СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов
Десет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУ
1СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов
2Десет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУ
3МВР: Апел до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
1Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ЗдравјеВо Јужна Кореја по десет години регистриран првиот случај на колера Јужна Кореја денес пријави прв случај на колера во последните десет години. Здравствените власти ги повикаа жителите да бидат претпазливи, да користат безбедна вода, како и правилно да ја мијат и подготвуваат храната. Корејската агенција за контрола и превенција на болести соопшти дека лабораториските анализи ја потврдиле инфекцијата кај лице кое побарало лекарска помош на одделот за итни случаи во болница во пристанишниот град Чангвон, претходно овој месец. Пациентот имал симптоми на повраќање и дијареја; по заздравувањето, во вторникот бил отпуштен од болница. Здравствените власти не го открија неговиот идентитет, но потврдија дека тој не патувал во странство во последните два месеца. Здравствените служби сега работат на утврдување каде лицето се заразило и со кого било во контакт. Тие посветуваат големо внимание на можните извори на заразата за да спречат понатамошно ширење на болеста. Прв случај од 2016 година Јужна Кореја последен пат забележала случај на колера во 2016 година, кога здравствените власти идентификувале три инфекции за кои постоело сомневање дека се поврзани со консумирање контаминирани морски плодови. Значително поголема епидемија се случила во 2001 година, при што биле погодени најмалку 162 лица. Досега, здравствените власти немаат објавено информации кои укажуваат на понатамошно ширење на инфекцијата по овој најнов случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од МемовЗаклучно со 31 октомври, 51 милион евра од пензиските придонеси на граѓаните криминалната власт на Мицкоски не ги непрефрлила во вториот пензиски столб. Тоа се пари што работниците секој месец ги издвојуваат од своите плати за сигурна и достоинствена пензија. Арамиската власт на Мицкоски ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани. Институциите, Фондот на ПИОМ имаат законска обврска да ги префрлат придонесите во вториот пензиски столб во рок од пет дена. А поминале месеци. Тоа повлекува кривична одговорност која треба да започне од Никола Мемов, директор на Фондот на ПИОМ. СДСМ бара парите веднаш да се префрлат и Јавното обвинителство да постапи и да утврди одговорност. Работниците ги заработиле тие пари. Власта е должна да ги префрли, а одговорните за доцнењето да одговараат. Скопје, 20.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДесет години по Брегзит,Британскиот премиер денес пристигнува во Брисел, повторно се зборува за пристапување кон ЕУНајвисоките претставници на Европската Унија денеска во Брисел ќе се сретнат со британскиот премиер Енди Барнам, во обид да ги подобрат односите десет години по референдумот на кој Велика Британија гласаше за напуштање на Унијата, пренесе ДПА.Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Барнам се очекува да постигнат договор за олеснување на правилата за престој на млади лица во странство, како и за намалување на дел од административните пречки воведени со Брегзит. Ова е втора средба на највисоко ниво меѓу Велика Британија и ЕУ откако земјата формално ја напушти Унијата во 2020 година. Средбата се одржува во период кога Барнам, кој ја презеде премиерската функција во јули, отвори дебата за можноста Велика Британија повторно да ѝ се приклучи на ЕУ. Барнам планираше пред самитот да ги претстави можностите за идните односи на неговата земја со Унијата, но во меѓувреме го одложи тој рок. Поранешниот британски министер за одбрана, Дејвид Лами, предложи враќањето во ЕУ да биде една од клучните точки на изборната програма за следните парламентарни избори што мора да се одржат најдоцна до 2029 година. Сепак, враќањето на Велика Британија во Унијата во блиска иднина се смета за многу малку веројатно. Преговорите за членство во ЕУ можат да траат со децении и бараат едногласна поддршка од сите сегашни земји-членки. Во самата Велика Британија, Брегзит не успеа да ги надмине длабоките општествени поделби, а многумина денес го сметаат за еден од факторите што придонеле за економскиот пад на земјата. Тагови: Велика Британија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter