ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна
СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна
2СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов
3Десет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУ
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
1Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
МакедонијаСДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од МемовЗаклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани. Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во вториот пензиски столб во рок од пет дена. А поминале месеци. Тоа повлекува кривична одговорност која треба да започне од Никола Мемов, директор на Фондот на ПИОМ. СДСМ бара парите веднаш да се префрлат и Јавното обвинителство да постапи и да утврди одговорност. Работниците ги заработиле тие пари. Власта е должна да ги префрли, а одговорните за доцнењето да одговараат. Скопје, 20.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцнаСДС и Филипче ширеа паника за Алта Банка, глумеа загрижени за граѓаните и стабилноста на банкарскиот сектор но дури по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница, а втората дури две недели подоцна од првата.Толку од наводната итност на СДС и Филипче, толку од сериозноста на темата, а уште повеќе толку од сериозноста и посветеноста на опозицијата. СДС и Филипче правеа многу врева, но има многу малку работа и уште помалку одговорност од СДС и Филипче. Филипче и СДС не одговараат за тоа зошто молчеа во 2023 година. Тогаш СДС и ДУИ беа на власт. Тогаш носеа одлуки. Тогаш нивни функционери учествувале во постапки поврзани со влегувањето на државното правобранителство во деловни односи со Алта банка. Зошто СДС и Филипче тогаш молчеа? Дали направиле проверки? Кој ја разгледувал документацијата? Кој дал согласност и врз основа на кои информации? Доколку имале сомнежи, зошто не реагирале тогаш, туку дури сега, кога се во опозиција? Филипче и СДС не можат да избегнуваат одговорност за одлуките од времето кога тие управуваа со државата. Не може СДС во 2023 година да молчи, а денес да држат лекции за одговорност. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВо Јужна Кореја по десет години регистриран првиот случај на колера Јужна Кореја денес пријави прв случај на колера во последните десет години. Здравствените власти ги повикаа жителите да бидат претпазливи, да користат безбедна вода, како и правилно да ја мијат и подготвуваат храната. Корејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека лабораториските анализи ја потврдиле инфекцијата кај лице кое побарало лекарска помош на одделот за итни случаи во болница во пристанишниот град Чангвон, претходно овој месец. Пациентот имал симптоми на повраќање и дијареја; по заздравувањето, во вторникот бил отпуштен од болница. Здравствените власти не го открија неговиот идентитет, но потврдија дека тој не патувал во странство во последните два месеца. Здравствените служби сега работат на утврдување каде лицето се заразило и со кого било во контакт. Тие посветуваат големо внимание на можните извори на заразата за да спречат понатамошно ширење на болеста. Прв случај од 2016 година Јужна Кореја последен пат забележала случај на колера во 2016 година, кога здравствените власти идентификувале три инфекции за кои постоело сомневање дека се поврзани со консумирање контаминирани морски плодови. Значително поголема епидемија се случила во 2001 година, при што биле погодени најмалку 162 лица. Досега, здравствените власти немаат објавено информации кои укажуваат на понатамошно ширење на инфекцијата по овој најнов случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook