ЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение - Канал 5

ЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2.

ЈО: Непочитување на прописите придонело да загине работник во Охрид – поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Обвинителен предлог против 2 физички и 2 правни лица за – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 4 во врска со член 288 став 4 во врска со став 2, Предизвикување општа опасност по член 288 став 5, Повреда на правата од работен однос по член 166 и Непреземање мерки за заштита при работа по член 170 од Кривичниот законик.

Првиот обвинет, одговорно лице во едно од обвинетите правни лица, не постапил според техничките правила за мерките за заштита – предвидени во Законот за градење и со тоа предизвикал опасност за животот на луѓето. Како инвеститор, тој градел зграда, но иако објектот се уште бил во градба, не презел заштитни мерки – лифтовското окно во објектот не го заштитил со заштитна ограда, градилиштето не го одржувал во уредна состојба без непотребен шут и отпадоци, влезот во зградата не го обезбедил за да не влегуваат неовластени лица, а на скалите не поставил огради за да се спречат несакани падови.

На 12 јануари, во утринските часови, во зградата влегле четворица работници ангажирани од второто обвинето правно лице <span;>кои заедно носеле дел од мебел. Кога пристигнале на четвртиот кат во зградата во градба, еден од работниците со ногата се сопнал од кофа оставена во ходникот, изгубил рамнотежа и паднал во окното – отворот во зградата за лифт се до подрумските простории. Од падот се здобил со многу тешки телесни повреди и починал на лице место.

Со обвинението е опфатено и правното лице кое ги ангажирало работниците и неговиот управител, бидејќи свесно не се придржувале кон законот за работни односи и кон мерките за заштита при работа.

Сега починатиот работник Кристијан Љушев го ангажирале без договор за вработување, во целосно непријавен работен однос. Дозволиле оштетениот да извршува работни задачи како помошник монтер без да помине основна обука за безбедност и здравје при работа, без здравствен преглед и на работникот не му дале упатства за работа во специфични услови за работа и при сериозен и зголемен ризик по безбедноста и здравјето на работниците.

Без увид и проценка на работната средина работниците работеле врз основа на усмен работен налог од управителот во работен простор – зграда во изградба, каде постоела зголемена опасности ризик по нивната безбедност. Со ваквото непридржување на прописите за мерките за заштита обвинетиот го изложил и предизвикал опасност по животот на работникот.

Со цел да спречи статусни промени и отуѓување на имотот на правните лица во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот суд во Охрид достави и предлог за определување мерка за обезбедување – Забрана за статусни промени во двете обвинети фирми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема

Детското игралиште зад Универзалната сала во  Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.

Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема

На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи , поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана.

„Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни“, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема.

„Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите“, рече Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

А1 Македонија со нова припејд понуда

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците Нови двонеделни пакети со неограничени разговори и до пет пати повеќе интернет во постоечките пакети, без промена на нивните цени. 

А1 Македонија со нова припејд понуда

*Активација на eSIM по цена од 49 денари.

– А1 Македонија ја унапредува својата припејд понуда со нови пакети, повеќе мобилен интернет и неограничени национални разговори. Новата понуда им овозможува на корисниците поголем избор во согласност со нивните комуникациски потреби.

Од денес, новите и постоечките А1 припејд корисници имаат на располагање два нови двонеделни пакети. Истовремено, постоечките неделен и месечен пакет вклучуваат значително повеќе интернет, без промена на цените. Новите двонеделни пакети, со важност од 14 дена, вклучуваат:

 Двонеделен пакет S – 5 GB национален интернет и неограничени национални разговори за 199 денари.

 Двонеделен пакет M – 20 GB национален интернет, дополнителни 2 GB интернет во земјите од Западен Балкан и неограничени национални разговори за 299 денари.

Сите нови припејд корисници кои ќе активираат нова А1 SIM картичка од 19 ноември 2026 година ќе добијат автоматска активација на Двонеделниот пакет M по првиот повик со траење од 14 дена.

Активацијата на новите двонеделни пакети е достапна преку SMS, апликацијата Мојот А1 или во продажните места на А1.

Повеќе интернет по истите цени добиваат и корисниците на постоечките неделен и месечен пакет:

 Неделниот пакет вклучува пет пати повеќе интернет, односно 5 GB наместо досегашниот 1 GB, неограничени национални разговори и SMS, за 149 денари, со важност од 7 дена.

 Месечниот пакет XL вклучува 30 GB наместо досегашните 10 GB, неограничен интернет за социјални мрежи и неограничени национални разговори и SMS, за 499 денари, со важност од 30 дена.

Дополнителна поволност е новатацена на А1 Припејд дигитална eSIM картичка од 49 денари, наместо редовните 399 денари, за корисниците кои ќе изберат активација преку www.a1.mk.

Со унапредената припејд понуда, А1 Македонија одговара на растечките потреби на корисниците за мобилен интернет со повеќе вредност, поголема флексибилност и слобода во изборот на услуги без договорна обврска.

Повеќе информации за новата припејд понуда се достапни на www.a1.mk.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер