Мицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во Украина
1Мицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во Украина
Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
1Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња
ФудбалСтрахиња Павловиќ: „Зошто Лука Модриќ нема маани? Ќе ви објаснам“Српскиот репрезенативец Страхиња Павловиќ открива зошто легендарниот Хрват, Лука Модриќ, и покрај тоа што има 41 година, останува клучен играч за Хрватска и за многу клубови.Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ ја искористи паузата за репрезентативни натпревари за да заздрави од повреда. Во таа прилика, тој гостуваше и во подкастот „SS Calcio MrBit“, каде што, меѓу другото, зборуваше за легендарниот Лука Модриќ. Иако има 41 година, најдобриот фудбалер во историјата на Хрватска сè уште е баран од многу клубови. Причината е искуството, но не само тоа – ако му се верува на Страхиња Павловиќ, фактот што Лука Модриќ едноставно нема никакви мани, претставува одлична препорака за сите тимови. На шеговитото прашање на новинарот: „Ајде да најдеме некоја мана кај Лука Модриќ“, Павловиќ одговори сериозно: „Не, не“. „Не, навистина не. Едноставно, пред сè, тој е сосема нормален човек. И покрај тоа што е таков шампион – ја освои „Златната топка“ (Ballon d'Or), а знаеме колку многу играчи не успеале во тоа – тој сепак остана цврсто на земја, со сосема нормален карактер. Сè најдобро за него“, изјави Страхиња Павловиќ. Кога ќе се пензионира Лука Модриќ? Лука Модриќ е единствениот активен фудбалер во Италија кој ја има освоено „Златната топка“. Ова е поразително за земјата на фудбалот, каква што некогаш беше Италија, но истовремено претставува и одлична можност да се докаже колку Лука Модриќ значи за развојот на овој спорт таму. „Па, да, и мислам дека тој сепак ќе игра. Не сакав да го вознемирам минатото лето, но чувствував дека тој не би сакал да ја заврши кариерата на начинот на кој ја завршивме сезоната – со последниот натпревар против Каљари. Без оглед на тоа што беше повреден неколку натпревари претходно, знаев дека тој дефинитивно ќе сака да игра уште. А кога видов како помина Хрватска и дека не стигнаа далеку, тогаш ми стана јасно. Си реков: ’Лука 100 отсто ќе одигра уште една година‘“, откри Павловиќ. „Затоа дури и не му пишав ништо; знаев што ќе се случи. Буквално 20 дена подоцна, во Италија објавија дека Лука ќе го продолжи договорот, бидејќи има опција за уште една година, која и ќе ја активира. Но, навистина, кога ќе го погледнете, јасно е дека не може да трча како што трчаше на 30-годишна возраст... Сепак, се гледа дека добива дуели, дека трча и дека се забележува разликата кога е на теренот, а кога не е.“ Уште еднаш: тој има 41 година, во доцните играчки години е, а сепак го сакаат во Милан и е неопходен за националниот тим – тоа е Лука Модриќ. Тој не се предава пред помладите и побрзите играчи: „Тоа е менталитет на шампион. Секоја топка, секоја минута, секој атом сила“, заклучи Страхиња Павловиќ.Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаМицкоски на средба со Мерц: Истакната важноста на засилените напори за завршување на војната во УкраинаЗаедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните.Заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во Берлин учествувавме на состанокот на Коалицијата на волните, посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир. На состанокот организиран од германскиот канцелар Фридрих Мерц беше истакната важноста на засилените напори за завршување на војната, како и потребата од заедничко дејствување на европските партнери и САД. Ја потврдивме поддршката на нашата земја за напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина, преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерманија ја преполовува квотата за Западен Балкан, Бундесратот одлучува на 18 декемвриГерманија планира да ја преполови годишната квота за работници од Западен Балкан – од 50 на 25 илјади.. Ограничувањето ги опфаќа и македонските граѓани кои преку посебна постапка можат да добијат работна дозвола без признаена професионална квалификација. За измената треба да се изјасни Бундесратот на 18 декември. Колку е значаен германскиот пазар на труд за македонските граѓани покажуваат и статистичките податоци. На крајот на 2025 година, над 19 илјади македонски државјани имале дозвола за престој врз основа на вработување во Германија. -Ние како Германска стопанска комора и како Германско-македонско стопанско здружение се залагаме тука, тука да останат квалификуваните работни сили. И самите добро знаете, имаме огромен број на германски инвестиции тука, фабрики коишто вработуваат по одлични услови и наша цел е квалификуваните работни кадри да останат тука во земјата и тука да најдат квалификувана работа,- Антје Ванделт – директорка на АХК Македонија. И македонските власти велат дека приоритет е младите и работоспособните да останат во земјава. Како мерки ги посочуваат новите инвестиции, активните програми за вработување и реформите на пазарот на труд. Заменик министерот за економија Марјан Ристески посочи и дека министерството работи на нов Закон за работни односи, кој треба да овозможи поголема флексибилност за работодавачите, но и заштита на работничките права. -Секојдневно гледаме од медиумите како имаме масовни отпуштања на вработени токму во Германија, и можеби резултат на тоа и одлуката на германската Влада можеби ќе биде да ја намалат оваа квота, меѓутоа ние пак од друга страна сме пресреќни како држава доколку работоспособните, посебно младите работоспособни луѓе, останат и егзистираат тука во државата,- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд. Една од мерките е и Законот за работно ангажирање лица, кој се применува од јануари годинава. Со него пензионери, студенти, невработени и други категории граѓани можат дополнително да работат во земјоделството, угостителството и услугите во домаќинството, без да го изгубат постојниот статус. Ангажманот се пријавува електронски преку Агенцијата за вработување, а работниците добиваат надоместок за одработените часови и соодветно пензиско и здравствено осигурување. Целта е сезонската и повремената работа да се формализира и работниците да добијат правна и социјална заштита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook