денари.

– А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби.

Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените. Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат:

 Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари.

 Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.

Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик со траење од 14 дена.

Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1.

Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет:

 Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена.

 Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена.

Дополнителна поволност е новатацена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk.

Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска.

Повеќе информации за новата припејд понуда се достапни на www.a1.mk.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија го повлекува ветото за преговорите на Украина со ЕУ

Унгарија денес ги повлекува своите приговори за последните два преговарачки кластери за пристапување на Украина во Европската Унија, потврдија дипломати. 

Унгарија го повлекува ветото за преговорите на Украина со ЕУ

Ова го отвора патот за Киев и Молдавија да започнат преговори за сите поглавја за членство во ЕУ, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Два дипломатски извори потврдија дека Унгарија планира да се откаже од своето вето за отворање на последните два преговарачки кластери со Украина, на состанокот на амбасадорите на ЕУ.

Овој потег го најави Андраш Биро-Наѓ, унгарскиот државен секретар за прашања поврзани со ЕУ, за време на дебатата за проширувањето што му претходеше на вчерашниот состанок на Советот за општи работи во Брисел.

Долго време, Будимпешта ја блокираше кандидатурата на Украина, а со тоа го попречуваше и отворањето на преговарачките кластери. Ветото, исто така, го запре напредокот на Молдавија, чиј процес на пристапување е сè уште поврзан со оној на Киев.

Ставот на Унгарија се промени откако Петер Маѓар ја презеде власта од Виктор Орбан, кој владееше 16 години. Првиот преговарачки кластер беше отворен во јуни, вториот во јули, а следните два – во октомври.

Минатиот месец, Киев и Будимпешта постигнаа договор во врска со правата на унгарското малцинство во западна Украина, кој потоа беше одобрен од украинскиот парламент. По ова, унгарската влада беше подготвена да го направи следниот чекор, но сепак го одложи отворањето на последните два кластера за уште неколку недели. Поради повеќегодишната антиукраинска реторика за време на ерата на Орбан, ваквата одлука стана политички чувствителна на внатрешен план.

Унгарскиот премиер Маѓер и украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одржаа својата прва билатерална средба на 16 октомври во Брисел, на маргините на самитот на Европскиот совет. Оваа средба претставува дополнителен чекор кон подобрување на односите меѓу двете соседни земји.

Откако Унгарија официјално ќе го повлече своето вето во петок, Украина и Молдавија ќе можат да ги отворат сите преговарачки кластери. Тие вклучуваат некои од најосетливите поглавја, како што се оние што се однесуваат на животната средина и земјоделството. За Киев, земјоделството ќе биде особено предизвикувачка тема.

Под притисок од земји како Полска и Франција, Европската комисија предложи ограничување на пристапот до фондовите на ЕУ и до европскиот пазар за одредени украински земјоделски производи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер